starecJosif.Bratstvo.jpg

 Совеста ја нарекуваат практично познание. Во таа смисла може да се рече декаа таа ја претставува силата на духот која познавајќи ги законот и слободата го одредува нивниот меѓусебен однос.

 Совеста ни е дадена затоа да би ни судела над нас самите; ако им суди на другите, треба да се каже дека почнала да се занимава со туѓа работа.

 Со што не, се оправдуваме! Истакнуваме час слабост, час незнаење, час околностите, час соблазна, час туѓи примери, час бројноста на оние кои го прават истото.

Делото на совеста, како законодавец, е да ги покажува законите по кои разумно – слободното битие треба да живее и со силата на својата одговорност да ја поттикнува волјата на тоа.

... Неподмитлив закон е – да не се допужта ништо против што станува нашата совест... Преку совеста зборува Самиот Бог. Соодветно со тоа, неа треба да ја слушаме над сè... А што Бог зборува – познато е од прекорот на совеста.

Што значи - да се има чиста совест во однос на тварите? Да не се злоупотребуваат, да се користат разумно и да им се придава колку што е можно помало значење. Тоа е манастирско правило.

... Спалување на совеста – тоа е во потполност духовно дело... Самата совест пак никогаш не изгорува. Но, душата може да дојде до таква бесчувствителност во однос на приговорите и оптужбите на совеста, како таа воопшто да ја нема, како да изгорела.
Запалената совест ништо не слуша... таа свесно греши и сеедно ù е, не се вознемирува. Тоа е страшна работа! Но вие добро сте направиле што сте тагувале и оптужувале себеси. Бог тоа ќе го прими како исповед... А кога ќе го соопштите на духовникот, тогаш конечно ќе биде готово и ќе завладее спокојство.

Уште со самото тоа што грешникот се одвоил од Бога, треба да се претпостави дека неговата совест не може да биде исправна. Зашто ако постои, совеста е гласот на Бога во душата (законодавец), таа е Негово око (сведок), таа е намесниќка на Неговото правосудство (судија и извршител на пресудите). А при отпаѓањето од Него, сите овие Боженствени, така да ги наречеме, осенувања преку духот, мораат да ослабат и се смалуваат по бројот и интензитетот.

Кај човекот кој се свртел кон Бога и воспоставил благодатно општење со Него, заблудената совест се вразумува, искривената исправува...
Духовната слабост се очистува со исповед, преку која се започнува со нејзиното лечење. А самото лечење се продолжува... и довршува со подвизите против неа (слабоста). Лечењето ќе се заврши дури кога страста ќе стане противник и ќе престане да привлекува. Додека овој процес се одвива, борецот стои во милоста на Врховниот Војсководец и иако задобива допирливи рани, тој паѓа и станува. Оваа милост отстапува само тогаш кона некој ќе падне и не станува, туку продолжува да се валка. А ако паднал, па истиот час станува и повторно се фаќа за оружјето да би се спротивставил, милоста не го напушта. Со ова разблажувајте ја горчината на вашата совест.

Совеста се смирува со исповед и скрушеност, заедно се епитимија.

Совеста гледа дека грешиме и се вознемирува. Таа е во право. Не требало да се врзувате – „ќе се занимавам со тој и тој облик на подвижништво“ – кога не сте биле сигурни дека секој пат ќе можете да се совладувате себеси. На пример: сте одредиле да не пиете чај, а потоа сте испиле шолја. И сте се вознемириле. Не е ништо страшно да се испие шолја чај, но страшно е тоа што совеста е навредена и што се допуштаат работи кои ги нарушууваат вашите претходнио одлуки. Со тоа се разорува внатрешниот поредок и се создава навика да не се внимава на совеста, кога таа укажува што е потребно. Веднаш потоа... ќе се појави дрскост и потполна рамнодушност кон Богоугодувањето...

Ма колку ние и да ги скриваме нашите зли дела, тие независно од нас се запишуваат и тие белешки, кога ќе дојде време, ќе ни бидат идоставени. На каква хартија сето тоа се запишува? На нашата совест.

Подвизувајте се без мрзливост, како би совеста за ништо не би ве оптужувала... Спокојната совест е предуслов за мирни односи со Бога, а овие последните се прв услов за напредување во духовниот живот.

Совеста секогаш нека биде чиста. Но неа треба да ја просветиме со зборовите Божји, зашто таа вака често се вознемирува заради непотребни работи... Затоа треба да се чита Евангелие и оттаму да се црпат правилатапо кои совеста потоа треба да се раководи.

Подготви: Златко Дивјаковски 

 

Друго: