МОЛИТВАТА СО ИСУСОВОТО  ИМЕ Е ПРИМЕНЛИВА ВО СИТЕ ОКОЛНОСТИ 
(Архимандрит Софроније)

Името на Исуса Христа за верникот претставува  како висок ѕид на утврдувањето. На непријателот не му е лесно да се пробие низ тешката железна врата;  не  му помага ниту измамата , само ако нашето внимание не се растура по надворешните предмети.
Молитвата со Името Негово и дава сила на душата не само да ги совлада штетните надворешни влијанија, туку и да направи значително повеќе: да влијае на средината во која што живееме. Таа не учи како да излегуваме од внатрешната длабочина на срцето и со браќата да се однесуваме во љубов и мир.
Мирот и љубовта заповедани од Бога, кога се множат , стануваат извор на пламена молитва за целиот свет.  Духот Христов не пренесува нас во пределите љубовни која што опфаќа се што е создадено.
Во таква состојба, душата со голема топлина се моли:

„Господи Исусе Христе, Спасителу наш, помилуј не нас и сиот твој свет“.

starec.Sofronij.freska.jpg
Господ никогаш не врши насилство над волјата на човекот; но и Него не е возможно  насила да  биде принуден нешто да направи.
Во својата молитва ние се трудиме  да стоиме во единство и целовитост на своето битие; пред се во соединувањето на умот и срцето.
За да го постигнеме ова блажено соединување на двете најважни сили на нашата личност, ние не прибегнуваме кон никакви вештачки средства (психотехники); во почетокот ние го навикнуваме умот  со внимание да ја следи молитвата, како што не учат отците, т.е. со внимание да го изговараме Името на Исус Христос и останатите зборови на молитвата.

Усресреденото призивање на Божјото Име, низ постојан , секојдневен напор да се живее во согласност со Евангелските заповеди, доведува до тоа умот и срцето да се слеат во заедничко дејство.

Во својот подвиг ние никогаш не треба да брзаме. Мора да се отфрли помислата:
да се направи што повеќе за што пократко време.

Вековното искуство докажало дека  она што ќе се постигне со психотехника не се задржува трајно; и што е поважно - не го соединува нашиот дух  со Духот на Живиот Бог. Пред нас стои прашањето на вечното спасение во најдлабоката смисла. Целокупната наша природа треба да се препороди: од телесна да постане духовна.

И кога ќе види дека сме способни  да ја примиме Неговата благодат, Господ нема  да се колеба со одговорот на нашите смирени повици. Неговото доаѓање понекогаш е такво што го обзема целото битие во толкава мера што срцето и умот се зафатени само со Него; овој видлив свет му го препушта местото на вишата реалност.
 Умот престанува  да мисли дискурзивно: тој целиот постанува - внимание!
 Срцето доаѓа во состојба која тешко може да се опише: тоа е исполнето со страв, но побожен, животворен. Нашето дишење при тоа станува воздржано: Бог се гледа и  внатре и од надвор. Тој исполнува СЕ и целиот човек - дух - ум, срце - чувства, па дури и телото, слиени живеат само со Бог.

„Господи, Исусе Христе, Боже наш, помилуј не нас, и твојот свет“.

Се осмелив да зборувам за тоа што најчесто монахот го чува во себе си, како драгоцена тајна во страв „Исус да не се  отстрани од народот“ (Јн,5,13). 

Додека се уште живеев во манастир ми беше дадено тоа за што говорам, но со уште поголема сила после моето заминување во пустињата. Таму, во осаменост го доживував присуството на Живиот Бог, се до заборавот на светот. Невозможно е адекватно да се опише искуството на Божјата посета. Тие не се повторуваат во ист облик, туку речиси секогаш наидува нешто ново, и со друг редослед.


Се сеќавам како призивањето на Името на Исус Христос  се стопи со (невидливото) доаѓањето на Самиот Него; од тој миг, ова чудесно Име, како и другите имиња Божји, за мене претставуваат канали за соединување со Него. Во тоа време, веќе бев свештеник.

Обавувањето на Божествената литургија, исто така поприми друг карактер: тоа повеќе не беше само побожен чин ослободен од колебливост во верата, туку чувствување со целото мое битие ФАКТИЧКО  присуство на Бога кој што ја извршуваше Светата Тајна.
Тогаш ја сфатив длабоката смисла и реалност на зборовите на Василије Велики: „Ти нам ни даруваш откровение на небесните Тајни. Да, Господ и нам, последните меѓу сите луѓе ни ја открива тајната на свештенослужењето.“

Многу пати, подоцна мојот ум беше воздиган до разбирањето на делотворноста на литургиското служење, но не  знам дали ќе можам да пронајдам зборови кои што би го изразиле тоа што го доживував?

Литургијата, како Божествен чин, се доживува со целокупното битие: не се поставува прашањето - како е возможно? Пред свештеникот стои  очевидноста на животните факти. „...Земете...ова е моето Тело...Пијте...ова е мојата крв...

И порано се причестував со вера, со љубов, но со помалку изразена свесност за тоа што се збиднува. Низ призивањето на Името на Исуса Христа ми беше дадено искуството на  блаженото но истивремено и страшното присуство на Вечниот Бог. Секако, со тоа не е речено дека таков редослед на доживувања е задолжителен  за сите.

На првите зборови на литургијата: „Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух“ -  пристигнува и милостивиот одговор  Божји, иако не секогаш со ист интензитет.
Литургискиот канон бара посебна одговорност и внимание; врв е моментот на епиклеза. Свештеникот, а со него и сите присутни во храмот, му се обраќаат на Бога - Отецот со молба да го испрати Светиот Дух.
И Он доаѓа и го извршува тоа за што се молиме.

Низ литургискиот чин, јас се научив да го посматрам животот на Христос - Човекот. Пред да им каже на апостолите:
Земете...ова е моето Тело, Он во себе се молел на Отецот. Он овие страшни зборови не ги изрекол како Седржител, туку како Син Човечки, учејќи не нас да не правиме ниеден внатрешен покрет на душата кој што би имал карактер на „самообожување“. Ова сознание го положив на темелот на својот живот во Христа: Му се молам на Отецот како твар; го очекувам спасението само како дар на љубовта која доаѓа Одгоре; Осиновување барам, не поинаку, туку преку Христа;
осветување и просветување исклучиво преку Светиот Дух.

 Сите Троица - Отецот, Синот и Светиот Дух - длабоко во мојата свест се Единствениот Живот, Единствената Љубов, Единственото Царство,  Единствената Светлост.
 Во секоја од нив полнотата Божествена е апсолутна. Тие во мене се делат неразделно. Тие во мене се сливаат - неслеано.

Тоа е вечната вистина на Божественото постоење, печатот за кој што копнеам низ целата свесност за сопствената недостојност. Јас не се обидувам Светото Тројство да го објаснам по пат на логичка апстракција, јас со стравопочитување ја живеам таа голема Тајна, низ чие што откривање ми е даден одговорот на сите мои прашања.

( продолжижува)
Преведе Мина Даниловска

 

 Друго: