Кај многумина, развојот на надсетилните способности почнува да се јавува како последица од нивното занимавање со јога или други ориентални религии. Значи кај нив изворот на парапсихичките дарови целосно е познат. Имено, истенчувајќи го отпрвин физички своето тело со специјална диета, практикувајќи одредени вежби на хата јога, медитирајќи и задлабочувајќи се во нејзиното филозовско учење, тие луѓе се отвараат себе си за директно делување на одредени”космички сили”, преку што вклучувајќи се во нивната “хиерархија” добиваат “посветување” и одредени “дарови”. Јогата поседува прецизна методика на стекнување на надприродни способности. Тие и навистина се добиваат, но од каде и по која цена?
 
                Кај многумина, развојот на надсетилните способности почнува да се јавува како последица од нивното занимавање со јога или други ориентални религии. Значи кај нив изворот на парапсихичките дарови целосно е познат. Имено, истенчувајќи го отпрвин физички своето тело со специјална диета, практикувајќи одредени вежби на хата јога, медитирајќи и задлабочувајќи се во нејзиното филозовско учење, тие луѓе се отвараат себе си за директно делување на одредени”космички сили”, преку што вклучувајќи се во нивната “хиерархија” добиваат “посветување” и одредени “дарови”. Јогата поседува прецизна методика на стекнување на надприродни способности. Тие и навистина се добиваат, но од каде и по која цена?
                За тоа јога-учителите по правило не зборуваат, но упатуваат на некоја “безлична космичка енергија”, која го запоседнува внатрешниот човечки потенцијал (човечката душа). Всушност, вистинскиот “извор” на таа космичка енергија е гордоста во човекот која го поттикнува, самиот по себе се исполни со надприродни душевни сили, кои пак по природа се сосема спротивни од Богоблагодатните Божествени несоздадени сили и енергии. Во Библијата тоа ни го открива Св. пр. Исаија и вели: “Како падна ти од небото Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите. А во срцето свое си велеше:>> Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот; ќе се искачам до висините на облаците и ќе бидам сличен на Севишниот <<“ (Исаија 14, 12-14).
                Начинот за добивање на “надприродните сили” е директно “посветување” од ученикот на учителот, кој пак и самиот веќе е вклучен во нечестивата хиерархија. На тој начин како што заразата преминува од болниот на здравиот, се случува и посветувањето од демоните врз оној кој е спремен да го прими истото и да се демонизира. Тогаш во зависност од неговата сила и страст, се вгнездуваат и зајакнуваат силите на овие нечестиви “дарби”. Пример за тоа претставува т. н. трансцедентална медитација, која во човекот манифестира обдареност со моќни животни сили и состојби на постојана радост, спокојство и здравје, притоа елиминирајќи ја или сведувајќи ја на минимум неговата потреба од молитвено себеразмислување.
Оној кој што сака да го здобие сето тоа, мора да ја помине таа сеанса и на својот гуру (учител) да му принесе дар (претежно кошница со овошје и цвеќе), во посебна просторија, каде се изведува ритуалот. Приносот се става пред “иконата” (сликата) на друг гуру (кој е починат и од кого живиот гуру добил посветување), во чија близина гори свеќа и се пали кадилница со миризливи треви да чади. Ритуалот трае околу половина час, пропратен со тивко пеење на санскриту (чие што значење е неразбирливо за оној што се посветува) и постојано повторување на имињата на предходните мастери (учители) на јогата. На крајот на посветениот му се дава мантра (тајна санскритна формула), кој е должен да ја повторува постојано при секоја медитација, а чиј вистински превод никогаш не му се открива. Постојаното повторување на таа мантра човекот се насочува на одредена бранова должина (вибрација), врзувајќи се со нејзиниот “генератор”. Така на пример генератор на вибрацијата на индуската мантра “ОМ” е самиот сатаната, додека пак мантра “Хари Кришна” во превод значи црна благодат.
Самиот ритуал не претставува ништо друго, туку директно поклонување на “пуџу” боговите, содржејќи го во себе “обоготворениот” архигуру Махаришија. На тој начин современиот обезбожен човек не сомневајќи се во ништо, се посветува практично на незнабожечки религиски обред, незабележително принуден да го прави тоа за кое неговите предци побргу би поднеле страдања и маченичка смрт, одошто да учествуваат во такви пагански ритуали.
Отец Серафим Роуз вели дека учителите и учениците кои се занимаваат со овој вид на окултизам умно и емотивно најчесто подлегнуваат на растројства, убиства и самоубиства, паѓајќи во состојба на речиси не излечива дамонска опседнатост.