Konce1.jpg

На околу 20 километри јужно од Радовиш, по вијугавиот пат што ги сече родните полиња,што погледнати озгора изгледаат како распослани сликарски платна, преку прекрасните шарени ливади закитени со црвени булки, ќе стасате до општината Конче. Тука, во ова село, живописната природа и мирниот селски живот го облагородиле љубезниот селанин-тутунар, кој, во часовите на одмор, секогаш отворен за посетители, е подготвен и расположен да ве покани во својот дом и да ви зборува за познатиот селски манастир, како и за самото село.

 Konce1.jpg


Тој, пренесувајќи ги приказните на своите предци, раскажува дека општината го добило своето име по големите и убави конаци кои постоеле околу манастирската црква. Во големиот и ограден двор, под дебелата ладна сенка на двовековниот јавор и старите и раскошни корпи на ореовите дрва, покрај чешмата со ладна вода, денес сочувани се црквата Свети Стефан, кулата-пирг која во голем дел е оштетена, како и еден конак изграден во поново време. Убавината и мистичноста на манастирот ги надополнува и приказната за Кантакузина, ќерката на деспотот Ѓурѓе, која тука ги минала последните години од својот живот, престојувајќи во кулата веднаш до црквата. Бидејќи кулата, или пиргот како што ја нарекуваат селаните, немала влез однадвор, Кантакузина морала да влегува и излегува преку еден подземен тунел што водел од под олтарот на црквата до кулата. Во близина на пирг-кулата се наоѓа и нејзиниот гроб.

 

Konce1.jpg
Точниот датум на градење на црквата не е познат. Единствено се знае дека таа е изградена пред 1366 година, бидејќи тоа е годината кога манастирот, со една хрисовуља на цар Душан, бил приложен на Хиландар. Нејзин градител, или пак обновувач, е познатиот војвода Никола Стањевиќ.

 

Konce1.jpg
Внатрешноста на оваа црква, со форма на впишан крст и со купола врз осмостран тамбур, денес во поголем дел е малтерисана и варосана, додека од првобитниот живопис е сосема малку сочувано. Иконите на иконостасот се изработени од страна на зографот Димитар Андонов Папрадишки. Денес овој манастир е под јурисдикција на Брегалничката епархија, а моментално парохиски свештеник е проерејот Гоце Младенов.

Konce1.jpg

Konce1.jpg

Konce.jpg

 Konce1.jpg

   

Подготви: Симеон Алексов

Посети: {moshits}