Dorotea.sv.Teodot.jpg

Смирението се стекнува после многу борба. Кога човек ќе се спознае себеси, тој стекнува смирение кое што со текот на времето станува негова (постојана) состојба. Без многу борба можеш да станеш привремено смирен, но тогаш помислата ќе ти рече дека си нешто, иако всушност си ништо и ќе бидеш во прелест до смртта. Ако смртта те затекне со мислата дека си ништо Бог ќе ти се обрати. Но, доколку дури и во самиот смртен час примиш помисла дека си нешто... ќе пропадне сиот твој (дотогашен) подвиг.
Слобода не е кога на луѓето им велиме дека се е допуштено. Тоа е ропство. За да се исправи, човекот мора да поминува низ многу потешкотии...
Да го погледнемо детето: ја ограничуваме неговата слобода уште од почетокот. Уште кога е зачнато малото суштество е ограничено во матката на својата мајка цели девет месеци. Потоа се раѓа и веднаш го повиваат и го затегнуваат во полени, а штом почне да расте го ставаат во ограда.... сето тоа е неопходно за детето правилно да расте. Ни се чини дека сево ова ја ограничува слободата, но без тие заштитни мерки детето би умрело уште на почетокот.
Вие не знаете многу за умствената молитва, освен она што за неа сте го прочитале. Жените би требало да бидат внимателни, затоа што тие се чувствителни и нежни, додека пак мажите го сакаат Христос на разумски начин.
Жените сакаат со срцето и тоа го покажале кога Бог бил распнат, додека пак мажите, кои што повеќе се користат со разумот, гледајќи колку има Евреи, книжевници, фарисеи и војници кои што биле присутни кај Христовииот крст, се заклучиле в куќи, ја затвориле убаво вратата и чекале што ќе се случи.
Значи жените се чувствителни и многу лесно може да им дојдат солзи за време на молитвата, и тие тогаш можат да си помислат дека ја достигнале благодатната состојба, која што ја опишале Светите Отци. Затоа, неопходно е жените да бидат обзирни и внимателни (на молитва).
Колку повеќе некој предмет го фрлате во висина, толку со поголема сила тој ќе тресне на земја и ќе се скрши. Често среќаваме човек кој си замислил дека е нешто големо.... а тоа е многу опасно, затоа што таквиот човек стигнал до состојба на внатрешна гордост... Бог нека му е напомош, затоа што таквиот човек се соединил со сатаната.
Немојте егоистички да се самоприсилувате да правите повеќе отколку што можете да правите, затоа што тоа само оптеретува ( а не носи никаква корист).
Христос е нежен татко, а не тиранин: Тој се радува на нашиот смирен труд.
Не е добро човек да ги менува духовниците. Замислете си изградба на зграда, при чија што градба постојано се менуваат проектантите и инжињерите. Таква градба не може да излезе на добро.
За чувствителната и посветена душа нема да биде од никаква корист-додека не стекне доволно духовна сила-да се впушта во подробно анализирање на своите гревови, затоа што тогаш ѓаволот може да и подметне дух на пречувствителност, и со тоа уште повеќе би ја обременил.
Ѓаволот никогаш не оди спротивно од човечките желби, туку секогаш им се потчинува, и се труди, умножувајќи ги тагата и солзите, само уште повеќе да ја разжалости душата и да ја фрли во очај.
Колку што човек станува подуховен, толку помалку права има во овој живот. Мора да биде стрплив, мора да поднесува неправда, мора да трпи навреди од луѓето.
А духовно расипан човек, кој што се оддалечил од Бога, има многу права: да ги малтретира другите, да вика и да постапува неправедно. Нашите права Бог ги чува за другиот живот, а ние поради незнаење често ги бараме нашите права овде....
Ако некој нешто ни приговара, ние веднаш му возвраќаме. А потоа мислиме дека веруваме во Бог. Тоа е голема самоизмама. Човечката правда не му значи ништо на човекот, но (духовно) расипан човек многу се грижи за неа.
Превземено од книгата
„Како да се спасуваш во светот-совети и поуки од древните и од современите Свети Отци и старци христијани во светот“.

 

 Подготви : Светлана Димовска