( Извадок од „Свети Нифонт - подвижник меѓу епископите“)
 
Овде,навистина, никој не му придаваше значење на блажениот Нифонт. Многу малку беа оние што  ја препознаваа неговата  светост. Тоа всушност и самиот  го бараше од Бога , луѓето да го сметаат ништожен.
И Тој го послуша.
Така, не само што не го сметаа за свет , туку и многумина и самите блудни и развратни, му се потсмеваа и страшно го злословеа.
 
Некогаш ќе дојдеше некој познајник и ќе му речеше:
- Оче, има некои луѓе што зборуваат страшни работи за тебе.
А тој мирно одговараше:
- Никој досега ништо страшно не можел да му направи на Нифонт, освен ѓаволот. Тој и јас ќе се јадеме додека сум на овој свет...
 
Тогаш тој се молеше за оние што го осудуваат зборувајќи:
 
-  Помилуј ги Господе, оние што ми се потсмеваат,
коишто лошо зборуваат за мене или ме мразат,
или ми правата било какво зло.
 
Бидејќи Ти знаеш, Господи дека и нив
лукавиот ѓавол ги турка во
смрдеа и разврат,
како што ме потикнува и мене секојдневно
да го жалостам Светото Име Твое.
 
Затоа Те молам, Оче Седржителу,
Боже и Господи на милоста
приклони се со Своето милосрдие кон луѓето
кои мислат зло за мене
и направи ги сите светли,
сите големи светители.
 
Дај им благост Господи и кроткост.
Дарувај им  мир Владико Мој и просветлување
и удостој ги да уживаат во вечната слава Твоја,
како благ и човекољубив.
 
 
Голема утеха и сладост му донесуваа таквите молитви. Кога Го молеше Господ за своите непријателим лицето му светеше од духовна наслада и му руменееше, како оросен трендафил.
 
 
- Нека дојдат ваму - велеше сиот преобразен.
- Нека дојдат ваму да им ги целивам нозете!
Не знаат дека ми плетат големи венци.  
Како што срната жеднее под водни извори, така и душата моја Боже, копнее по Тебе.
 
 
И додаваше:
- Оној  што го мрази навредувањето, злословењето и понижувањето од луѓето, не се наоѓа во Божјата слава, ниту  ќе го наследи Неговото Царство.
 
Кој сака да се спаси нека знае дека ако живееме во трпение таму каде што луѓето не презираат и понижуваат, ќе добиеме од Бога венец со голема слава .
 
Обратно,каде што уживаме почест и пофалба од луѓето, да не остануваме, туку да бегаме на друго место. Таму ќе можеме да се спасиме и заслужено да стекнеме Царство Небесно.
 
 
На Божјите слуги им е неопходно понижувањето, како што и во Црквата е неопходно Светото Евангелие и умилното псалмопеење.
 Бидејќи - а тоа навистина е достојно за восхит - кога луѓето не осудуваат ние одиме по Божјиот пат со големо смирение, држејќи ги внимателно заповедите од Господ наш Исус Христос.
 
А кога ќе почнат да не фалат, тогаш со нас завладуваат гордоста, суетата и ништожноста и тогаш отстапуваме далеку од Бога.

Подготви::  Мина Даниловска