Треба да одиме на Литургија, дури и ако стоеме на неa како трупци. Некој ќе рече: "Јас не сум онаков каков  што би требало  да бидам, не разбирам ништо таму, не можам да се сконцентрирам". А  ти  отиди каков и да си. Еден старец кажа: "Кога ќе влезеш во парфимерија и  излезеш, облеката ќе ти мириса, дури и ако тоа нема да  го сакаш, дури и ако ништо не купиш." Тој кажа  дека истото се случува кога  одиш на Литургија.

Можеби не си можел  да сториш  ништо духовно, но веќе е нешто и тоа што си  отишол, што си стоел таму како трупец. Затоа, кажи си себеси: "Одам таков  како што сум - неизделкан трупец. Зашто,  Бог може да обработи и  неизделкан трупец. "

Митрополит Лимасолски Атанасиј

12ти февруари 2019 лето Господово

 

Извор:

ФБ профил на Свети грчки старци - Порфирије, Пајсије, Јаков - Sveti grčki starci

 

Друго:

Митрополит Лимасолски Атанасиј: Бог никогаш не го турка човекот...

Митрополит Лимасолски Атанасиј - Да се види Бог во лицето на другиот