Zlatko2.jpg

„ПРОСВЕТИТЕЛ" НА НАШИТЕ ДЕЦА

Каде може денешното дете да види убиство и силување, распарчување на мртво тело и порнографски сцени? Каде тоа ќе дознае што е тоа „садист" или „перверзник"? Каде тоа, најпосле, ќе види покојник кој излегол од гробот, застрашувачки монструм, лош дух? Природно, преку телевизијата.
Со такви сцени и „јунаци" се преполни американските и филмовите од западот, во кои, покрај слабиот протест на родителите или во нивно отсуство, или, пак, заедно со нив, уживаат нашите деца и нашите адолесценти.
Судбините на нивните помлади браќа и сестри засега се „цртачки". Неколку генерации на деца веќе израснале покрај цртаните филмови. За некои деца, само пред околу триесетина години, омилен цртан филм бил: „Руменото цветче", за други - „Калимеро". Денешните деца гледаат цртани филмови што, според својата суровост, повеќе личат на акциони филмови или на трилери.
Во една статија од педагогијата се прави интересно споредување на некогашните јунаци од цртаните филмови со сегашните: нинџажелките со Калимеро и со неговите пријатели. Ако за Калимеро може да се каже дека наликува на мило наивно дете, за нинџа-желктите побрзо може да се каже дека тие се „жестоки момчиња", кои, заведувајќи ред и воспоставувајќи правда, ги претепуваат противниците налево и надесно, тие не потсетуваат на детска група, туку на банда од момчиња. Ако наивностите на Калимеро и на неговите пријатели и понатаму остануваат детски наивности, а и самите се од светлиот и на детето пријателски свет, за нинџа-желките може да се каже дека живеат и делуваат во сосема друг свет, во мрачен и страшен, во канализациите на урбанизираните гетоа, каде што една рака јунаци се спротивставува на глутница зло...
Надвор од секакво сомнение е дека запознавањето со таквите јунаци на детето ќе му помогне побрзо да се „адаптира" и да навлезе во светот на јунаците од акционите филмови и на трилерите, во светот „на возрасните" - манијаците - убијци, летечките супермени и вампирите.
Вампирите (еден цртан филм и така се вика: „Вампирче"), чудовиштата, привиденијата, вонземјаните од космосот (всушност, лошите духови) телевизиските екрани навлегуваат во светот на нашите бедни деца, коишто, честопати, не се заштитени со ништо. Изобилието на страшните сцени, на крајот на краиштата, го прави детето да ја изгуби својата острина, а потоа, веќе и самото сака да испроба нови, уште посилни чувства. Токму така кај човекот делува страста: таа бара нова храна, барајќи се повеќе и повеќе. И еве, детето повеќе не го плашат и не го трогнуваат распарчената утроба на некого и растргнатите тела. Тоа веќе е доказ за длабоката расипаност на детската психа.
Прво, во текот на стадиумот на „цртани", постепено, но сигурно се развива нервозата. Бидејќи детето, за разлика од возрасниот, се уште не ја разликува јасната фикција од реалноста, тоа искрено и бурно реагира на драматичната, анимирана, филмска претстава или на телевизиската емисија како на нешто што е потполно вистинско.
Не е случајно тоа што лекарите-психијатри ги замолуваат родителите да одговорат на прашалникот што претставува главна причина за стравот на детето, а овие често одговараат: „цртаните филмови".

 

(Продолжува)

Korica.Detetovosvetotnatv.jpg

Прот. Александар Дубњин - ДЕТЕТО ВО СВЕТОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈАТА И НА КОМПЈУТЕРИТЕ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Господин Тимотеј
Православен Митрополит Дебарско - Кичевски и Плаошко – Струшки

Друго: