timotej.dek.jpg

Светиод Синод на Македонската Православна Црква на својата последна седница во оваа календарска година, рагледуваше повеќе тековни прашања.
Синодот упати уште една порака до македонските власти дека нема простор за отстапки околу уставното име на државата,  да се истрае и да не се разгорара за  никакви измени или  додавки,   на уставното име на Република Македонија.
 Иако не се разговарало  за промената  на календарот, сепак  поголемиот дел од Владиците сметаат дека во Р. Македонија не е време за промена на календарот.


Портпаролот на Синодот, Владиката Тимотеј изјави: „Светиот Архиерејски Синод не може да се откажува од вековни традиции на македонскиот народ заради желбите и  потребите евентуално на некои бизнисмени.“

timotej.dek1.jpg
Поголемиот дел од денешната Синодска седница, Владиците посветиле на  финансијските проблеми со кои се соочуваат црковно- просветните институции  кои се во надлежќност на Синодот, како и за проблемите во Австралиска епархија
Македонските Архиереи очекуваат дека во 2008 година ќе се реши и прашањето на воведување на верското образование во државните училишта.

 

посети:[moshits}