Блажени Иперехиј

1. Почеток на монашкото одрекување (од светот) е стравот Божји. Монахот кој го нема таквиот страв ќе остане надвор од дверите на Царството Небесно.

2. Почеток на монашкиот живот е добро познание; непознанието на Бога ја помрачува душата на монахот.

3. Монаховиот добар удел се целомудреноста и освештувањето; без нив монахот се лишува од својот удел во наследства на Отците.

4. Монаховото подвижништво се состои во размислување над (Светото) Писмо и во творењето на Божјите заповеди. Монахот кој не се посветува на ова не е подвижник.

5. Монаховата храна е творењето на Божјата волја, а пиењето негово – исполнувањето на Христовите заповеди. Оти сетилната храна не го приближува монахот кон Бога, туку „оди во стомакот и се исфрла надвор“ (Мт. 15:17).

6. Чекорот на монахот кој побожно чекори се лизга преку црковните скали. Побожен е чекорот на оној монах кој не преминува од дом во дом (Лк. 10:7).

7. Монаховиот живот мора да биде непорочен за да не стане предмет на потсмев на „жени натоварени со гревови“ (2. Тим. 3:6). Оти жената која чини блуд по домовите се јавува со стрелата на искушението (кое го прободува срцето на монахот).

8. Монахот треба (секогаш) да се советува со разумен (човек), а советот на неразумниот не смее да најде место во неговото срце.

9. Монахот кој стражи пеејќи псалми, славословија и духовни песни (Кол. 3:16, Ефес. 5:19) ги одгонува (од себе) ноќните привиденија. Но, кога монахот, возгордувајќи се со своите дела, почне да му се оддава на сонот, тогаш станува тој кој ја плете пајажината.

10. Добриот монах се избавува од ѓаволските мрежи со помош на крсниот знак. Земниот монах и склон кон она што е земно паѓа во сатански замки.

11. Монаховиот дух треба непрестајно да се занимава со чинење на добри дела. Духот на празниот монах не може да се преисполни со добро (даровите Божји).

12. Монаховото вежбање се состои во непрекидната чреда (на добрите) мисли, кои надоаѓаат една по друга. Бдејното монахово внимание ги скротува нечистите помисли.

13. Монаховата ораница е добрата душа, која евангелски плодоноси (добри плодови). Монахот кој ја чува за пример, вкусува од нејзините плодови. Сладок е нејзиниот плод во монаховата уста, оти тој плод е – награда за неговите трудови.

14. Монаховата сила е во сиромаштвото, оти (единствено тоа и е кадро да) го подигне Крстот. За монахот среброљубието е страшно, кое ги затвора (дверите) на Царството Небеско.

15. Монаху, со сето срце внимавај на себе, да го растераш од себе својот противник – ѓаволот (кој се бори против тебе) и во мислите и на дело.

16. Девственоста е добар дар (Божји) на монахот: тоа го вознесува на (огнена) кочија заедно со Илија на Небо (4. Цар. 2:11). Затоа и ти, монаху, засакувајќи ја девственоста, вознеси се на огнената кочија, оросувајќи го залезот (на сонцето) со потоци од солзи кои истекуваат од твоите очи.

17. Смирението е дрво на животот, кое расте во височина.

18. Монахот, кој стекнал сила (Божја), собира плодови добри.

19. Девственоста се зајакнува со воздржување од јадењето. Монахот кој му се предава на претерано јадење и пиење, го сквернави животот свој. Тој од Христа ќе чуе: „Ја прими платата своја“ (Мт. 6:2); посрамен и (некадарен било што) да одговори, тој и ќе прими (соодветна) плата од Христос Кој го знае она што е тајно.

20. Монахот кој на Бога Му го дава Божјото (Мт. 22:21) не треба да се превознесува, но треба, молејќи Му се на Бога, (непрестајно) да произнесува „Твоето од Твоите Тебе Ти го принесува, а од Тебе молам единствено – да ја спасиш душата моја!“

Подготви: Б.Ѓ.

СОВЕТИ НА ПОДВИЖНИЦИТЕ (II)

Посети: {moshits}