markov.deca4.jpg 

markov.deca6.jpg
markov.deca5.jpg
markov.deca.jpg 
markov.deca7.jpg

Семејството, домашната црква, е училиште за љубов, училиште за духовен растеж. Тоа треба да биде место за проповед на Евангелието на Царството Божјо, училиште кое ги запознава децата со христијанските таинства и црковното богослужение и ги подготвува за учество во нив. Децата се мало словесно стадо, кое му се дава на човекот за апостолско служење; а домашниот апостолат е труд кој не им помага само на децата да растат, но и на родителите.
Во Христијанскиот брак љубовта на мажот и на жената има самопожртвувачки карактер. Нивниот живот поминува во полна согласност, во целосна предаденост на заветите на Христа Спасителот и Неговата Света Црква.
markov.deca1.jpgВоспитувањето на децата пред сè се остава на мајката. Никој не е така близок на душата на детето, како неговата мајчичка. Пред неа стои голема задача: да воспита син (или ќерка) во духот на Христијанската вера, да го научи да живее по волјата Божја, да го воспита со слово и пример, и со нежност – и со строгост.
Мајката го осенува детето со крсниот знак, го учи на првите молитви: „Господи помилуј“, „Господи помагај“, „Господи запази го тато, мама, баба, бато...“. Потоа детето го учат на Господовата молитва, молитвите на Светиот Дух, Пресвета Троица, Ангелот Пазител, Пресвета Богородица и другите молитви. Во душата на детето расте жива потреба за молитва, свест за семожноста Божја, Неговата љубов кон луѓето.
Родителите на детето му раскажуваат за иконите, за храмот, за смислата на богослуженијата, одат со нив во храмот, ги причестуваат за укрепување на душата и телото. Кога детето ќе наполни седум години, неопходно е да се подготвува за исповед. Во таква возраст тоа може да се причести само по исповедање на гревовите и разрешителна молитва од свештеник.
Христијанството е радосна полнота на животот во Христа. Родителите и децата во здраво и силно Христијанско семејство се духовни другари.

Протојереј Глеб Каледа
Од руски: А.Л.

Фото: А.Л.

antonio.markov.jpg

markov.deca3.jpg

 

Посети:{moshits}