Скопска Црна Гора - македонската Света Гора

Image may contain: tree, sky, outdoor and nature"

3.angeli.so.truba

За црквата Свети Никола во Љуботен, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, запишал дека надвор од селото на видно место има стара, но убава црква која се гледа дури и од Скопје, која според натписот над нејзината врата таа била изградена од царот Стефан Душан.
Авторот на овој фрескопис до ден денес останал непознат, но се смета дека потекнува од охридската школа. Стилските особености на неговата сликарска техника говорат за еден мошне талентиран зограф чии цртежи отскокнуваат од вообичаената иконографска концепција. Тие се ослободени од груби анатомски неточности, а во сликањето на фреските се забележува еден суптилен, пореалистичен пристап надополнет со богатиот колорит во кој доминира употребата на топлите тонови. Ова е евидентно во долната партија на северниот ѕид каде покрај светителите во цел раст, се предадени портрети на световни фигури-членови на царското семејство: царица Елена, цар Душан и нивниот син Урош. Од композициите покарактеристична е онаа со сцените од Свадбата во Кана Галилејска. Во периодот од 2006 до 2017 година, фрескоживописот во црквата бил реставриран и конзервиран.


Се работи за црква од 14. Век со  исклучително богат фрескоживопис."


Територијата на  Скопска Црна Гора е предел од Македонија кој  е богат со над 50 цркви и манастири.

 3.angeli.so.truba

Избор од фб профил на

Simeon Stefkovski