Болест на овој век – депресија


Ритамот  на  совремниот  живот  како  и  научно-техничкиот  прогрес  и   напредната глобализација, длабоко влијаат врз човековиот егзистенцијален живот.  Човекот  постанува  заробеник  во  свет,  којшто  е  само  материјално  поткрепен, а духовното се загушило, при што човекот е оболен од таквиот живот. Поради здравјето сите напори ги вложува во испитување на болестите и пронаоѓање лек за нив. Сепак, сите болести, разочарувања и реки од негативни  мисли, го наведуваат човекот на двобој со најголемата болест на нашето време – депресија.


Што е депресијата?
Депресијата  е  тешка  психо-физичка  болест,  која  ги  вклучува целото  тело,  расположението  и  мислите,  а  се  одликува  со  многу  симптоми, и тоа: лошо расположение, забавено мислење, проблеми со концентрација, лош апетит, чувство на помала вредност, па дури и суицидни мисли. Ова страдање му е познато на човештвото од памтивек, од времето на паѓањето во гревот. Уште Хипокрит опишувал слична психичка состојба, која се нарекувала „меланхолија“. Во Светото Писмо, на страниците на Стариот Завет може да се спомене и царот Саул, кому олеснување од тагата му носеле Давидовите пслами. Денес, депресијата е голема закана за човештвото, затоа што сѐ поголем е бројот на оние што боледуваат од неа. Сѐ почести се гласините како некој страда од психички заболувања, а уште позастрашувачки е што од ден на ден сè  повеќе се зголемува бројот на оние коишто се заболени.

Статистиката покажува дека депресивните растројства секоја година се покачуваат од 3 до 7%. Повеќе години наназад СЗО предупредува дека до 2020 година депресијата ќе се искачи на неславното високо второ место на скалата на заболувања според бројот на луѓе засегнати од нив и онеспособени за секојдневни активности и радости, веднаш по кардиоваскуларните заболувања. Жените се разболуваат двапати повеќе од мажите (8 до 12% наспроти 20 до 26%). Причината најверојатно не е во „имунитетот“ на посилната половина на човештвото во однос на депресијата, туку во тоа што мажите многу поретко од жените се обраќаат за лекарска помош и претпочитаат да ја задушат со алкохол, самите си препишуваат лекови, се задлабочат во работа итн. Не толку одамна врвот на депресивните  заболувања беше на возраст меѓу 30 и 40 години, но денес депресијата нагло „се подмлади“, па ги погодува луѓето до 25 години. Сè почесто таа е закана за младите од ова наше време. Во голема мера, адолесцентите се  жртвата  на  ова  заболување  и  нивното  повлекување,  отсутност, загриженост и тага, е големо самоуништување и, но повредување на другите. Затоа ова заболување е крик и за детската душа.


Кои се причините за депресијата?
Како  причини  за  заболување  од  депресија  можат  да  се  вклучат сите  внатрешни  и  надворешни  фактори.  Внатрешни  се:  очајание, стрес,  безживотност,  потиштеност, меланхолија,  но  тука  се  и надворешните  фактори,  коишто се  и  најголемите  причинители,  а тие  се:  загуба  на  работното  место, лишување  од  своите  замислени цели,  прекумерно  поминување  време  на  социјалните  мрежи,  смрт  на личности, конфликти, значителни промени во животот, сериозни  болести, прифаќање на секаков порок итн.

Општо за човекот, најголема причина за заболување од депресијата   првенствено е гревот, односно високоумието за самите себе. Гордоста е првиот и најголем порок на човековата душа. Таа дури може да се нарече  и родител на останатите гревови, коишто произлегуваат од неа. Гордоста во најголема мера е причина за депресивните растројства. Друг битен фактор за настанување на депресијата е изложеноста на хроничен стрес, којшто ја менува функцијата на мозокот, така што многу депресии можат да се објаснат со акумулација на штетното дејствување на стресот. Дури и самата депресија може да се јави како симптом на некои болести или
пореметувања. Сепак, сите симптоми на депресија сѐ уште не се сосема јасни.   

Од сите истражувањата и испитувања, константирани се повеќе од  60  видови  депресија.  Кога  би  се  направила  систематизација  на депресивните растројства, тогаш може да се каже дека се разликуваат соматогени, психогени и ендогени депресии. Соматогените депресии се манифестираат како психички нарушувања поради некое соматско заболување. Психогените депресии настануваат на „нервна основа“, како  
резултат на нервни потреси и конфликти (надворешни и внатрешени или душевни). Ендогените депресии се развиваат „природно“. Овој вид на депресија се карактеризира со груба дезорганизација на личноста поради издвојување од реалниот свет; сезонско застранување (напролет и наесен се влошува самочувството) како и поизразено влошување на психичката состојба во утринските часови. Постои уште еден вид депресии и тоа скриени (маскирани). Се пројавуваат како различни телесни слабости (болки во срцето или желудникот, главоболки итн.). Во  овој случај депресијата не е проследена со телесни болки, туку самите болки се, всушност, пројава на депресијата. Од сето ова, слободно може да се даде одговор на прашањето: како влијае депресијата врз здравјето
на човекот?


Како се лекува?
Човекот   од  овој век не посакува и  понатаму  таквата  (депресивна) состојба  да  биде  причина  за  неговиот  растажен живот.   Иако   е  потребен  временски  период,  сепак,  од  особена важност е и волјата на пациентот  да  се  излекува.  Па така,  депресивните  растројства  се  лекуваат  претежно  со  антидепресиви.  Психогените депресии се проблем на личноста и се лекуваат првенствено со духовни и  психолошки  средства.  Медицината  во  голема  мера  ја  проучила депресијата и дала антидепресиви (лекови) за лекување на болниот, но  зарем  душата  на  напатениот  човек  се  лекува  со  хемиски  лек?
Антидепрнесивите од голема мера му помагаат на болниот, но потребна е особна внимателност, затоа што тие лекови, тие хемиски соеднинија, можат да создадат негативно дејство при лекувањето.  Затоа,  од  голема  важност  при  лекувањето  е  и  консултацијата на болниот со духовен отец. За православниот човек ова значи борба со  страстите  и  приближување  кон  Христос  со  трпение,  смирение, незлобливост и љубов.                        

Како  продолжение  на  претходните  препораки  во  лекувањето  на  депресијата, се вклучуваат и светите отци, кои отсекогаш на световниот  човек му нуделе помош од Најголемиот Лекар – Бог.

Архимандритот  Јован Крестијанки вели: „... Мора добро да знаеме дека Бог е Љубов и Добрина, и сѐ ни се дава од Него за наша полза. А самиот начин на кој  го прави тоа Господ не треба да го проучуваме и не треба да очајуваме, и да роптаме кога не можеме да сфатиме што се случува. Токму во  вакви околности човек го покажува подвигот на верата и се овенчува со  спасение“.

Што ли поучува овој Старец? Постојано треба да имаме во  разумот дека сѐ доаѓа од Бог за наше спасение. Иако, некогаш тоа ни  изгледа нелогично или спротивно на нашата волја, сепак, не треба да заборавиме дека Бог е Љубов и дека Бог од љубов прави сѐ, за ние да го достигнеме своето лично спасение. Не е наша должност да испитуваме: зошто Бог така постапува кон нас или каква е волјата на Бог? Секогаш кога  се ставаме во позиција на Бог, ние грешиеме од причина што, ние сме огревовени, релативни, повредени од гревот. Наше е да се надеваме на Бог и никогаш да не очајуваме. Бог нѐ не заборава, иако во нашите очи  (тоа) така изгледа. Нужно е човекот да се обрати кај духовен отец, којшто  ќе сострадува со него, а воедно и ќе дозволи неговото срце да биде излечено со Божјата благодат, што слегла врз тој отец. Преку укажаната помош од страна на духовниот отец, човекот, како што ја лекува својата физичка состојба, така ја лекува и својата болна душа. Потоците од солзи  и длабоката исповед се плодот на лекувањето, а преку соединувањето  со Христос, односно причестувањето со Неговите Тело и Крв, човекот  Му дозволува на Бог да се всели во неговото срце, а тој да се овенча со венец на вечноста.       
Господи, исцели ја мојата душа!


Користена литература:
Дмитриј Александрович Авдеев, Униние и депресија;
Игумен Евмениј, Пастирска помош на душевно болни;
https://www.google.com/amp/s/365.com.mk/204622/shto-e-depresija-
bolest-ili-sostojba-na-umot/amp
http://exclusive.mk/articles/10921/depresijata-e-bolest-na-21-vek
https://pravoslavie.mk/starec-profirij-depresija/


Ангел Василковски

Извор: МЛАД БОГОСЛОВ

13-ти јуни 2018 лето Господово