Една стара и многу корисна книга не советува често со умот да се спуштаме во длабочината на пеколот, како би низ тоа размислување, се воздигнеме на небото. Еве што пишува во таа книга: „Сите луѓе кои живеат на сите страни на Земјата и овој свет со умот нека слегнат таму каде што е пеколот додека се во животот, за да не би се слегле во пеколот откако ќе умрат. Ако од се срце сакаш да се искачиш на небото, најнапред слези во пеколот“.
Да видиме најнапред што ни сведочи Светото Писмо за тоа што е пеколот и колку видови маки опфаќа.

Пеколот е место на маки и осуди. А во поглед на на видот и разновидноста на маките кои се во пеколот, исто од Светото Писмо може да се сознае дека во пеколот има незгаслив оган и црв кој не спие според зборови: „Каде црвот нивни не умира и оганот не гаси (Мк 9,44-48).

Во пеколот е вечна казната и вечен е оганот, според зборовите на Писмото, кое вели: „ Ако раката или ногата твоја те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; подобро да влезеш во вечниот живот сакат отколку да имаш две раце или две нозе, а да те фрлат во вечниот оган“(Мт 18, 8).

Во пеколот страдаат и душата и телото. Во пеколот има оган и сулфур (Отк. 20,10); огонот е незгаслив, а црвот не спие, според пророкот кој вели:„ И ќе излегуваат и ќе гледаат мртви тела на оние кои ги прекршија заповедите Мои; бидејќи нивниот црв нема да умре и нивниот оган нема да згасне и ќе биде гад на секое тело“(Исаија 66, 24).

Во пеколот е оган кои спржува (Ев. 10,27); вечна печка, плач и шкртање со забите (Мт. 13,50); пекол огнен (Мт. 5,22; 10,28; 18,9); тартар т.е. неподнослива ладнотија и мраз (2Пет. 2,4; Јуда 1,6; Јов. 10, 21-22; Јн 12, 35-36; Рим 13, 12); неподнослива смрдеа (Исаија 34,3; Јн 11,39); плач, според зборовите кои велат:„ Тешко вам кои сега се смеете, бидејќи ќе заплачете и заридате“ (Лк 6,25). Во пеколот е неподнослива глад, според напишаното: Ќе огладнат како кучиња (Пс 58,15) и : Народот ќе има оган за храна; никој нема да се сожали над својот брат, ќе граба од десната страна, па повторно ќе биде гладен, и ќе јаде од левата страна, па повторно нема да се насити; секој ќе јаде месо од своите мускули (Исаија 9,19). Во пеколот е незгаслив оган и црвот кој не спие, како што покажува и Писмото: Платата на неверникот се огнот и црвот.

За тој оган и црв Спасителот рекол: „ Каде црвот нивни не умира, и огнот не гаси (Мк 9,44)“. Свети Васили Велики го кажува за тие црви следново: „Во пеколот ќе има неколку видови отровни црви кои ги јадат телата и јадејќи не се заситуваат и никогаш не ја наполнуваат својата утроба и на човекот му предизвикуваат неподносливи маки, осбено кога јадат“ (Толкувања, стр. 33).

Во пеколот е очај, како што пишува во Откровението: „Нема веќе да има време за спасување“ (Отк. 10, 7), бидејќи за непокајните и неподготвените се затвориле вратите на сомилоста на Бога (Мт 15,10). Во пеколот е вечност т.е. неограничена мака. Вечноста на маките во пеколот ги прикажа и свети пророк Еремија: „ Во погибијата вечна ќе бидеш, вели Господ“.

Вечноста на маките во пеколот ги покажал и Самиот Господ и Спасител Исус Христос, кога рекол:„ Одете од Мене проклети, во вечниот оган кој е подготвен за ѓаволот и неговите ангели“(Мт 25, 41-46).
Што е пеколот како таков?

Еден голем учител на Црквата Христова рекол: „ Пеколот е земја на вечната смрт, царство на ѓаволот, чија врата е очајот. Прозорците негови се темнината; трпезата – усмртеноста и неподносливата смрдеа; храна е гладот; пиење е жедта; цасовник е плачта; простор е огнот“.

Пеколот е горка земја полна со јад, стенкање и непрекинат палч и бескрајни маки. Пеколот е ужасна земја од чија страна мораме секогаш да бегаме. Пеколот е земја на растаженоста, земја на огорченоста, заборавот и непрестајната немаштија. Пеколот е место на бездниот оган, постоја носител на смртта во кој огнот никогаш не згаснува. Пеколот е ладнотија и нечуен мраз кој со својата брзина продира низ сите коски на луѓето кои таму се мачат.
Пеколот е темнина која е опиплива, непрестајно тепање во кое чеканите на ѓаволите непрестајно ги удираат оние кои се осудени заедно со нив. Пеколот е трепет и неискажан ужас пред гледањето на лицата на страшните ѓаволи и при слушањето на звукот на огнените зверови кои пливаат во пламените јазици на пеколот како риби во водата. Пеколот е место на потполната безнадеж во поглед на подобрувањето и избавувањето.
Пеколот е збир на сите неискажливи и неподносливи маки и недостаток на сите добра и радости.

Подготви: дипл. теолог Александар Ивановски
(извадок од книгата „Терапија на душата според Светите Отци)

Друго:

(Продолжува)

{moshits}