Korica.Pisma.Valaam.jpg

  1. 68
  2. 23 декември 1952 г.

...Преподобниот Мојсеј Скитски велел: „Од оние кои доаѓаа при мене за совет, едни би утешил, па би си заминале добивајќи душевна корист, а други, на кои ништо корисно не можев да им кажам, си одеа неутешени". Ете — светии, па не можеле, понекогаш, ништо корисно да кажат ниту пак да ги утешат луѓето! А кој сум јас за да можам да дадам утеха во жалостите?! А ако некој добивал полза од моите совети, тоа станувало поради верата на оние кои тоа го барале. Јеромонахот на троицката лавра, Варнава, прозорлив старец, советувал некој трговец да преземе некоја голема работа, но тоа не се исплатило и било многу незгодно. Во Валаам, јеромонахот Алексиј, чии што добродетели о. Ефрем многу ги фали, посоветувал некоја игуменија, а потоа се предомислил и цела ноќ поради тоа бил како на игли, немајќи ниту мир, ниту спокој.
Ете, на оние кои ми се обраќаат мене, кој имам кратковиден ум, им го кажувам моето мислење и потоа секогаш велам: „Сепак, види самиот (или самата)!" Правилен совет можат да даваат само свети луѓе, како што се: преп. Серафим Саровски и Сергиј Радонишки. А како можам да советувам правилно кога и самит одам потпирајќи се?!

 

 

Извор:

Korica.Pisma.Valaam.jpg

Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001

Главен и одговорен уредник

Митрополит Тимотеј

Друго:

 Писма на валаамскиот старец (1)

Писма на валаамскиот старец (2)

Писма на валаамскиот старец (3)

Писма на валаамскиот старец (4)