o.tadej1.jpgМалку вера имаме во Господ, малку доверба. Кога би имале  (во Господ) толку доверба колку што имаме во својот пријател кога ќе го замолиме нешто да не услужи, кога би имале само толку доверба, не би страдале толку ни ние ни нашата држава. Мислениот хаос кај нас и во нашата држава доаѓа од нашите мисли. Ние сме тие кои создаваме дисхармонија во мислите, и кога нашите политичари би биле истомисленици, не би била ваква состојбата. И не сме свесни дека во нас е Боженствената енергија, дека Боженствениот живот е во нас. Секој човек, како носител на Боженствената енергија, кога ќе се соедини со останатите, создава огромна енергија и непријателот бега од тоа, бидејки тука има хармонија, а таму дисхармонија. Кога нашите политичари (мисловно) ќе се соединат, ние не би имале непријатели, тогаш на непријателот нема да му вреди ниту оружјето, ниту војската, ништо.

             
Зошто и како да ги сакаме своите непријатели

 Ние сме созданија од Господ дарувани, но не умееме да живееме како што треба, и создаваме пекол околу себе. Владиката Николај раскажуваше како еден свештеник постојано бараше преместување во друго место. На тоа негово барање владика Николај одговорил: "Оче, со драга воља би те преместил каде и да сакаш, но само кога ти таму не би се понел самиот себеси." Владиката Николај уште вели: "Ако човек сам себеси не си наштети, не може ни самиот демон (да му наштети)."

Владиката Николај уште вели: "Ако човек сам себеси не си наштети, не може ни самиот демон (да му наштети)."
Нам Господ се ни дарил и до нас е да бидеме добри. Доколку обрнуваме внимание на негативните особини на луѓето кои ни се обраќаат, не можеме да имаме мир и покајание. Зошто Господ наредува непријателите свои да ги љубиме? Не е тоа заради нив, туку заради нас. Се додека ние ја задржуваме во себе мислата за навредата која ни ја нанеле непријателите, пријателите, своите родени и ближните, ние немаме ни мир ни спокој, и живееме во пеколна состојба. Треба да се ослободиме од тоа зло, да го исфрлиме како ништо да не било, да се прости се.
o.tadej2.jpg
Многу внимание и многу љубов – друг начин нема
  
Токму заради тоа родителите мораат многу да трпат во животот и во семејството со децата. Ние сега ги прекоруваме своите деца, а немаме право, бидејки не сме ги упатиле на прав пат. Една лекарка ми пишуваше писмо во кое вели: " Маж ми, кој исто така е лекар, и јас  имаме еден син. Синот веќе три автомобили уништи, фала му на Бога што остана жив! Сега бара повторно да му купим автомобил, а ние не сме во материјална можност. Кога ќе си дојдеме од работа, тој од мене и од татко му насилно бара пари. Што да правам, како да го решам тој проблем? " Јас, на сето тоа, и реков дека тие никого не може да обвинуваат за тоа, бидејќи сето тоа е нивна вина. Имаат еден син и му чинеле се по воља, уште од мали нозе. Додека бил мал, имал мали побарувања, сега е поголем и побарувањата се поголеми. Единствено што сега им преостанува е да му посветат многу љубов и внимание на својот син, како би си дошол на себеси и би сфатил дека родителите му посакуваат се најдобро. Друг начин нема. Гледате како ние со своите мисли и желби можеме да го поправиме својот живот, и животот на своите ближни, па ви посакувам да бидете такви.

                 

За мислите

Уште како дете многу мислев за се. Уште како дете обрнував внимание на мислите, а гледам дека сега остарев и дека уште не сум го достигнал тој степен кој го имав достигнато уште како дете, бидејќи Господ Самиот ги просветлува децата. Уште додека бев мал, ни во школо не бев пошол, а забележав дека моите мисли лутаат додека другите деца си играа. Тоа не е добро, си велев себеси, морам да бидам тука присутен со мислите, сконцентриран само на таа работа, но залудно, мислите постојано ми бегаа. Како дете размислував за сето тоа, и сега гледам, остарев, а сеуште не го имам достигнато тој степен. Поради тоа сакав да видам како се чувствувале Светите Отци, кои за време на животот биле прославени од Црквата, а подоцна и на Небото.

Помири се сам со себе, па со тебе ќе се помири и Небото и земјата 

Фала му на Бога што бев со Русите, па можев да ги читам делата на Светите Отци. Свети Исаак Сирин е неизмерен психолог помеѓу Светите Отци. Во неговите списи пишува: "Човеку, немој да го даваш својот внатрешен мир за ништо на овој свет. По секоја цена сочувај го својот внатрешен мир. Измири се сам со себе, па потоа со тебе ќе се измири и Небото и земјата". Гледате какви длабоки мисли се тоа, многу пати тоа го повторувам но не можев ни до денес да го достигнам тој степен. 

Состојба на неискажан мир и радост

Веќе подолго време доага едно младо момче од Бањалука кој се занимава со Исусовата Молитва. И неодамна, еден свој другар, кој е оженет и има деца, го имал научено и тој да се моли со Исусовата молитва. Се зачудив кога неговиот другар дојде и кажа како срцето постојано му се моли и дека молитвата постојано си тече. Овој младич беше така облеан со радост, полн со неискажан мир. Тој се предал себеси и својата жена и децата на Бога, и добил бесплатна благодат. Пријателот кој му кажал (за Исусовата Молитва) ја немаше добиено таа благодат, иако, тој од него, подолго време се молеше. Значи Господ гледа на нашето срце, и кога му се обраќаме од срце Господ веднаш ќе не утеши. Само тие кои ја добиле таа бесплатна благодат, може да знаат каква била состојбата на Ангелите и на Светите. Другите тоа не можат да го знаат. Ние се молиме на Бога и сето тоа е добро, се трудиме, но ако некој је нема добиено таа бесплатна благодат не е во можност да ја сфати состојбата на Ангелите и на Светите, бидејќи тоа со зборови не може да се објасни. Тоа е состојба на неискажан мир и на радост неискажана. Знаеш каков си бил предходно, си се лутел, а сега лутење нема. Не постои човек кој може да те навреди, бидејќи ти си ограден, раководен од Светиот Дух. Сега можеш да ја разбереш состојбата на Пресвета Богородица која и од утробата мајчина па до крајот на земниот живот, и во вечноста, била (и сеуште е) во полна Боженствена благодат... 

„Мир и Радост во Светиот Дух“ -
 Старец Тадеј  Витовнички

Подготви : Сузана Стефановска

Монашкиот пат на Старец Тадеј

О.Тадеј: „Мислев дека сите монаси, свештеници и епископи имаат бесплатна благодат...“

Посети:{moshits}