Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

  Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

Кој не верува во чуда, не верува во Творецот. А чудата се секаде околу нас, тие се нашето секојдневие, само што нашата душа е честопати заслепена и не може да ги восприеми. Чудо е секое изгрејсонце, чудо е самото наше постоење.  Чудо кое говори за Творецот и неговата сеприсутност е и волшебната природа на Беровскиот регион, каде Тој ја положил својата дланка.

Во самото срце на таа чудесна Македонија, во самата срж на таа раскошна природна убавина се наоѓа женскиот манастир Свети Архангел Михаил. Изграден во средето на древното Берово, сместен помеѓу убавината на природата и зелената шума, со својата автентичност говори за двовековната жива традиција на богоцентрично организираниот живот на монахињите, кои живееле и живеат во денешницата. Чудо е и самата изградба на црквата која е непобедлив сведок за истрајноста и вербата на беровчани како народ. Легендата вели дека Старата Црква е изградена под исклучително тешки услови, побарани од тогашниот валија–Црквата да биде изградена за само 40 дена, под земја, така што кога ќе се поминува од главниот пат да не се забележува.  Чудото за изградбата на манастирот се обистинило и Старата црква осамнала на утрото од четриесеттиот ден, под земја, за и ден денес, речиси по двесте години, да дише со истиот здив на бескрајната и непоколеблива верба и истрајна молитвата со која е изградена. Речиси двесте години во манастирот  непрестајно живее молитвата на сестрите.

Овие духовни светилки облечени во темнина, најрадосно ја шират молитвата и верата во Бога, грижејќи се за манастирскиот комплекс и за секој добронамерник кој го пречекорил неговиот праг. Како камчињата во мозаиците кои ги изработуваат од дамнина, со секоја нивна насмевка и добар збор во душата на посетителот се офромува слика, се создава икона од емоции, која зрачи со радоста родена од вербата во Бога, творецот наш. Смирението кое манастирскиот комплекс го нуди е она кое ни е неопходно за да се справиме со секојдневните грижи, да си ја исплакнеме душата и да ја престориме во огледало во кое ќе се отсликува сиот мир и сета Божествена убавина на овој Свет.

  Sinklitikija.jpg


Токму за да може секој добронамерник кој го пречекорува манастирскиот праг, со што влегува во Божјите одаи на земјава, да си го најде своето смирение, денес во манастирската црква, но и во новоизградениот параклис, посветен на Свети Григориј Палама и Старец Јосиф Исихастот секојдневно има Богослужби- Литургија, вечерна и повечерие. 

  Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

За жал, Параклисот  кој е изграден оваа есен, сеуште не е фрескописан. Така, една од земните Божји одаи стои неукрасена. Утеха за сестрите а и за секој посетител е молитвата која како да зрачи од празниот малтер.  Но, кога таа молитва би сјаела од погледот на светците нарисани од раката на некое уметнички продуховено Божјо чедо, со смирението кое уметноста на фрескописанието го нуди би се продлабочило лековитото дејство  на самата молитва. Поради студот кој знае да го зафати Беровскиот регион, богослужбите во тек на зимата ќе мора да се одржуваат во овој, сеуште не фрескописан Параклис.  Затоа сестрите се надеваат и секојдневно се молат,  со помош и поддршка на верниот народ, во најскоро време да успеат да го фрескописаат параклисот. Така народот ќе има место каде и во време на најголеми студови ќе си ја топли душата, уживајќи во чудата на животот кои Творецот ни ги нуди безрезервно и секој ден.

  Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

   Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

 Sinklitikija.jpg

  Sinklitikija.jpg

Sinklitikija.jpg

  Sinklitikija.jpg

   

Со љубов во Христа
Сестринството на Беровскиот Манастир Свети Архангел Михаил

Фото: Ратислав Кардалев

 

 20-ти октомври, лето Господово 2013

 

 https://plus.google.com/photos/106343691710660870991/albums/5935089974472955409?authkey=COyMn6al_ujxKw