Извадок од дневникот на Оптинискиот новомаченик

Јеромонах Василиј

 

Како да се даваат совети на ближните

1. Да се обраќаме со молитва кон Бога, Тој да би ни дал да кажеме слово

на ближниот. Со самото тоа беседата се очистува од суеславие.

            2. Да се зборува со внимателност, не впуштајќи се во многусловие. Пусти, љубопитни прашања да не се прашуваат.

            3. Ако се завлечеш и кажеш нешто не по совеста, мислено укори се себеси и покај се пред Бога.

            4. По скудноста на нашето време, ние сме должни со ближните да ги делиме нашите скудни знаења.

* * *

            Од моите гревопаденија ќе бегам не во затвор, не во пустина, а во самоукорение, исповедање на гревовите мои, во раскајание.

* * *

            Ѓаволот е готов да ни придаде десетпати поздрава смисла и да ги умножи илјадократно нашите практични способности, само да би ни го украл крстното знаење, при кое можеме да застанеме од десно на Бога.

* * *

            Може да се случи опиеноста од молитвата, да попречува да се познае вистинското молитвено дејство..

            Мнение – опиеност на душата, задоволна со себеси, со своите минливи сладостни состојби.

            Оставајќи го укажаното од Бога спасително покајание, се стремиме кон извршување на минливи добродетели, затоа што тие се пријатни за чувствата. Потоа се незабележлив образ се заразуваме со мнение и, бидејќи благодатта не брза да нè овенча, ние самите си правиме сладостни опити.

* * *

            Никако не дозволувај си очекување на благодатта. Да се стремиш да го видиш гревот твој и да заридаш за него – тоа е твоето дело.

* * *

            Каде и да би бил, во одвоеност ли, или во обштество човечко, светлината и утехата се изливаат во мојата душа од крстот Христов. Гревот, кој завладеал со целото мое битие, не престанува да ми говори: „слези од крстот“. Тешко мене! Слегувам од него, мислам дека ќе ја најдам правдата надвор од крстот, - и паѓам во душевна бедност: бранови на смутеност ме проголтуваат. Јас слегувајќи од крстот, се наоѓам без Христа. Како да си помогнам на бедствието? Се молам на Христос, да би ме издигнал пак на крстот. Се молам и сам се грижам да се распнам, како што научен од самиот опит, дека не распнатиот – не е Христов. На крстот возведува верата; а низведува опрелестениот разум, исполнен со неверие.

            2 Јуни 1991 г.

            За стоењето пред Престолот Божји.

            1. Од грешниците прв сум јас. Да се умолува Господ за гревовите мои и човечки. Милост да се проси.

2. Себе да се распнуваш, во жртва да се принесуваш. Страстите, похотите, нечистите помисли ја растргнуваат душата, но треба да се трпи и да се совршува делото на благочестие, исполнувајќи ги заповедите Божји.

* * *

            Дејствијата на лукавиот се насочени кон разрушување на Божјото устројување, поредокот на животот, то ест, на разрушување на убавината и премудроста. Затоа што Божјото устројство (иерархијата во се, послушанието по љубов) тоа и е премудрост и убавина, совршенство, полнота.

            1. Прво средство на разрушувањето – крадењето на духот, внатрешното, оставајќи ја мртвоста на надворешното.

                2. Второ средство – разгорување на духот по страстите, раѓајќи беспокојство, неустројство, желба да го измениме надворешното, стремеш кон минливото подобро.

* * *

            Главно е – да се наполнат зборовите со значење, содржина, то ест чувствата – со дух.

            Наше дело – посилно внимание, побудување на молитвен труд, честост на молитвата, просење. Божјо дело – да испраќа на чувството дух, то ест, да ги наполнува зборовите, душите, срцата. „Кој насекаде си и се исполнуваш“.

* * *

            Богатство на монахот – утехата, наоѓана во плачот, и радоста од верата, која просјајува во тајниците на умот.

            Животот – тоа е сè и сите – тоа е милост Божја, љубов Божја, Негова кротост и смирение. Тоа е за нас, ради нас.

            „Сокровиште на монасите – радоста, пронаоѓана во плачот, и верата, која се чува во тајниците на умот“. Исак Сирин.

            Тешка, но висока задача на христијанинот – да сочува во себеси голема среќа на незлобие и љубов.

            Да се умира сега не е мудрено. Сега потешко е да се научиме да живееме.

Патријарх Тихон.

            Надвор од Црквата може да се има сè – само не спасение.

            Крстот – готовност за благодушно поднесување на секоја скорб, испратена по Промисла Божја.

 


 

 

Подготви: З.Д.