manastir.Halkidiki10.jpg
(од  „Православна Црква и Екуменизам“ - Архимандрит Јустин Поповиќ)

 Сите Божествени вистини овоплотени во Богочовекот Христос, непрекинато излеваат од себе неброени и неизмерни Божествени сили, неопходни на човечкото битие за спасение, за обожување, за охристовување, за воцрковување, за продуховување, за отроичување, за обогочовечување,  и се нарекуваат со еден збор: БЛАГОДАТ.

 Сите тие Божествени сили сестрано имаат Богочовечки својства и карактер. И со тоа со сето свое битие се во Богочовечкото Тело на Црквата, од него и во него.
 Во Црквата сè е  Богочовечко, затоа што сè е Богочовеково.  Нема ништо во Црквата што е вон категоријата на Богоочовечкото и Богочовечното.

 Нашето спасение = нашето Обогочовечување не е ништо друго туку наше непрестајно облагодатување. Во Црквата и преку Црквата, благодатта е океан без брегови на божествените Богочовечките, обогочовечувачки, Охристовувачки, Отроичувачки сили кои непрестајно дејствуваат и делуваат во Богочовечкиот организам на Црквата.
 Со Богочовекот Христос, Кој е Црква, нам ни се дарувани сите Божествени сили кои им се потребни на луѓето за живот и побожност во обата света .

 Спроти  Богочовекот и како Личност, и како Црква, стои  човекот со својата боголика природа. Бидејќи создаден да биде Боголик, човекот поседува Боголика слобода. Таа слобода е со огромни, неизмерни размери. По својата слободна волја човекот може дури и Бога да го отфрли и ѓаволот да го прегрне. И уште: Човекот може да постане и „бог по благодат“, но и ѓавол по слободна желба.
 Употребена богомудро,  слободната волја го приведува човекот кон Бога и го соединува со Бог;  злоупотребена, таа го приведува човекот кон ѓаволот и го соединува со ѓаволот. Историјата на родот човечки е речит сведок за тоа.

 Бог затоа и постанал човек, за како Богочовек, во Својата Богочовечка Личност да му покаже на човекот и да го научи човекот како може богомудро да раководи со својата слободна волја и од себе со благодатта да изгради благодатен, Христолик човек, и до потполност да ја восоврши Боголикоста на своето битие.
 А за  да ги даде потребните Божествени сили на човекот заради постигнување на таа цел, Тој врз Себе, Богочовекот, основал Црква  со нејзините Свети Тајни и Свети добродетели.  
 Постанувајќи „сотелесник“  со Богочовечкото тело,  на Црквата ( Еф.3,6), со помош на Светите Тајни и Светите добродетели, човекот и ја постигнува поставената цел со Бога:
„Станува Бог по благодат“.
  Сета спасоносна мудрост и Богомудрост на човекот Христијанин се состои во тоа што тој сета своја слободна волја доброволно ја потчинува на Божествената волја на Господ Христос, по углед на Самиот Господ Христос, кој во Својата богочовечка личност, Својата човечка волја доброволно ја потчинувал на Својата Божествена волја.

 Тој Богочовечки однос, помеѓу волјата Божествена и човечка, важи како најсовршен закон и најнеопходно правило во Богочовечкото Тело Христово  - Црквата: Својата човечка волја доброволно да се потчинува на Божествената волја на Господ Христос и така  со помош на благодетите на Светите Тајни и Светите добродетели да се осигура себе си спасение и живот вечен во Царството на љубовта Христова.

 Во Богочовечкото тело на Црквата дадена е сета благодат на Троичното Божество, благодат која спасува од гревот, од смрта и од ѓаволот, препородувајќи нè нас, преобразувајќи не нас. Но на секого од нас му се дава таа благодат  „според мерката на дарот Христов (Еф.4,7)“.

 А Господ  Исус Христос ја одмерува благодатта на секого според трудот негов (1 Кор. 3, 8), според трудот во верата, во љубовта, во милосрдието, во молитвата, во постот, во бдението, во кротоста и покајанието, во смерноста и во трпението и во останатите  свети добродетели и во евангелските Свети Тајни.

 Предвидувајќи со Своето Божествено Сезнаење, како кој од нас  ќе се користи со благодатта Негова,  со даровите Негови, Господ Христос  така и ги разделува даровите Свои, на секому според  неговите сили (Мт. 25,15).

 Меѓутоа , од  нашиот личен труд и умножувањето на Христовите дарови ни зависи местото во Богочовечкото тело Христово - Црквата, која  што како Едно и неделиво небоземно Богочовечко битие се протега од земјата , наугоре  над  сите небеса над небесата.

 Воколку човекот повеќе живее во полнотата на Христовата благодат, вотолку ќе има и повеќе дарови во него и дотолку повеќе се разлеваат врз него, како по сотелесник Христов,  Богочовечките сили  на Црквата Христова - Телото Христово, сили кои нè очистуваат од секој грев, не осветуваат, обожуваат, обогочовечуваат.

 Притоа, секој од нас живее во СИТЕ и заради СИТЕ , зашто сите сме - Едно тело.
Затоа, секој и се радува на даровите на своите браќа, особено кога се поголеми од неговите.

Преведе: Мирјана Даниловска - Мина