mother_child_drawing_LG

Мамо, не прави го тоа

Во приградската црква каде служеше мојот духовен отец, а каде во неделите одев на Литургија, во една прилика не можев а да не приметам, една прилично слаба жена како цврсто го држеше своето детенце на градите, додека пак нејзините поголеми дечиња ја држеа за здолништето. И додека зјапав во нив, сиромавите, срцето ми се кинеше. Се запознавме, се викаше Татјана.
Таа и нејзиниот сопруг имале две деца. Кога останала бремена со третото дете, мажот и и’ рекол: одбери – мене или бебето! Таа го одбрала мажот, притоа резонирајќи – како таа сама воопшто може да одгледа и израсне три деца. Решила да абортира. Но иако не била верник, чувствувала дека тоа не е добро.
Во текот на процедурата, додека била под анесетезија, почувствувала како со неверојатна брзина лета со количката кон болничката соба. И додека количката, штракајќи низ фугите на поплочениот под предизвикуваше огромна бука – продолжи Татјана, ненадејно го чув гласот на моето неродено дете: Мамо, не прави го тоа! Немој да ме убиеш! Сакам да живеам!
– Можете ли да го замислите тоа?
Во полусон совеста ми проговори, наеднаш се’ разбрав – продолжуваше таа, и почнав да викам, но очигледно никој не ме слушна.
Чедоморството е извршено, количката во која се возев конечно се преврте и паднав во некаква густа течност. Погледнав околу себе и видов дека се наоѓам во езеро од крв. Се обидов да пливам и тогаш гледајќи кон брегот здогледав демони.
Наша си! Очигледно беше дека сум во пеколот. Се обидов да излезам од езерото, да отпливам наспроти нив, ама немав сила. На крајот се фатив за нешто и се извлеков на брегот, далеку од демоните. А за сето тоа време го слушав плачот на моето неродено дете.
Три дена подоцна Татјана дошла при свест во шок собата, загубила 17 килограми и се уште крварела.
– Неговиот глас постојано ми беше во ушите – раскажуваше Татјана. И ми кажа дека набргу потоа отишла да побара совет од соседката која често зборувала за Бога со љубов иста како онаа кон сопствените чеда. И ја раскажала состојбата во која се нашла, и дека не се чувствува воопшто добро.
– Не знам што да правам – и кажала Татјана, а соседката одговорила – треба да се исповедаш без размислање. Татјана отишла во црквата и го замолила свештеникот да ја причести, но тој и рекол: Само момент чедо мое. Дали правилно се подготви? Дали се исповедаше? Како тоа мислите – подготвена, одговорила таа.
Мораш да постиш, да се сетиш на своите гревови и да се молиш.

– Јас сум жена, чесна жена, се трудам да не правам грешки! Плачев. На крајот на свештеникот му ја раскажав приказната.
Татјана потоа постела, иако и денес изгледа како човек пред смрт, и се исповедала. И дури откако ја примила Светата Тајна престанала да го слуша детскиот глас. Се било во ред, но после половина година таа повторно забременила. Нејзиниот маж повторно и го поставил истиот ултиматум. Но овојпат Татјана рекла: Не, доста, нема да абортирам. Нејзиниот маж ја оставил, а Татјана сега е сама со три деца. По Божја милост се снаоѓа, сите и помагаат. Слава му на Господа за се!

З. Г.

Извор: Прохор Блог

http://www.prohor.org/%D0%BC%D0%B0%D0%BC%D0%BE-%D0%BD%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8-%D0%B3%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D0%B0/