starec.Sofronij.freska.jpg
....
Старецот Силуан немаше некој одреден духовник за време на целиот свој манастирски живот. Се обраќаше  на оној кој што во дадениот момент бил поблиску, кој што беше слободен да го прими.
Претходно се молеше Господ да се погрижи за него и  преку духовникот да му даде отпуштање на гревовите и исцелување на душата.
....
Кога имам работа со болните, моето внимание најнапред е усмерено на нивната духовна состојба: го знаат ли тие Бога и се надеваат ли на Неговата помош?
Страдањата, болките па дури и животните катастрофи доаѓаат на втор план.
Причината за човечкото страдање не смее да се занемари, макар колку и безначајна таа  да изгледа. Често, дури и премногу често, незаситната  желба за гревовни страсти претставува   извориште на  грижи и неволји.
 Па и во такви случаи духовникот мисли само за едно: како да го исцели човекот.
Кај луѓето кои се исцрпени со беда и напори и мал повод може да предизвика голема болка. Молитвата на духовникот е насочена кон длабочината на болеста. Соучевствувањето во секоја човечка болка природно предизвикува молитва во душата на духовниот отец.
Она што е карактеристично за служителот Христов е погледот насочен кон почетниот виновник на сите неволји и мачни светски судбини. Во неговото срце се собираат маките на целиот свет и тој со тажно срце се моли за сè  и за сите.

На Света Гора, јас значително полесно се среќавав со болни монаси отколку што тоа беше случај по доаѓањето во Европа со луѓето кои што живеат во светот. Првите (монасите) внатрешно се свртени кон Бог и сè веднаш се преведувало на духовен план.
Во Европа, меѓутоа, преовладуваат психички напнатости; следствено,  духовникот , за да им помогне на луѓето  приморан  е своето соучествување да го покаже  на истиот план.
Покрај постелата на таквите болни се случувало во нивните страдања да се вклучам и со духот и со душата, па дури и телесно, така што и моето тело се молело за нив. Ретко се случуваше, (но сепак се случуваше)
Бог да ги прима моите молитви и да го исполнува она за што кај него сум се залагал.
 Ми остана нејасно, заради што понекогаш со помала напрегнатост на мојата молитва, текот на болеста се менуваше во поволна насока,  додека пак, некој друг пат, при многу поинтензивна молитва, состојбата на болниот остануваше видно непроменета.
Го забележав следното: промената која настапува во душата за време  на молитва за некого, како и чувството на спокојство и радост, наместо грижа во срцето, секогаш значеа дека молитвата е услишана, а на болниот му е дарувано исцелување.
Јас не сум барал дар на исцелување на телесните болести.
При молитва за болните, сè сум оставал на Божјата волја - Он знае што секому од нас му е неопходно за негово спасување.
Не сум сосема убеден, дека тквата ориентација, т.е. избегнување на лично делување и влијание, предизвикала бесплодност на моите молитви.
Никако не сакав да станам „чудотворец“: самата помисла на такво нешто речиси ме плашеше, па сепак, наспроти сето тоа, се случуваше молитвата да остане без резултат, а верникот растажен - и јас сум помислувал дека на свештенослужителите им е неопходно  свидетелство од Бога за тоа дека Тој ги слуша нивните молитви и ги исполнува нивните прозби.

Поголемата помош на оние кои ја бараат преку свештеникот  кај многумина би ја зацврстила верата во Црквата.
Зашто, и самиот Господ се моли на Отецот:
„ Оче...прослави го Синот Свој, за и Синот Твој да Те прослави Тебе.“ (Јн17,1).
При молитвата за живите почесто се случува нашето срце да доживее промена од тага во радост.
Но нешто слично се случува и при молитва за умрените , дури и ако се умрени  навистина одамна.
 Исклучителен настан - да сретнеш на жив начин, во духот, лица кои порано не сме ги познавале и кои одамна умреле. Таквото општење со оностраниот свет е посебно својствено на молитвата на светиите.

Се случува, меѓутоа, иако ретко, и при молитвата за умрените, познати и непознати,  срцето да добие вест
за нивната моментна состојба, поволна или тешка.
Соединувањето на  Светиот Дух со душите на луѓето кои што неодамна или пред многу векови отишле од овој свет, сведочи за нивната лична вечност во нашиот Бог.
Нашата љубов се среќава со љубовта на оние кои на нашиот ум за време на молитвата - „предаваат некој духовен дар за наше утврдување’ (Рим. 1, 11 - 12).
Во средбите со лицата кои што му говорат за своите виденија, духовникот е загрижен за тоа, пред сè точно да го препознае изворот на видението: дали е навистина дадено Одозгора или е породено со надразнетата фантазија, или пак, е последица на влијанието на непријателските духови.
Задачата понекогаш е многу тешка, а во секој случај исклучително одговорна.
 Ако она што е дадено од Бога ние му го припишеме на ѓаволската сила, во опасност сме да направиме хула на Духот Свет .
И обратно: ако дејството на демоните го признаеме како Божествено, ќе го наведеме оној кој што се исповеда на поклонение на демоните.
Отука на сите духовници без исклучок им е неопходна постојана и усрдна молитва воопшто, и во секој посебен случај, за самиот Господ  да ги избави од грешките во просудувањата.
Кога на духовникот не му е јасна ситуацијата, тогаш на располагање му останува   „психолошки зафат“:  на исповедникот да му предложи ОПРЕЗ кон секој вид на необични  појави.
Ако видувањето навистина било од  Бога во душата на исповедникот ќе преовладее смирение и тој без противење ќе го прифати советот да биде трезвен.
Во спротивен случај, можна е негативна реакција и тежнение да се докаже дека видението е од Бога и ниту од било кој друг.
Токму тогаш има основа да се сомневаме во тоа!
 Секако, ваквиот метод е само палијатив и не треба лекомислено да се користи.
Искуството покажало дека оној кој го искушува својот брат, предизвикува жалост и огорчување.
.....
Превод: Мина Даниловска

Друго:

http://preminportal.com.mk/content/view/8325/54/