ХОМОСЕКСУАЛНОСТ (машка и женска)
In Македонија, Младост, брак, семејство, Православие, Православна светлина, Современи искушенија on Јули 26, 2013 at 12:21 pm

Д-р Владета Јеротиќ, професор на Богословскиот факултет во Белград
проф. д-р Владета Јеротиќ

проф. д-р Владета Јеротиќ

проф. д-р Владета Јеротиќ

Хомосексуалната индивидуа го доживува сексуалното задоволство, повторувано или епизодично, со партнер од ист пол, додека, ако воопшто и се оствари, сексуалната врска со личност од спротивен пол донесува задоволство кое е минимално или потполно изостанува.

Еден од светски признатите експерти за однесувањето на животните, Бич (Beach) вели дека во животинскиot свет не постои ниту еден познат вид кој во сексуалните односи дава предност или го претпоставува хомосексуалниот партнер.

Постоелe и многу обиди – хемиски, генетички и соматски – да се докаже дека хомосексуалноста е од органското, а не психолошко, потекло. Вакви обиди кои сакале хомосексуалноста да ја претстават како вродена или дури наследна карактеристика на полот, потоа како ендокрина дисфункција, се протегаат дури до времето на Крафт – Ебинг во 1896. година и досегаат сè до трудовите на научниците од после Втората светска војна, меѓу нив особено познатиот Калман. Ниту една од бројните студии не успеала да докаже валидно органско потекло на хомосексуалноста.

ИСТОРИЈА И ЕПИДЕМИОЛОГИЈА

Што се однесува на присутноста на хомосексуалноста низ историските епохи, таа секогаш била присутна, а односот на средината кон него се движи од прифаќање, толерирање, до силно одбивање и прогон (во древна Спарта хомосексуалноста, на пример, била казнувана со смрт). Вакво различно постапување со хомосексуалците треба делумно да се доведе во врска и со различната положба на жените во општество, како и со социјалните чинители воопшто. Практично, во сите култури на хомосексуалноста се гледало како на свртување од општоусвоените норми на однесување. Во епохите на исклучителните пореметувања на востановените општествени и меѓучовечки односи забележено е пораснување на хомосексуалноста (машка и женска), веројатно и поради пореметените улоги на машкиот и женскиот пол, како и нивната меѓусебна и општествена одговорност.

Во последните години постои во светот и кај нас тежнеење меѓу социолозите, психолозите и културолозите психолошката страна на хомосексуалноста да се ублажи, а хомосексуалноста да се прикаже  како една од бројните варијанти на „абнормалностите на нормалните“ во сексуална област на однесувањето, односно како вид на слободно одлучување на индивидуата да се однесува надвор од вообичаените норми на сексуално однесување, кое треба со полно право да се прифати.

Бројот на хомосексуалците тешко се утврдува. Во разни култури и на разни континенти различно се присутни. Наводните проценти не се совпаѓаат, а разликите настануваат поради несоодветните начини на испитување и различните критериуми на испитувачите. Процентите се движат помеѓу 2 и 37, а процентот на веројатност е 67. Според Кинси, 37% од машката популација во Америка помеѓу пубертет и постари години имала извесни хомосексуални искуства.

ПСИХОДИНАМИКА

И покрај интересните трудови биолошки оријентираните истражувачи за потеклото на хомосексуалноста (биогенетски теории на Ланг, Калман, Слатер и други, ендокрините теории на Штајнах, Бич, етолошките теории на Лоренц, Тинберген, Цукерман), до денес не е прифатена ниту една понудена теорија како убедлива. Пологични и психотераписки посведочени се психоаналитичките објаснувања за потеклото на хомосексуалноста кои почнуваат со трудовите на Фројд, „За психогенезата на еден случај на женска хомосексуалност“, потоа „За некои невротични механизми кај љубомората, паранојата и хомосексуалноста“ и особено со познатата студија на Фројд за Леонардо да Винчи.

Кај хомосексуалните мажи, според Фројд, постои мошне силна, еротска врзаност за некоја женска индивидуа, најчесто мајката, врзаност предизвикана од претераната нежност на самата мајка и поддржувана со повлекување на таткото од животот на детето. Детето ја потиснува својата љубов кон мајката, ставајќи се самиот себеси на нејзиното место, идентификувајќи се со мајката и земајќи ја сопствената личност како пример, барајќи нови објекти кои се слични со него. Фенихел наведува дека мошне често машките објекти на хомосексуалецот покажуваат извесни карактеристики на неговата мајка или сестра. Според Фројд, секоја и најнормална личност покажува склоност и способност за хомосексуален избор на објектот. Таков избор дури се случува еднаш на секого, и оттогаш човекот во своето несвесно или го цврсто држи или од него се воздржува со некое енергично заземање на спротивниот став.

Подоцна, Фројд ги дополни своите поранешни објаснувања на хомосексуалноста воведувајќи го кастрациониот страв кај момчињата од бруталниот татко, при што окажувањете на момчето од жена значи избегнување и откажување од каква и да било конкуренција на таткото. Ваквото откажување од ривалство е можно и во потиснатите агресивни чувства на момчето кон неговиот брат. Потиснатите непријателски чувства кон него доживуваат преобразување, при што поранешниот ривал сега станува прв хомосексуален љубовен објект. При сите овие објаснувања Фројд останал недогматичен и толерантен, бидејќи нагласуваше дека неговото објаснување е едно од можните објаснувања и дека можеби важи само за еден вид на хомосексуалност.

Ш. Ференци ја објаснува разликата помеѓу активниот и пасивниот хомосексуален став, сметајќи дека кај оној првиот жената е табуирана во анално-садистичка фаза на развојот, додека подоцна стравот од кастрација го забрзува идниот избор на партнерот. Според Теодор Рајк, во начинот како пасивниот хомосексуалец имитира жена, се назира потсмев и карикирање, во што треба да се види одмаздничка желба да се понижи жената, како што и тој еднаш бил понижен (напуштањето на мајката поради мажот-татко, па и сега, во возрасни години, тој е оној којшто ја напушта жената поради маж).

Други психоаналитички теории кои се развиле во средината, а и во половината на нашиот век (Владета Јеротиќ ова го напиша во XX век – заб.наша), ставаат акцент на предедипалната фаза на развојот на либидото, па истакнуваат:

а) силната парцијална фиксација и идентификација на детето со мајката во текот на првите три години на животот,

б) барањето на машка идентификација преку идентификацијата со партнерот од истиот пол (А. Фројд),

в) еден дел на инфантилната сексуалност влегува во служба на потиснувањето, при што предгениталното задоволство е пренесено во егото, додека остатокот е потиснат (H. Sachs).

Според нашето искуство, значењето на мајка за подоцнежниот хомосексуален развој на синот изгледа очевидно во повеќето случаи на хомосексуалност.  Во многу случаи синот претставувал најзначајна фигура во животот на мајката. Потиснувајќи го мажот во втор план, мајката го става синот во повластена положба туркајќи го честопати во вината во однос на таткото, кон кого нема соодветен однос на идентификацијата. Оттука меѓусебното чувство на отуѓеност, дури и непријателство.

КЛАСИФИКАЦИЈА

Уште Фројд, пред неколку децении, ја предложи класификацијата на хомосексуалните луѓе во три категории, која што и денес се одржава, па и ние тука ја изнесуваме:
1) апсолутен инверт на кого сексуалните објекти му се лица исклучително од истиот пол;
2) амбивалентен инверт, чијшто сексуален објект е подеднакво лице од истиот и спротивниот пол; и
3) случаен инверт, чијшто главен сексуален објект е од спротивен пол, ама во поединечни случаи ова станува и објектот од истиот пол.

Според најновите психоаналитички теории, постојат пет видови на хомосексуалци:
1) предедипален тип (најчесто поради примарната женска идентификација којашто спречува надминување на фазата сепарација – индивидуализација);
2) едипален тип (најчесто поради неуспешното разрешување на едиповиот комплекс);
3) нарцистички тип. Овој тип избира истоимен пол (момчето или дечкото) кон кого се однесува онака како што сакала неговата мајка да се однесува кон него. Една друга варијанта на истиот тип се „хомоеротични индивидуи“ коишто во момчето си се сакаат самите себе, и тоа од истиот период во којшто и самите биле;
4) ситуационен тип (индивидуата е во состојба да општи со партнер од спротивниот пол, а хомосексуалното однесување е свесно мотивирано); и
5) латентен тип (особа со нерешена предедипална или едипална проблематика, без хомосексуално практикување, со свесно или несвесно знаење за својата наклонетост кон индивидуи од истиот пол).

СИМПТОМИ

1) Страв од жени кај хомосексуалците како последица на придружената и пројектираната анксиозност. Во првиот случај тоа е стравот од мајката која „проголтува“, во другиот, параноиден страв од жена која прогонува.
2) Мошне силното чувство на инфериорност, срамежливост и вина, и поврзаната со тоа склоност кон хронична анксиозност (произлегува од преедипалниот или едипалниот конфликт којшто подлегнува на либидизација), повремена депресивност и психички мазохизам. Мазохизмот е некогаш толку силен што бара растоварување преку хомосексуалната активност.
3) Непријателство кон таткото поради примарната феминина идентификација, односно татковиот неуспех (некогаш поради сопствената слабост, а некогаш поради кастраторското однесување на жената) за да му обезбеди на синот машки идентитет и заштита на мајката.
4) Во соништата на хомосексуалците чест е страв од затворање во темни простории, од пропаѓање во амбис, во длабока вода, страв од уништување.

Добро познато е дека низ психијатриските заболувања, како што се параноидна схизофренија, параноја, псевдоневротични форми на схизофренијата, покажуваат хомосексуален конфликт, а многу од нив манифестираат и хомосексуално однесување.  Уште Фројд укажа на можноста дека извесни невротични и психотични симптоми се израз на скриени хомосексуални конфликти. Хомосексуалните дејствија, меѓутоа, некогаш се извршуваат за да се избегне малиген развој на параноидна психоза. Забележано е дека понекогаш хомосексуалноста ја следат, истовремено или наизменично, трансвеститство, фетишизам и ексхибиционизам.

ПРОГНОЗА

Прогнозата зависи од развитокот на сопствените процени на хомосексуалецот, за степенот и тежината на својата девијација, како и од ставот на тесното семејство и поширокото општество кон неговата девијантност. Има многу хомосексуалци коишто се повлекуваат од секое општество, водат осаменички живот во целибат. Другите поради ваквото повлекување стануваат депресивни или фобични. Мнозинството, сепак, се определува за манифестен хомосексуален живот, па им се придружуваат на групите на хомосексуалци, што сè уште не мора да значи и полна активност. Постојат, имено, и „платонски“ хомосексуалци, кои никогаш не стапиле во сексуална врска со истиот пол, ама ниту со спротивниот.

Сигурно е дека прогнозата е подобра во случаите на нехомосексуално однесување во адолесценцијата или неколку години потоа, таму каде што постои почитување од таткото, каде што имало обиди за хетеросексуални односи и кога ваквите односи повремено ќе се јават во соништата.

Хомосексуалецот релативно ретко се јавува кај психијатарот за помош, и тоа или во почетната фаза на развојот на хомосексуалноста кога се срами од своите потреби и доживува вина, кога е во криза (најчесто депресивна, некогаш и со обид на суицид), кога е напуштен од саканиот партнер или кога е во посериозен конфликт со законот и општеството. Мнозинството од останатите пациенти коишто се јавуваат на лекар поради хомосексуалност не се хомосексуалци, туку невротични личности кои никогаш не нашле свој сексуален идентитет.

ДИЈАГНОЗА И ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА

Би требало да се умее да се разликуваат „вистинските“ хомосексуалци, активни и пасивни, од повремените хомосексуални односи кај други индивидуи, како и да се забележи псевдохомосексуалното однесување. Индивидуите кои покажуваат страв да не станат хомосексуалци, коишто тврдат дека имаат фантазии за хомосексуална активност, компулсивна потреба да ги загледаат машките гениталии, чувство на непријатност, па дури и одвратност во присуство на хомосексуалци, речиси сигурно спаѓаат во групата на псевдохомосексуалците. Псевдохомосексуалноста е механизам на одбрана на невротичен, некогаш и психотичен човек од чувството на немоќ, обид на реституција преку лажната еротичност. Соништата со хомосексуална содржина не се никаков сигурен доказ дека станува збор за „вистинска“ хомосексуалност.

За “вистинските” хомосексуалци постои сепак изненадувачки податок дека 35% од нив почнале сексуално да се интересираат за мажи до десеттата година од животот, а околу 80% до нивната шеснаесетта година. Според Биберовите студии од 1967 година, 35% од хомосексуалните луѓе свесни се за своето интересирање за истиот пол веќе од десеттата години, 80% се свесни за ова од шеснаесеттата година, а само 10% стануваат свесни дури по дваесеттата година.

ТЕРАПИЈА

Контраиндикативно е лечењето на хомосексуалците со хормонална терапија со андрогените, како и електрошок терапии (освен во случаите кога депресијата на хомосексуалецот е длабока и се заканува со смрт). Бихејвиоралната терапија најчесто нема успешни резултати.

ПСИХОАНАЛИТИЧКА ТЕРАПИЈА (на машката и женската хомосексуалност)

Зигмунд Фројд советуваше внимателност и изрази сомнеж во успешноста на психотерапијата на машката и женската хомосексуалност. Неговиот критеријум на лекување беше не само можноста на ослободување на катексата (опсесивна приврзаност) од хомосексуалниот објект, туку и способноста да се катектира (врзува) спротивниот пол. Бидејќи многумина хомосексуалци покажуваат бројни невротични симптоми, во послевоената психоаналитичка терапија на ваквите пацијенти се сметало како задоволителен резултат ако ваквите луѓе биле ослободени од неврозата, па на лекувањето се пристапувало како на лекување на фобиите. Во други случаи во коишто се негуваат амбиции на комплетно лекување на хомосексуалноста со психотерапијата, психотерапевтот мора да води сметка за следниве моменти: 1) Нема успешно лекување на хомосексуалноста без грижлива анализа на нуклеарен преедипален комплекс, како и на едипален страв од инцест, агресија и кастрација. 2) Барајќи во психотерапевтот поинаков татко (непрестаен копнеж на машки хомосексуалец за љубовта и татковата заштита!), хомосексуален пациент несвесно бара машко, а не женско кај терапевтот, што секогаш мора да се има на ум во текот на терапијата. 3) Во текот на терапијата може со голема веројатност да се очекуваат кризите на стравот, депресијата и параноидноста. 4) Поради својата идентификација со агресорот (мајка) и потценувањето и отфрлувањето на таткото, можат во текот на лекувањето да се очекуваат агреси кон терапевтот, сменување со чувството на вина. 5) Почетокот на хетеросексуално интересирање е добар знак во терапијата, зашто првобитното несвесно чувство на вина кон мајката поради инцестуозните желби е на пат да биде совладано. 6) Не е препорачливо да се забрани хомосексуалната активност на пациентите во текот на терапијата, поради можност на настапи на гнев и страв кај пациентот.

Во последните години се постигнати добри резултати (20% на успех) во комбинираната индивидуална и групна психотерапија на хомосексуалците (Гершман, Бибер).

ЖЕНСКА ХОМОСЕКСУАЛНОСТ (лезбејство, сафизам)

Женската хомосексуалност е многу послабо и поскудно обработена во општата психијатриска, па и психоаналитичка литература. Студиите на Кинси од Америка од пред дваесетина години, според кои требало женската хомосексуалност (се мисли на оние жени кои во текот на целиот живот биле исклучително хомосексуални) да е отприлика за половина помалку застапена од машката – се доведуваат во прашање. Се стекнува впечаток дека, додека машката отсекогаш била позната, сеедно дали признавана или отфрлувана, женската хомосексуалност сè уште е обвиткана со велот на таинственост, забрана и омаловажување, пред сè од страната на мажите. Најголем број латентно или манифестно хомосексуални жени (за разлика од таквите мажи) се наоѓаат во брак, имаат деца и при тоа одржуваат скриен сексуален живот кој единствено им донесува задоволство. Очебијно е дека ваквата ситуација меѓу жените е последица на вековната економска несигурност и необезбеденост која ниту денес не е решена задоволително.

Хомосексуалната жена е во бегство од маж. Причините за ова бегство, според психоанализата, се наоѓаат во детството, и тоа во стравот кај девојката од одбивањето на таткото ако му ја покаже љубовта, односно во доживеаното одбивање и чувството на вина кон мајката. Зашто, ако таткото не сака да ја прифати понудената љубов на ќерката, поради нарцистичка повреда и изгубена самодоверба, решението на ваквата мачна ситуација се наоѓа во враќањето кај мајката, првиот објект на љубовта. Така првобитната омраза кон мајката, а потоа и чувството на вина поради неа, се претвора во обете женски хомосексуални партнери во љубов кон мајката (или макар кон „добрата дојка“ на мајката – М. Клајн), односно во меѓусебна љубов. Во самиот сексуален чин на обата женски партнера најчесто ги менуваат улогите (на мажот и жената), ја обновуваат некогашната мастурбација, сега делејќи го меѓусебното чувство на вина заради неа, еротски станувајќи толку патолошки зависни, па поради тоа често љубоморни, хистерични, депресивни и суицидни. Во основа на оние односи во коишто едната страна презема исклучиво машка, а другата исклучиво женска улога, се наоѓа имитација на односот маж – жена или мајка – ќерка.

Изгледа дека е полесно за момчето да го напушти првобитниот облик на љубов, мајката, заменувајќи ја со некој друг женски објект, отколку на девојка којашто љувота кон мајката, како првобитен облик на љубов, треба да гозамени за друг вид на љубов, љубов кон маж.

Како и кај хомосексуален маж, и женската хомосексуалност може да биде само симптом на схизофрена или некоја друга психоза, со агресивно – убиствени склоности кон партнер (зад кој обично стои мајката), како што може, барем на почетокот од манифестирањето, да претставува одбрана од психозата.

Постојат, се рабира, и жени, како и мажи, кои се амбивалентни во својот избор на љубовниот објект, кои, иако се однесуваат хомосексуално, во длабочината на себеси жеднеат за прифаќање од страна на маж. Има и жени кои, иако мажени и верни на своите мажи, преку упорна фригидност и не помислуваат дека во основа тие се хомосексуални (со изразена зависност кон машкиот полов орган). Партнерките на хомосексуалните жени, коишто често се машкоданки (како дел од неуспешната идентификација со таткото), или и самите се машкоданки (со одбивен или кастрирачки однос кон мажите) и тогаш се облекуваат како мажи, или се исклучително женствени, во кои тогаш се проектира на нарцистички начин, сопствената неуспешна женственост како неостварен идеал. Во еротски лезбејски односи честопати се игра и односот мајка – дете, со одбивање на секој маж како несакан гостин, особено во случаите кога постои разлика во години помеѓу обата женски партнера. Конечно, постојат и жени кои чувствуваат полна привлечност само кон истото (женско) тело поради пресилната фиксација за мајка.

Превод од српски јазик:

Александар Павловски, дипл. проф. по книжевност

Изворник: Владета Јеротић,

Хомосексуализам (мушки и женски)

http://www.rastko.rs/rastko/delo/11663

Православна светлина бр. 26

Преземеноод: Ортодоксија и ортопраксија