Архимандрит Софрониј   -  ЗА МОЛИТВАТА -  (извадок)

Името Божјо, должни сме  да Го призиваме во потполно смирение.
Гледај,  Христос,  Владетелот на се во светот,
се овоплоти како човек,
смирено, дури до смртта  на крстот.

И затоа Името Негово се велича, повеќе од било кое друго име, не само во овој век, туку и во идниот. Отецот Му даде да седне од десната страна на Небесата. Го постави за глава на Црквата - која е Тело Негово, полнота на Оној Кој се исполнува во се
 (Еф. 1, 20 - 23).

„Господе Исусе Христе, Боже наш, помилуј не  нас и Твојата Црква и светот Твој,  по молитвите на Богородица, на светите апостоли и на сите светии  Твои“.

Патот на нашите отци бара силна вера и стрпливост, додека, пак, нашите современици  се обидуваат да ги присвојат сите духовни дарови,  вклучувајќи го и непосредното видување  на Апсолутниот Бог за кратко време користејќи го притисокот.

Често може да  се сретне склоноста да се изведуваат паралели помеѓу  молитвата со Исусовото име и јогата, или  „трансценденталната медитација“ и сл.

Мислам дека е неопходно да укажам на опасноста која се заканува од таквата заблуда
 - опасноста на молитвата да се гледа како на просто и лесно „ техничко“ средство кое не доведува до непосредно соединување со Бога.
Сметам дека е неопходно, категорично да ја нагласам радикалната разлика меѓу Исусовата молитва и сите други аскетски теории.
Се лажат сите оние кои тежнеат интелектуално да се ослободат од се што е минливо, релативно,  за да пречекорат некој невидлив праг ,  да ја доведат до свеста својата беспочетност, својата „идентичност“  со Изворот на се што постои;
 за да  Му се вратат Нему, да се стопат со Него, со безимениот трансперсонален Апсолут;
 за во океанот  на надмисленото да ја растворат и својата личност која ја мешаат со индивидуализирана форма  на природното постоење.

Аскетските напори од таков вид им овозможиле на некои да се воздигнат до металогичното согледување на постоењето;
да почувствуваат извесен мистичен трепет, да ја запознаат состојбата на тихување на умот, кога тој ќе зајде зад границите на временските и просторните  димензии.
За време на сличните искуства човек може да  го чувствува мирот на занемарување на непосредно променливите појави на невидливиот свет; може да се отвори за слободата на духот и да ја согледува умната убавина.

Многумина , понатамошниот развој на имперсоналната аскетика ги довел до согледување на Божествениот принцип во самата природа на човекот;
 до тенденција на самообожување,  која лежи во основата на големиот - пад;
 ги довел во самите себе си,  да гледаат некаква  „апсолутност“ која во суштина не е ништо друго туку одраз на Божјата Апсолутност, кај Оној кој е создаден по образот.

Последицата е , теженеење кон враќање во таква состојба на мир, во која  човек, наводно, бил пред своето доаѓање  на овој свет; во секој случај, после искуството на занемарување на условите на овој свет, во умот може да се роди овој вид на интелектуална аберација.

Не ми е сега целта да ги набројам сите можни вариции на интелектуалните интуции. Ќе кажам  од своето искуство дека Вистинитиот  жив Бог,
 т.е. Оној Кој Е,  во сето тоа го НЕМА!

 Сето тоа е природен гениј на човечкиот дух во неговите сублимирани движења кон Апсолутот . Сите видувањаа кои можат да се постигнат на овој пат се самосогледувања, а не,
Богосогледувања. 
Во сето тоа, ние за себе ја откриваме убавината која се уште е само тварна , а никако и Пра-Битие. И во сето тоа за човекот нема спасение!

Почетокот на вистинското избавување е во несомненото целовито  прифаќање на Откровението: Јас сум Алфа и Омега, Прв и Последен (Отк1,17).

Бог е личен Апсолут, Троица Единосуштна  и неразделива: на ова Откровение е заснован целокупниот наш христијански живот.
Овој Бог, не извлекол од небитие во живот.
Познавањето на Овој Жив Бог и вложувањето во Тајнните на Неговите патишта не ослободува од мракот на нашите сопствени ниски идеи за Апсолутот;
не спасува од тенденцијата,  несвесна но сепак погубна за напуштање на секое постоење - битисување.

Ние сме создадени затоа за да му  го соопштиме на Божественото Битие навистина Постоечкиот.
Христос ни го има покажано овој тежок и долг пат: зашто тесна е вратата и тесен е патот што води во живот
(Мт.7,14)
.
Запознавајќи ја длабоката мудрост на Творецот, ние ги прифаќаме и страдањата со кои се стекнува вечноста Божја. И кога ќе не осветли Неговата Светлина, ние истовремено ги гледаме обата краја на бездната:
 од едната страна е мракот на пеколот,од другата - славењето на победата.
На најконкретен начин сме воведени во областа на Боженствениот нетварен Живот.

Пеколот ја губи власта врз нас.
 Ни се дава благодат да ја живееме состојбата на Овоплотениот Логос - Христос,
Кој се симнува во пеколот  како Победник.

Во тој момент ние, со силата на Неговата љубов, Сесоздадено го опфаќаме во молитвата:

Господе,  Седржителу Добри, помилуј не  нас и Твојот свет...

Превод: Мирјана  Даниловска