Devojka.sveka.jpg

 

 

 ЗА ДУХОВНИЦИТЕ И ИСПОВЕСТА

    Децата треба до најрана возраст да ги поттикнуваме, најпрво со личен пример, да се советуваат со духовникот и да бидат послушни на неговиот збор како на збор Божји. Не е од  особена важност што сака да му каже детето на духовникот, ниту пак во каков вид ќе се одигра таа средба: како договорен разговор или пак, како спонтана средба. Важно е за време на секоја средба свештеникот да покажува љубов и грижа кон детето и тоа детето да стекнува поверение во свештеникот. Чувстувајќи дека со свештеникот може слободно да разговара за која било тема (за училиштето, за шегите, соништата...) детето многу полесно ја восприема Божјата реч за секој аспект на својот живот. Искрените исповести во тој облик можат да започнат од најрана возраст, буквално штом детето ќе проговори. Дури и бебињата треба да ги навикнуваме на присуството на свештеникот и на тоа свештениците да ги благословуваат, да се чувствуваат љубени од страна на свештеникот. Возрасните со своето ѕурење не би требало да го пореметуваат разговорот помеѓу детето и свештеникот, ниту да го прекинуваат разговорот, исто онака како  што не би требало тоа да го чинат кога е во прашање разговор помеѓу возрасен човек и свештеник.
    Сѐ што учат, децата учат прв пат. Децата можат да научат да ја почитуваат исповедтта, меѓутоа постојат и препреки кои треба да се надминат кај некои деца, а тоа особено се однесува на срамежливоста. Начинот на кој зборуваме за исповеста, кога таа тема ќе се појави во разговорот, може во значителна мера да ги охрабри нашите деца за исповед. Секогаш би требало да се нагласува дека, навистина нема врска што сите сме природно срамливи или неодлучни кога во прашање е исповеста, така што на првата исповед може да ни се случи да ни се врзе устата или пак може да се случи да не знаеме што да кажеме или што да правиме. Ако детето дојде на исповед со поверение во свештеникот, секој свештеник кој е полн со љубов и молитва ќе најде начин да го охрабри детето и да го поучи. Секој свештеник е свесен дека нашето сфаќање на она што го исповедаме на исповеста расте взаемно со нашето духовно возрастување.  Кога возрасните одат на исповед тие се молат на Бог да им подари храброст да ги согледаат своите гревови.  Меѓутоа, во тое е и главната работа, детето на исповед доаѓа онакво какво е  и на исповед  говори (или се обидува да  каже) од кои постапки или зборови се срами.
    Кога зборуваме за свештениците, мораме да нагласиме дека тоа се луѓе кои  е невозможно да се шокираат. Ни најделикатнитге нешта, ни најтешките гревови кои мораме да ги исповедаме не можат да го шокираат човекот Божји кои во своите молитви на Литургијата ги чувствува сите страдања и искушенија на целиот свет. Ние, исто така мораме да го убедиме детето дека свештеникот никогаш нема да го изневери неговото поверение. Многу деца мислат дека свештеникот ќе им каже на нивните родители она што му го кажале на исповеста, како и тоа родителите да зборуваат на свештеникот за она што нивните деца го направиле или би можеле да го направат.
    Родтелите  би требало да избегнуваат да се мешаат во Светата тајна на исповед, доколку не сакаат да ги лишат своите деца од благодатта на оваа света тајна. На свештеникот му е тешко слободно да се моли и да го советува детето по свое вдахновение, а ко родителите на тоа дете претходно му кажале што детето би можело да каже на исповедта или што тој како свештеник би требало да каже на детето на исповедта. Ние одиме на исповед за да ги исповедаме нашите гревови и промашувања, а кога зборуваме за други луѓе го чиниме тоа исклучиво тогаш кога тоа е неопходно за да го објасниме  гревот кој го исповедаме и за да добиеме совет во врска со нашето идно однесување. Мораме да имаме поверение во духовникот на нашите деца.
    Исповедта во ниеден случај бе би требало да му се претставува на детето како само една обврска, туку како можност да добие прошка од Самиот Христос. Од друга страна, никогљаш не би требало да се говори за децата кои одат на исповед “Зар не се слатки? ” или “Добро девојче”, бидејќи тоа ги збунува децата и гиодвраќа од исповест. Ако детето дојде на исповед, макар тоа да има само пет години, тој негов чин би требало да се разбере како нешто сосема нормално и да се прифати сосема сериозно.

(продолжува)
Од книгата: Васпитајте своје дете од С. Магдалена

Подготви: Маја Белева

Наслов на оригиналот:
Sister Magdalen
Reflections on children in the Orthodox Church today
(Stavropegic Monastery of St. John the Baptist
Tolleshunt Knights, Essex)