„ВИРТУЕЛНА" (ВЕШТАЧКА) РЕАЛНОСТ

Читањето на роман ја помага самостојната игра на мечта. Без таа храна, фантазијата се исцрпува. Уште посилно на мечтаењето влијае, посебно на детското, акустичкото доживување. Кому не му е познато воодушевувањето на децата „со страшни приказни", што тие, тресејќи се од страв, се подготвени неограничено да ги слушаат!
Еве, старица-дадилка раскажува такви приказни на дете кое уште не умее ниту да чита (на Иљуш Обломов од познатиот роман на Гончаров).
„Детето, зафатено од таинствениот ужас, се прилепуваше до неа со солзи во очите. Било да се работеше за мртовците кои на полноќ станувале од гробовите или за жртвите кои се мачеле во заробеништво кај чудовиштето, било за мечката со дрвена нога... косата на детето се креваше на главата од ужасот; детската мечта час се скаменуваше, час пламнуваше; тоа преживуваше мачен, слатко-болен стрес; нервите му беа напнати како жици..." Резултатот од воодушевувањата од страшните приказни е таков: „мечта на детето се исполнила со страшни привиденија: трепетот и немирот се вселиле во неговата душа за подолго време, можеби засеко¬гаш. Тој тажно се обѕрнува околу себе и постојано во животот гледа штета и несреќа..."
Детската душа уште посилно ја потресува визуелното доживување на страшните работи (посебно видени на телевизијата); следната фаза е учеството во замислени случувања. Како е тоа можно? Во фантазијата? Не само во неа. Низ компјутерските игри? Да.
Замислете дека сонувачот добил можност да го гледа и вистински да го чувствува, со сите сетивни органи, она за што фантазира. Треба само да се приклучи на одредени предаватели, да со спои со машината и да си одбере копче. Ако сака да го почувствува ужасот од кој се замрзнува душата, да се крие од чудовишта, од оживеани мртовци итн. - тој само ќе го притисне копчето „ужас". Ако му се присака да љуби и да биде љубен - ќе притисне на „љубов", или, пак, на „секс" (којшто денес се повеќе се поистоветува со „љубов"). Ако посака да учествува во историски случувања? Во кои? Повели во - „Крстоносните војни", во „Вартоломејската ноќ", во „Ватерло...?" Ако посака да постане „бог"? - Само ќе го притисне копчето и, создава нови светови, ги уништува старите...
Токму до тоа доведува новата компјутерска забава - нурнување во „виртуелната (вештачката) реалност" на компјутерските симулации и „игри". Со нејзина „помош" сонувачот може да доживее разни чувства што му се непристапни или му се забранети во реалниот живот. Зошто би се бореле со страстите кога е толку лесно и пријатно, скриено и неказниво да се „препуштиме" во „виртуелната реалност"? Зошто да си го скратуваме уживањето што ни е пристапно и „безбедно", далеку од очите на сите?...
Кон „виртуелната реалност" пристап добиле и нашите деца преку интернетот и преку разните видови компјутерски „игри". Мора да се каже дека овде се заканува страшна опасност за нивните души. Во книгата „Бројот на ѕверовите" јеромонахот Анатолиј (Берестов) наведува вакви податоци: „Според проценка на јапонските научници, до 2000 година, обемот на продажба на нови технологии поврзани со светот на вештачката реалност изнесува 10 трилиони јени, што предизвикува вистинска револуција, како нуклеарна, космичка, информативна, сексуална". Може да се претпостави дека новата „забава" на нуркање во „виртуелната реалност" многу брзо ќе предизвика масовна духовна пропаст за поголем дел од човештвото.
Лажноста на „виртуелната реалност" потполно го вовлекува човекот во светот на фиктивни, ама на задоволства и страсти што дејствуваат. Таа, освен тоа, им дава можност на креаторите на компјутерските програми потполно, но на еден незабележителен начин, да управуваат со психата на човекот, да го програмираат неговото однесување, начинот на животот и мислењето, делувајќи на потсвесно ниво врз неговата душа.
Кој ќе ја искористи таа можност потполно да завладее со човечката душа?

(Продолжува)

Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

Прот. Александар Дубњин - ДЕТЕТО ВО СВЕТОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА И НА КОМПЈУТЕРИТЕ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Господин Тимотеј
Православен Митрополит Дебарско - Кичевски и Плаошко – Струшки

Друго: