Човечкиот дух и душа

starecJosif.Bratstvo.jpgДушата ја сочинува пониската страна од внатрешниот живот, а повисоката ја сочинува духот, кој е од Бога и претставува богослична, рамноангелска сила – онаа која што е карактеристична црта на човекот.
Ние обично велиме: „душа“. А во суштина би требало да велиме душа – дух или дух – душа. Земајќи го зборот „душа“ во смислата дух – душа, јас никако нема да кажам дека таа е со исто потекло како и животинската душа, зашто духот е од Бога; земајќи ја пак одвоено од духот, јас го велам точно тоа. Кога Бог го создавал човекот, најпрвин од земјата го образувал телото. Што претставувало тоа тело? Глинен гулаб или живо тело? Претставувало живо тело – во лик на човек со животинска душа. Потоа Бог вдахнал во него Дух Свој и од животното станал човек – Ангел во човечки лик. Како тогаш што се случило, така луѓето настануваат и денес. Душите се раѓаат од родителите или се ставаат во луѓето по пат на природното раѓање, а духот го вдахнува Бог, Кој е секадеприсутен. И не разбирам, зошто за тоа би се вознемирувале?! Кога ќе речете дека човекот е животно, дали мислите само на месото или на целиот негов живот? Секако, на целиот живот, со животинската душа. А кога на тоа додавате „разумна“, што со тоа означувате? Тоа да, иако човекот е од една страна исто што и животните со животнска душа, од друга страна тој е неспоредливо над животните, зашто има разум – (грч) „нус“, што во потполност одговара на зборот „дух“. Зборот „разумно животно“ е исто што и зборот „одухновено животно“.
Светите отци разлкуваат – дух, душа и тело. Антониј Велики, Исак Сирин, Ефрем Сирин и други. Тие не кажуваат какви се особините на нашите души. Но, споредувајќи го она што свети Антониј го пишува за родовите не живите созданија, јас напѓам дека по неговото сфаќање нашата душа има иста природа како душата на животните.
Според свети Антониј нашата душа е на ист ранг со душите на животните. Тоа што нас нè одликува, тоа е умот, кого јас го нарекувам дух... Сè што тој зборува за умот, јас го препишувам на духот... и го изразувам со речиси исти зборови, тврдејќи заедно со него дека вистински човек и е оној кој живее по духот – што свети Антониј го изразува со зборовите: по умот.
... Душата - како духовно битие – не е пројава на некои други сили, како други на небото, туку е самостојна, посебна личност, слободно – разумна, чија нормална состојба е општење со Бога, Кој при создавањето ù искажал почит со Својот Лик.
Во човекот треба да се разликуваат душа и дух. Духот содржи Боженствено чувство – совест и со ништо не може да се задоволи освен со жедта за бесконечното. Тоа ја претставува онаа сила која во човекот е вдахната при создавањето. Душата е нижа сила или дел од таа иста сила, која е одредена да ги води делата од земниот живот. Таа е како животинската душа, но возвишена заради соединувањето на духот со неа. Соединувајќи се со животинската душа, Боженствениот дух ја извел на степен на човечка душа. И човекот станал двоен: едно го влече горе, а друго – долу. Кога човекот се држи до својот чин, тој живее со духот, то ест, се раководи со страв Божји: слуша совет и го бара она повисокото. А кога подлегнува на нагоните на нижата душа, тој излегува од својот чин, мислејќи дека она за кое духот жеднее ќе го пронајде меѓу другите ствари. Ова не му оди од рака, па се крши и заморува. Духот тука е како затвореник во окови, се наоѓа во служба на варвари – похотните страсти. Ниту тој самиот може да се задоволи, ниту може да им удоволи на страстите, иако им допушта бескрајно да се шират. Зошто животните потреби кај животните се во своја мера, додека кај човекот, кога ќе се предаде на сетилноста, сетилните потреби немаат мерки и граници? Таа прекумерност им ја предава духоткој паднал во нивно ропство; а духот со таа прекумерност се обидува да ја задоволи својата жед за бесконечнста, по чиј образ е создаден и во која е единственото негово богатство.
За што и да размислуваш, секогаш ќе дојдеш до заклучок дека човекот поседува дух чиј вистински живот е во Бога. Само таму тој наоѓа мир, таму е неговиот рај и  ветената земја.
Што е главно кај човекот, телото или душата? Душата е главна. Кога душата е жива, жив е и човекот. А кога умираат, што умира – душата или телото? Телото, а душата останува жива.
Ние имаме два тасови – дух и тело – кои се претекнуваат еден со друг. Телото – кон погубување, а духот – кон спасение... ова се однесува и на храната, и сонот другите угодности. Направете телото да почувствува дека е над нив – цврста рака. Штом телото ослаби, духовното чувство ќе оживи. Во тој поглед премногу значи да не се допушти раслабување, сите делови да се држат „во став мирно“ преку внатрешно напрегање на мускулите . Ова многу ù поборствува на бодроста на духот и ù помага на душата да стои во трезвено расположение.
... Природата на душите и ангелите не може да биде материјална. Но, една работа е природата, а друга – обликот на постоење. Кој не сака да ја прифати душата со обвивка, тој нека ја фопушта оваа обвивка, но покрај природата на душата, која мора да биде духовна. Допуштајќи обвивка – фина, етеричeн, ќе добие форма и ќе остане задоволен.
… Знајте дека сè она што се прави по потреба, без склоност – не нанесува штета на душата.
Постои природна душевност и телесност, а постои и неприродна. Последната сета се изразува преку страстите. Гасејќи и искорнувајќи ги страстите, вие ќе ја чистите душевноста – телесноста и ќе ја враќате во природната состојба. Тогаш таа ќе се одухотвори. Сево ова го устројува благодатта Божја, но и со наши напори. Главно е: да се жалиме себеси...
Нашиот дух со благодатта Божјасе обновува во силата за спротивставување на стремежите на душата и телото кон земјата. Кај христијанинот – тој е веќе обновен. Но, невниманието кон него и неговото дело прават земното да успева да нè заведе и како магла да ни го скрие небото. Најдобар начин да се зајакни нашиот дух во неговата борба со душата и телото кога овие тежнеат кон земјата, е сеќавањето на исходот на душата и Судот кој потоа ќе следи, кога ќе биде решена нашата судбина.
Сите ние сме и по своето назначување должни да бидеме храмови Божји... Световниците, обземени со своите суетни грижи, тоа го забораваат или заглушуваат во себеси, додека монасите и монахињите точно за тоа и почнуваат да живеат особен начин на живот, да би (на дело) го покажале она што апостолот го објавува за нас.
… И веи ќе станете храм каде што престојува Бог... Ѕид на тој ваш храм е – трпението; престол – срцето благодарно на Бога, пеење – сите ваши чувства кон Бога: верата, надежта, предаденоста на Неговата света волја и секоја молитва; диригент во тој хор е – благоумниот дух, кој собира и изведува песни во непрестајно богомислие...
... Пребивањето на душата со Господа или посетувањето на душата од страна на Господа, во што е сета суштина на внатрешното делување, не зависи од нас. Господ ја посетува душата, таа постои со Него, и се радува пред Него, и се грее со Него. А штом Господ од неа се оддалечи, таа се опушта и никако не е во состојба Посетителот на душата да го врати кон себе. Заминувајќи, Господ ја храни душата, а се случува да заминува и казнувајќи ја, не заради надворешните дела, туку заради нешто што внатре примила. Кога Господ заминува хранејќи ја душата, тогаш штом таа заплаче, Тој брзо ќе се врати. А кога заминува казнувајќи ја, нема брзо да дојде – не додека таа не стане свесна за гревот, додека не се покае, не исплаче и не ја издржи епитимијата.
Стравот Божји, смирението, внимавањето на себе и на Господа, неизгасливата ревност за спасение, несожалувањето себеси и слично – сè ова претставува несомненнак дека душата е жива и дека багодатта Божја е со неа.
Како изгледа вашата душа? Ако не се колебате во верата и ако имате тврда одлучност да барате спасение, тогаш вашата душа несомнено стои на страната на светлоста.
Душата треба да се храни со вистини, одредувајќи секој ден одредено време за молитвено вдлабочување во христијанските тајни... Се работи во тоа вистината да биде примена во срцето, да го исполни и да се распламта во него. Тоа значи дека душата ја вкусила вистината; а ако ја вкусила вистината, тогаш и се напоила со неа.
Кој ќе пази на вашата душа, ако не сакате вие самите? Навечер преиспитајте ги чувствата на вашето срце од тој ден и строго судете за себе. Казнувајте се заради неисправност и извршувајте ја казната.
Душата која што не е испитана со страдања, за ништо не е погодна.
Свети Јован Златоуст вели дека тоа (телото) на земјата душевно затоа што се оживува со само со душата. А по воскресението ќе биде духовно, затоа што нема да биде престојувалиште само на душата, туку на душата исполнета со Дух. И на земјата, вели тој, душата го има Духот, но Тој не ù е секогаш својствен, зашто понекогаш се одгонува со нечисти мисли, чувства и дела; а таму Тој во потполност ја исполнува. Пота свети Златоуст додава: а можеби (телото) после воскресението се нарекува духовно затоа што ќе биде полесно, пофино и поподвижно.
Бог ù суди на душата по она што зависи од неа самата, а не под она над кое таа нема власт. Во срцето држете ја намерата да не отстапувате од Господа и Тој тоа ќе го прими како добро дело.
Јас... се држам до мислењеточ дека тогаш кога душата се растројува, покрај растројството на нејзиниот орган – телото, духот останува здрав, и таму, подлабоко од свеста, сè повеќе и повеќе созрева во оној правец во кој созревал кога тоа растројство му се случило.
Духот е бодар, а телото слабо. Но кога е духот бодар, слабоста на телото нема големо влијание. Духот бодар, тоа е ревноста за спасение – автохтона сила која го совршува нашето спасение, во она што при тоа се бара од наша страна.
Духовната колебливост – тоа е наш заеднички дел. Треба да се трпи, предавајќи ја својата судбина во рацете Божји. Едно секогаш нека биде грижа – секогаш да се биде со Господа. Во секоја прилика треба да Му се обраќате директно Нему, Нему да Муги откривате маките на својата душа и да се молите да ве избави, ако е тоа Негова волја.
Без сеќавање на Бога, без страв Божји, без љубов кон Бога душата не може да се задоволи.
Може да се смета (и јас така мислам), дека душата и Ангелот се – духовни по природа, но облечени во фино етерично тело; а дека се тело по природа – така не може да се размислува.
Сфаќањето според кое кога некој живо се појавува и стои пред очите на умот, дека тоа значи дека бара за него да се помолиме, е исправно... Добро е така да се постапува... Постои општење на душите, и душата на душата ù пренесува вест.
Овде на земјата исто така стануваат пројави на општење помеѓу душите, во кое душата на душа, според поговорката ù пренесува вест. Слични взаемни дејства можат да се допуштат и помеѓу живите и умрените, то ест, со оние кои си отишле. Во писмата за тоа „Што е духовниот живот“, укажано е на општата стихија – етерот. Преку неа, дејствата од една душа на друга можат да преминуваат како електричната струја преку телеграфска жица. Телеграфскиот апарат тука е срцето...
... Ангелите и душите имаат после создавањето фина облога или тело, со чие посредство стојат во општење со телесниот материјален свет.
Душата не добива битие од телото, туку заедно со телото – затоа да би живеела со него. А смртта ги разделува. И чудесно е како душата ќе живее без телото, кога навикнала да живее со него. Раздвојувањето на душата од телото е казна и таа мора да се почувствува. Покрај своето тесно општење со Господа, светителите таа неудобност малку ја чувствуваат или не ја чувствуваат воопшти.
... Кај животните постои нешто налик на дејствата на нашата душа, а кај нас нешто налик на дејствата на животните... Животните имаат душа, но животинска (анимална). А човековата душа е човечка, повозвишена, како и самиот човек. Животните имаат свое место, а човекот свое. Созданијата Божји се така распоредени, секој повиско ред да ги содржи во себе силите на пониските, а освен нив има и свои сопствени, кои се својствени на неговиот ред и го карактеризираат. Во светот и неговата структура треба да се разликуваат, освен стихии, уште и систем сили распоредени на скала, кои одат од пониски кон повисоки. Најниска сила е онаа што делува во мртвата природа и чии највисоки органоци се појава на хемиско соединување и кристализација. Над таа сила стои силата на растот, која во своја власт ги држи и силата на кристализација и силата на хемиско соединување. Над силата на растот стои животната сила, која во своја власт ги држи и силата на растот, и силата на кристализација, и силата на хемиско соединување. Над животно – душевната сила е – силата на човечката природа, која во своја власт ги држи сите пониски сили и дејствува преку нив.
Чудесно е тоа жто ние имаме нешто заедничко со животните. Постои нешто заеднички и со билките: зашто исхраната и растот на телото се работа на силата на растот; но што од тоа да се заклучи? Ништо, освен дека секој има свое место.
Во човекот треба да се разликуваат душа и дух (духот е највисок дела на душата кого Светите Отци го нарекуваат око на душата). Духот содржи чувство Боженствено – совест и особина со ништо да не може да се задоволи. Тој е сила која на човекот во лице му е вдахната при создавањето. Душата е пониска сила, или дел от таа сила, наменета за водење на работите од земниот живот. Таа е од ист ранг како и душата на животните, но е возвишена заради соединувањето на духот со неа. Духот од Бога, соединувајќи се со анималната душа, ја возвел на степен на човечка душа. И човекот станал двосилен. Едно го влече горе, а друго долу. Кога човекот се држи во својот чин, тој живее со духот, то ест, се раководи со страв Божји, ја слуша совеста и го бара повисокото. А кога ќе подлегне на нагоните на нижата душа, тогаш го напушта своето место (излегува од својот чин), и мисли дека меѓу работите ќе го пронајде она што духот го сака. Тоа не му оди од рака, па се заморува и жалости. Духот тука е како затвореник во окови, се наоѓа во служба на варварин – похотните страсти. Тој самиот не може да се задоволи, ниту може да им удоволи на страстите, иако им допушта безгранично да се разлеваат. Зошто жиотните потреби кај животните се сите во своја мера, додека кај човекот, кога ќе се предаде на сетилноста, сетилните потреби немаат мерки и граници? Таа прекумерност им ја пренесува духот кој допаднал во ропство кај нив; со неа духот се обидува да ја задоволи својата жед за бесконечното, по Чиј образ е создаден и во Кого единствено е неговото богатство.
Што е душата? Она што останува... помеѓу телото и духот, тоа ù припаѓа на душата и го сочинува нејзиниот живот.
... На душата ù се дадени потреби, а за нивно задоволување се дарувани сили во кои е навестен и начинот за нивното задоволување.
Што окото видело, сликата на тоа веднаш ја забележува образно и ја составува во сеќавање, како во некаква архива.
Потребата или страста, кога е поттикната и не сакајќи ги наведува мислите на предметите со кои  може да биде задоволена и како да го приковува вниманието за нив, исто како што и обратно – сликата на страстен предмет солно ја вознемирува страста.
Покрај грешникот се наоѓа чувар кој го поставува сатаната и кој го следи и помрачува, полнејќи му ја главата со страстни слики.
Самиот тек на мислите излегува од душата и се раководи по нејзините закони.
Разумот создава податоци, составува поими, судови и заклучоци или изведува воопштување, ја одредува и развива мислата.
Дугот, кој нам секогаш ни е својствен како главна сила, созерцавајќи Го Бога како Творец и Промислител, ја привлекува и душата во таа невидлива и безгранична област.
Сеќавањето и вообразувањето создаваат цели повести со кои го соблазнуваат човекот, а им се приклучува и ѓаволот, па така станува цела војска непријатели кои се спротивставуваат на добрите цели на оној кој ревнува на свое исправување и усовршување.
Вистинското смирување на мислите претставува дар Божји; но тој дар не се дава без голем личен труд. Но, само со сопствени напори ништо нема да постигнете. И Бог ништо нема да ви даде ако не се потрудите со сите сили. Тоа претставува непроменлив закон.
Во светот се појавил човек, кој поседувал тросилен живот: духовен, духовно – телесен или душевен и телесен.
Соединет со телото, духот е поставен да служи во големиот свет Божји: да не живее во Бога тој самиот, туку преку себе и сео материјално да го воведе во општење со тој Боженствен живот.
Кога е пресечено живото општење со Бога, пресечен е и дотекот на Божествените сили. Духот препуштен сам на себе веќе не можел да биде господар на душата и телото, туку се повлекол и им се потчинил. Над човекот завладеала душевноста, а преку душевноста – телесноста и човекот станал душевен и телесен.
Чистиот ду се движи со Бога. Тој духовно прима потткнувања Божји и соодветно на нив се устројува и делува.
Чувствувате расејаност во мислите – треба да се загрижете. Тоа е многу опасно. Ѓаволот сака да ве натера во било каква стапица и таму да ве погуби. Мислите почнуваат да блуднеат после смалувањето на стравот и ладењето на срцето.
... На вниманието секогаш треба да муу се додава расудување, како на потребен начин би било испитано што се случува внатре и што се бара однадвор. Ништо без внимание и расудување. Од каде да се земе расудувањето? Од совеста, просветена со познанието на Божјата волја, соопштена во Евангелието и апостолските посланици.
За мислите да не би блудствувале, треба да се задобија такво чувство, во срцето непрестано да се биде со Бога... тогаш нема да има место за помисли од страна.
... Старицата вистина вели дека за воздржување на умот од лутање корисно е предметот да се замислува сликовито... Тоа може... Но бесмислено е да се врзуваме само за слика. Господ сега е во слава, седи од десната страна и сите светии се околу Него. Тоа може да се замисли. Но подобро е да се помине без слики, зашто силата на вообразувањето е груба. Подобро е само да се стои со вера дека Господ е блиску, отколку да го замислуваме. Старицата се навикнала и на сликата на распнатиот Господ кај неа се слила со молитвата на срцето, која тука е најважна. Тоа што старицата се задлабочува во молитвата дотаму да заборави сè друго, тоа навистина е милост Божја, заради нејзиното смирение без кое ова не би ù било дадено...
Разумот – тоа е созерцанието... Внатрешната молитва не станува без созерцување, кое и е вистинско набљудување на Бога пред себе. Созерцанието исто така се поврзува со богомислието. Богомислието е наљудување на светите тајни кои ни ги покажува Бог – постоењето на светот, неговото чување, промислувањето, домостројот на воплотувањето, спасението на секого и крајот на сè – кое понекогаш е пропратено со расудување и размислување, а понекогаш е само набљудување.
Богомислието е длабоко размислување за домостројот на спасението или воопшто за било кој поединечен предмет кој влегува во неговиот состав. Штом се пробудите, истиот час разгледајте сè – од создавањето до второто доаѓање, Судот и решавањето на судбините на сите луѓе. Тоа трае кратко... И држете ја молитвата додека не се соберете. Земете потоа еден предмет и вдлабочете се во него, додека не го обземе вашето срце... Тогаш во таква состојба правете молитва... И така цел ден... Соединувајте богомислие со молитва...
Никој освен Господ не може човекот да го научи на вистинско познание на себеси.

 

Подготви: Златко Дивјаковски