starec.Sofronij.freska.jpg

 Болките на христијанското срце не се патолошка појава: тие никнуваат органски, родени од сопатничката љубов, тие не се ниту последица на психолошките конфликти, ниту резултат на оние или овие незадоволени страсти.

Тие се од сосема друга природа. Нашето родено за вечноста со Бога, врзано е со многу труд.

Тоа прекрасно го изразил пророк Исаија:

 Како непразна жена кога се раѓа, се мачи, вика од болки, така бевме ние пред Тебе Господи.  Бевме непразни, се мачевме и како да раѓавме ветар, спасение не и доставивме на земјата и други жители  во вселената не се појавија (Ис.26, 17-18).

Боледува нашиот дух, но таа болест се одразува врз целиот човек: на срцето, на телото. „Целиот“ човек страда во своето стоење пред вечниот Бог, но тие страдања не убиваат, туку оживуваат.

Маките на духот по  својата суштина се метафизички; им припаѓаат на светлоносните предели на бесмртноста; преку нив ние преоѓаме на онаа страна , во нетварната Светлина ( Јн 16,20 - 23).

Не е доволно само со умот да се убедиме во Божественото во Христа, па се останато да се разбере како што треба. Потребно е максимален ангажман за да се живее согласно Неговото Слово.

 Сфаќајки го  во процесот на сопствениот  подвиг на космичката димензија, нашиот пад, треба да поминеме низ подолга покајна молитва; дури тогаш ни се  дава да  го почувствуваме она што го гледаме во Христа:

крајно самоунизување (Фил.2,6...)

И дури тогаш можеме да се удостоиме со слегувањето на силата од висините (Лк. 24,49)

или во огнените јазици или, во  обасјајноста на Таворската Светлина; тогаш нам ни се открива вистинската смисла на евангелските „благи вести“.

Поминатите седум години во пустињата, преставуваа за мене најпогодното време за молитва.

Се сеќавам: започнав со Господовата молитва „Оче наш“ и мојата душа  замре во блажествен ужас.

Не можев да одам понатаму.

Умот  застана; се во мене замолкна .


 Дури и сега со тага пишувам за тоа чудо кое што го изгубив.

 Со таква сила тоа ми се случи, само еднаш.

Можеби затоа што телесниата природа не е во состојба да  го поднесе пламеното  допирање на Божјата слава?


Кога одмина некое,   веројатно доста долго време, нешто слично ми се случи  за време на призивањето на Името на Исус Христос.

Во тој миг бев принуден да го прекинам призивот на ова Име: неговото дејство беше премногу силно;


душата, без збор и без мисли, беше целата во трепет од близината Божја. Тогаш ми се приоткри и тајната на свештенослужењето.

 Следниот ден служев литургија, и Христос - Бог беше во мене и со мене и вон мене, и во Светите Тајни на Телото и Крвта Негови.

И Божјото Име во зборовите на литургиските текстови, излегуваа од устата како пламен.

Во таква состојба изминав три дена, а потоа интензитетот на чувствата се намали.

Меѓутоа, сеќавањето на тоа што доживеав како со глето се врежаа во моето срце. Ги врежа, ги втисна Самиот Господ.


 И јас го молам да не ме отфрли во мојата старост; ниту во денот на мојата смрт (Пс. 70,9)

 Апостол Павле ни заповеда да се однесуваме достојно на звањето (Еф.4,1)

Во што тоа се содржи?  Му даваме нему збор:

„Мене најмалиот од сите светии, ми се даде благодат да  го благовестувам...неоткриеното богатство Христово и да ви расветлам на сите... во што е устројството на тајната од вечноста сокриена во Бога, Кој што создаде се  преку Исуса Христа...во кого имаме слобода и пристап со доверба низ вера  во Него... за вкоренети  и втемелени во љубовта,  да би разбрале...што е ширина и должина и висина, препознавајќи ја љубовта Христова, која што го надминува разумот, за да се исполните со секоја ПОЛНОТА  Божја. А  Оној кој делувајќи во нас може уште неспоредливо повеќе да направи од тоа што ние бараме и молиме...нека е слава...во вековите на вековите. (Еф. гл.3).

Продолжувам да говорам за некои појави, кои што никако не можев да ги очекувам, земајќи во предвид - каков сум.

Не еднаш ми беше дадено да ја видам Божествената Светлина. Нежно со неа обгрнат бев исполнет со неовоземна љубов.

Во некои случаи надворешниот свет ја губеше својата материјалност и постануваше невидлив. Тоа што ми се случуваше припаѓаше на друго ниво на постоењето. А кога мене, на непознат начин ми се обновуваше чувството за светот, тогаш тивка тага продираше до душата, тага заради враќањето во телесниот живот.

Понекогаш доаѓав до помислата дека би можел и да не се вратам; молитвата од привременото, може да стане вечна состојба на душата. Видувањето  на Светлината неизбежно е споена со благодата која нас не воскреснува и да се напушти земјата  во таква состојба е без сомневање - благослов.

Од житијата на преподобниот Серафим  Саровски, знаеме дека тој умрел за време на молитва; неговата душа го оставила телото кое што сеуште не било мртво; тој во рацете продолжил  да држи запалена свеќа.


Скапа  во очите на Господа  смртта на Неговите светии (Пс.115,6).

Не сме ли ние сите должни на таков начин да заминуваме од овој живот?

„Вистина, вистина ви велам кој ќе ги запази зборовите мои, нема да види смрт до века“ (Јн. 8,51).

Молитвата е енергија  од сосема поинаков вид. Таа е соединување на две дејства : нашето - тварното  и Божјото - нетварно.

Како таква, таа е во телото и вон телото; дури и вон светот, одреден со времето и просторот.

  Кога се наоѓаме во состојба на благотворен ужас од светоста на гледањето на Бога, а во исто време во очај заради својата крајна недостојност пред Бога, тогаш молитвата  постанува моќен возлет  на духот кој што  го кине обрачот на тешката материја.


Ова наше дадено тело треба да се „одухотвори“ (1 Кор.15,50).


„А нашето живеалиште е на небесата, од каде што го очекуваме и Спаителот, нашиот Господ Исус Христос, кој што ќе го преобрази нашето понижено тело, така што  со тоа ќе стане подобно на Неговото славно Тело, со силата преку која што Он може и да потчинува под себе, се.“ (Фил. 3.20 -21).


И така, ако сте воскреснале заедно со Христа, барајте го она што е горе, каде што Христос седи одесно од Бога (Кол.3,1)

 


Превод: Мина Даниловска