starec.Sofronij.freska.jpg
„Од искуството на маките пеколни треба да се роди молитва за целокупниот човечки род за кој што се молиме како за  самите себе“  (Мт. 22,39).
Секоја наша состојба ние со духот ја пренесуваме од тесната рамка на нашата индивидуалност на целото човештво; на тој начин секое наше искуство станува откровение за тоа што во човечкиот род се случува низ вековите, па така нашето духовно сплотување со него добива карактер на опиплива реалност.
Господ нам ни ја откри вистинската смисла на заповедта:
„Љуби го ближниот како себе си,“ во својата Божествена безграничност. Поранешниот обем на оваа заповед (во Мојсесевиот Закон) досегаше само до Еврејскиот народ:
„Не се свети и не мрази на синовите на народот свој, туку љуби го ближниот свој како самиот себе“ (Лев. 19,18).
Христос го прошири на сите луѓе, на сите векови:
„Сте слушале дека е кажано - Љуби го својот ближен и мрази го непријателот.  А јас, пак, ви велам - љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат. За да бидете синови на вашиот Отец Небесен... “ (Мт. 5, 43 - 45).

Единородниот Син на Отецот Небесен ни го даде тоа сознание - низ разговорот со законикот (Лк. 10,27 и понатаму); а и во нашиот живот, Духот Свет. Сè тоа Сам Го исполни во полна мера, завршувајќи со Гетсиманија и Голгота. Проникнувајќи во духот на оваа заповед и ние се уподобуваме во Бога.

 

Не ни е лесно да го усвоиме животот во Бога. Ниту оние кои што го засакаа доаѓањето Христово - на Јагнето Божјо, не можат во потполност да го примат благословот  кој што де изли врз нив.
 До болка се мачат целиот живот оние кои што во пламен порив на верата го зедоа крстот врз плеките и тргнаа по Него (Мт.16,24).
Нив ги снажела надежта,  по излегувањето од тука да влезат во онаа Светлосна сфера „каде што е Тој“.

„Кој  ми  служи мене, нека врви по Мене и каде што сум Јас таму ќе биде Мојот слуга.  И кој Ми служи Мене, него ќе го уважува и мојот Отец“ (Јн.12, 26).
„Колку  и да е пламена верата на Христијаните, задачата да се преобрази нашето понижено тело така за да  постане сообразно на Телото Годподово “ (Фил.3,21),
бара долгогодишен подвиг со пост и  со покајна  молитва.
Во долгиот процес на тој  подвиг се огледува дотогаш непознатиото опсег на Адамовиот пад. Ова сознание не им  се дава на сите во еднаква мера.  Но, возможни се, иако не често, случаите кога Духот Божји го спроведува подвижникот кој што се кае преку бездни недостапни за другите.

Верата во Апсолутниот Бог  треба да е слободна од било какво колебање. Во текот на годините на мојот живот на Света Гора, не се  сеќавам ниту на еден момент во кој што на моето срце  би му се приближило сомневање.
 Но, имаше случаи кога срцето исцрпено од долги молитви се одвраќало од Бога:
 „О, па ова  ги надминува моите сили“!  Сепак, последиците од овие моменти беа сосема позитивни.

Ние пред сè и над сè го  сакаме Христа.
Колку е попотполна љубовта, толку попотполно се чувствува нарушувањето на хармонијата. Дури и кога се има долго искуство и познавање на механизмите на сличните испитувања, ние не без страв ги откриваме во себе можностите за новиот пад.

 Отука молитвата, проследена со длабок плач кон Бога: „Излечи ме до крај“...
 И тој исцелува!
И срцето радосно благодари:  љубовта која што и до сега изгледала совршена се издигнала по квалитет, повеќекратно умножувајќи го разбирањето за добрината Божја.
(Продолжува)
Преведе М. Даниловска - Мина