o.tadej4.jpgКако да се остави пушењето?

Човек треба три дена да јаде само јаболки и ништо друго. Четвртиот ден организмот не поднесува никотин. Јаболкото го прочистува организмот. Треба да се има цврста воља, да не се зема цигара во рака, па и да е од злато, а не (како што е ) од смрдлива трева.

Како да се контролираат  емоциите и нервозата?

Треба да се чува мирот на срцето, да се обрне внимание на срцето: да биде во него мир и тишина, а не да се обрнува внимание на околностите во кои се живее, бидејќи со тоа се вплеткуваме во негативната енергија (околу нас). Тоа е затоа што ние сме, така да се рече, (мисловен) апарат, приемна и отприемна радио – станица. И штом ќе се вклучиме во негативната енергија нашата радио станица е готова. Немаме мир и спокој, и сами на себеси си создаваме непријатности.

Многу треба да се трпи и многу да се простува

Треба по секоја цена да се сочува мирот во срцето и (мисловниот) мир на семејството. Затоа многу треба да се трпи и многу да се простува. Без тоа нема напредок во животот.

 Поуки за разни прашања

Кажете ни нешто за славите? Ние сме една женска гранка, па мајка ми слави три слави, јас четири, мојата ќерка четири....

Не е тоа грев. Јас бев во Влашкиот Дол, каде што еден човек слави четири слави.

Еден човек си ја славел својата слава, а кога дошол кај жената во нејзината куќа, не сакал нејзината слава да ја слави, ниту да прима свештеник (на денот на нејзината слава). Тоа е грев, се ќе му отиде за кратко време, богатството брзо ќе му помине.

Оболев, од тумор на дојката, дали можам да се извлечам без операција?

Мораш да водиш сметка за храната, бидејќи од храната се добива малигнен тумор. Храната е отровна и цела маснотија (од таа храна) делува на создавање на тој малигнен тумор. Ако човекот јаде здрава храна, а не отровна, тогаш тоа самиот организам го исфрла.

Имам внуче од пет години и сеуште мокри во кревет?

 Рубенс Бројс вели дека оние деца кои мократ треба да пијат чај од ајдучка трева и дека треба на детето да му се врзе топка на грбот, за да не лежи на него ( на грбот), туку странично.

 Јас и мојата сестра сме вегетеријанци, а сега на неа и недостига железо, што да јадеме?

Коприва има многу, во неа  има железо. Пиј чај од капини.

Јас сакам да зборувам за Бога. Кога луѓето зборуваат за своите проблеми, јас им зборувам дека треба да се молат на Бога.

Па, кој ти рекол да зборуваш? Ако бараат, зборувај, ако не бараат – ќути.

 

 

Подготви: Сузана Стефановска 

 Друго:

Посети:{moshits}