sv.S.sarovski.manastirot.jpg

Преподобниот Серафим Саровски ги благословил своите духовни чеда секогаш кога ќе вршат литијски вход по Канавката (каналот околу Дивјеевскиот манастир, за кој се верува дека Атихристот не ќе може да го премине), да ја читаат ‘‘Богородице Дево‘‘ 150 пати, односно да го читаат Богородичното правило, кое го содржи целокупниот живот на Пресветата Мајка Божја, кое е поделено на 15 дела според најважните случки од Нејзиниот живот. По откровение на самата Богородица исполнувањето на ова правило поважно е од Акатист, и оној кој што го исполнува ова правило се наоѓа под посебна заштита на Царицата Небесна.
,,… Кој ја преминува Канавката со молитва и 150 пати ја споменува Богородица, нему тука му е се: и Атон, и Ерусалим, и Киев!‘‘

Bogorodica.Fjodorovna.jpg

БОГОРОДИЧНО ПРАВИЛО
Прва десетка
Оче наш кој што си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја како на небото така и на земјата; лебот наш насушен дај ни го Ти денес и опрости ни ги долговите наши како што и ние им ги проштеваме на нашите должници, и не не воведувај во искушение, но избави не од лукавиот.
Богородице Дево, радувај се благодатна Марие, Господ е со Тебе, благословена си Ти меѓу жените и благославен е плодот на утробата Твоја, зашто си го родила Спасителот на душите наши (х10).
Тропар на Рождество Богородично, глас 4:
Рождеството Твое, Богородице Дево, му јави радост на целиот свет, зашто од Тебе блесна сонцето на правдата Христос, Бог наш. Тој ја уништи клетвата и ни даде благослов, ја победи смрта и ни даде живот вечен.

Втора десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Тропар на Воведение Богородично
Денес е почетокот на Божјата милост и проповеди за спасение на луѓето, во храмот Божји јасно Дева се јавува и однапред Христа на сите го предвестува, затоа и ние велегласно да и воспееме: Радувај се, исполнение на Божјата промисла!

Трета десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х10)
Тропар на Благовештение:
Денес е почетокот на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева и Гаврил благодат благовестува. Затоа и ние да извикаме кон Богородица: Радуј се , благодатна, Господ е со Тебе.

Четврта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х10)
Радосната средба со св. Елисавета:
Достојно е навистина да Те ублажуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, Ти која нетлено го роди Бога Словото, вистинска Богородице ние Те величаме.

Петта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х10)
Тропар на Рождеството Христово, глас 4.
Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлината на познанието, оние што им служеа на ѕвездите, од ѕвездата се поучија да Ти се поклонуваат Тебе, Сонцето на правдата и да Те познаат Тебе како Исток на висините. Господи слава Ти.

Шеста десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Тропар на Сретение Господово, глас 1.
Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од Тебе изгреа Сонцето на Правдата, Христос нашиот Бог, Кој ги просветува оние кои се во мракот. Весели се и ти, старче праведни, што си го примил во прегратките Ослободителот на нашите души, Кој ни дарува воскресение!

Седма десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Кондак Богородичен- Бегство во Египет, глас 8.
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедливаа, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна!

Осма десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х10)
Кондак богородичен- тридневните грижи за време на трагањето по дванаесет годишниот Исус Христос, глас 8.
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна!

Деветта десетка
Оче наш…
Богородице Дево… (х 10)
Кондак Богородичен, Спомен на чудото во Кана Галилејска глас 8:
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна!

Десетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Страдањата на Голгота:
Благообразниот Јосиф, симнувајќи го од дрвото Твоето Тело пречисто, го обвитка со чиста плаштаница, и помазувајќи го со мириси го положи во нов гроб.
Не ридај заради мене Мајко, гледајќи го в гроб Синот, Кој бессемено си го зачнала; бидејќи ќе воскреснам и ќе се прославам, и ќе ги вознесам во слава, непрекинато како Бог, оние кои со вера и љубов Те величаат.

Единаесетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х10)
Воскресение
Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на тие во гробовите живот им даде (х3).
Ангелот и воскликнуваше на Благодатната: Чиста Дево, радуј се, и пак Ти велам: радуј се; Твојот Син воскресна третиот ден од гробот, и ги подигна мртвите; народи веселете се!
Блескај, блескај, нови Ерусалиме, бидејќи славата Господова те обсјаи. Ликуј сега и весели се Сионе, а Ти радувај се, Богородице чиста, поради воскресението на Синот Твој.

Дванаесетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Тропар на Вознесение, глас 4.
Си се вознесол во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, откако си ги уверил преку словото Твое, дека си Ти Син Божји – избавител на светот.

Тринаесетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Тропар на Педесетница, глас 8.
Благословен си, Христе Боже наш, Ти ги умудри рибарите откако им испрати Дух Свети, преку нив ја улови вселената, Човекољупче, слава Ти.

Четиринаесетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево…(х 10)
Тропар на Успение, глас 1.
Раѓајќи девството си го запазила, со успението светот не си Го оставила, Богородице, при живот си отишла, Мајко на Животот, со Твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.

Петнаесетта десетка
Оче наш…
Богородице Дево (х 10)
Достојно е навистина да Те ублажуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите, Ти која нетлено го роди Бога Словото, навистина Богородица ние Те величаме.

 

По преданието на руските монаси, Богородичното правило е правило кое самата Мајка Божја го открила во 8. век и истото некогаш го исполнувале сите христијани. Во ќелија на св. Серафим Саровски е пронајдена тетратка во која се опишани чудата кои им се случувале на оние кои секојдевно го исполнувале Богородичното правило. Многу од монасите и јереите кои биле блиски со свети Серафим Саровски, исто како и од неговите духовни чеда секојдневно го исполнувале ова правило. Еден од нив е схимонахот старец Захарија (1850-1936). Тој говорел: ,,Без благословот на Царицата Небесна, деца мои, ништо не правете. Кога ќе завршите некоја работа, заблагодарете и Нејзе, Брзопомошницата во се богоугодно. Старецот многу се радувал кога некој од неговите духовни чеда го исполнувал Правилото. Друг старец, отец Данило Гумановски, кроток и тивок молитвеник, целиот свој живот го исполнувал Богородично правило. Поради љубовта кон Небесната Царица, за време на животот бил наречен Богородичен старец. Во едно зачувано писмо кон едно свое духовно чедо напишал: ,,Ќе ви дадам еден вистински спасоносен совет – читајте ја секојдневно по 150 пати Богородице Дево, и таа молитва ќе ве спаси. Ако ви е тешко на почетокот 150 пати дневно да ја кажувате оваа молитва, читајте ја по 50 пати на ден. По секоја десетка читајте по еднаш Оче наш и по еднаш Отвори ни ги дверите на милосрдието…
Старецот Захарија многу го ценел епископот Серафим Звездински, кој секојдневно го исполнувал Богородичното правило, при што се молел за спасение на целиот свет. На едно од своите духовни чеда епископот Серафим му го предал начинот на кој се молел на Секогаш Девата Марија, после секоја десетка:
1. Спомнувајќи го раѓањето на Пресвета Богородица се молиме за мајките, татковците и децата.
2. Спомнувајќи го Воведението во храм на Пресвета Богородица се молиме за заблудените и отпадниците од верата.
3. Спомнувајќи го Благовештението се молиме за утешение на оние кои тагуваат
4. Спомнувајќи ја средбата на Пресвета Богородица со Елисавета, се молиме за средба на раздвоените – деца и ближни кои исчезнале без вести
5. Спомнувајќи го Раѓањето Христово се молиме за препород на душите и раѓање на нов живот во Христа.
6. Спомнувајќи го Сретението Господово и се молиме на Мајката Божја да не удостои да се причестиме со Пресветите Тајни Христови пред нашиот крај
7. Спомнувајќи го бегството во Египет на Мајката Божја со Богомладенецот, се молиме да ни помогне Небесната Царица да ги избегнеме искушенијата и да се избавиме од животните напасти.
8. Спомнувајќи го исчезнувањето на дванаесетодишниот Исус Христос во Ерусалим, и грижите на Мајката Божја за тоа време, и се молиме на Мајката Божја за постојана Исусова молитва.
9. Спомнувајќи го чудото во Кана Галилејска, кога Господ ја претворил водата во вино, по молбата на Мајката Божја: ,,немаат повеќе вино’’, ја молиме Мајката Божја да ни помогне во работата и да не избави од секаква опасност.
10. Спомнувајќи ја Мајката Божја под Крстот Господов кога тагата како меч и поминала низ нејзината душа, и се молиме на Мајката Божја да ни ги укрепи душевните сили и да го изгони унинието од нашите души.
11. Спомнувајќи го Воскресението Христово, ја молиме Мајката Божја да ги воскресне нашите сили и да ја бодри нашата душа за подвиг.
12. Спомнувајќи го Вознесението Христово на кое присуствувла и Мајката Божја, и се молиме на Небесната Царица да ја издигне нашата душа од земните суетни забави и непрестано да не упатува кон спасение
13. Спомнувајќи ја Сионската горница и Слегувањето на Светиот Дух на Апостолите и на Мајката Божја, се молиме: Срце чисто соѕидај во мене и дух прав обнови во мене. Не отфрлај ме од лицето Твое и Духот Твој Свет не го одземај од мене.
14. Спомнувајќи го Успението на Пресвета Богородица се молиме за мирен, бессрамен и безметежен наш крај.
15. Спомнувајќи ја славата на Мајката Божја со која Таа се венчала на небото по Нејзиното Успение, се молиме на Царицата Небесна да не остави верни нас кои живееме на земјата, и да не заштити од секое зло со Својот покров.

По секоја десетка епископот Серафим Звездански се молел на свој начин, кој никому не му го открил, тој начин го знаат само Господ и Царицата Небесна, а една монахиња – негово духовно чедо, по секоја десетка се молела вака:
1. О, Пресвета Владичице Богородице, спаси ги и сочувај слугите Твои (имињата на родителите и роднините), а оние кои умреа (имината) со Светиите упокој ги во вечната слава Твоја.
2. О, Пресвета Владичице Богородице, спаси ги, сочувај и присоедини ги во Светата православна Црква заблудените и отпаднати слуги Твои (имиња)
3. О, Пресвета Владичице Богородице испрати им утеха на слугите Твои, кои тагуваат и боледуваат (имиња).
4. О, Пресвета Владичице Богородице, соедини ги разделените слуги Свои (имиња).
5. О, Пресвета Владичице Богородице, даруј сите оние кои се огласени да постанат крстени.
6. О, Пресвета Владичице Богородице, удостој ме да се неосудено, при последното издихание, причестам со Пречистите Тајни Христови.
7. О, Пресвета Владичице Богородице, помогни ни да ги избегнеме искушенијата и избави не од секоја напаст.
8. О, Пресвета Владичице Богородице, Пречиста Дево Марие, дарувај ме со непрестајна молитва Исусова.
9. О, Пресвета Владичице Богородице, помогни ми во секое дело и избави ме од секаква опасност и тешкотија.
10. О, Пресвета Владичице Богородице, Преблагословена Дево Марие, одгонувај го унинието од мојата душа и укрепи ги моите душевните сили.
11. О, Пресвета Владичице Богородице, воскресни ја мојата душа и дај ми сила за подвиг.
12. О, Пресвета Владичице Богородице, избави ме од суетни помисли и дај ми ум и срце желни за спасение.
13. О, Пресвета Владичице Богородице, испрати и укрепи ја благодатта на Светиот Дух во моето срце.
14. О, Пресвета Владичице Богородице, направи крајот од мојот живот да биде непосрамен и мирен.
15. О, Пресвета Владичице Богородице, сочувај ме од секое зло и заштити ме со чесниот Твој покров.

Дивјеевскиот манастир од свети Серафим оживеа 1991. година. Бачушката рекол дека обновениот манастир ќе заживее со 1000 монахињи. Велик литијски вход по Канавката со исполнување на Богородичното правило се врши на:
1. Споменот на св. Серафим Саровски 2/15. Јануари;
2. Празникот на Мајка Божја и нејзината икона ,,Умиление’’, 27. Јули/ 10. Август, со иконата на Царицата Небесна и со моштите на преподобниот Серафим;
3. Целата Светла седмица, секојдневно по светата Литургија со читање на Воскресниот канон, Воскресните стихири и Евангелието.
4. Успение на Пресвета Богородица, 15./28. Август;
5. Празникот на востановувањето на Млинската обител, 9./22. Декември;
6. 1./14. Јануари на полноќ, пред празникот Обрезание Господово;
7. На сите Господови празници;
8. При посета на чудотворни икони во Дивјеево

 Извор: http://megica.wordpress.com/2008/12/06/

 Друго: http://flashgamesite.com/live2/video_NUgYNO-Nt84.html