vozdvizenie.jpg

Беседа 42.

За тоа како да се разликува Божјата волја од ѓаволовото наговарање

Прашање:  Кога во однос на некое добро дело ќе се јави сомнеж т.е. доколку една мисла поттикнува на тоа дело, а друга му се спротивставува, на основа на што може да се дознае дали е во прашање Божја волја или демонско искушение?
Одговор: Ѓаволот има обичај да ја прикрива вистината и да го меша доброто со злото. Но како е можно да се дознае вистината?
Во секоја наша намера Божјата волја е кротка, сигурна и не е сомнителна; не само во доброто дело, туку и во нашето беззаконие Бог со благост и трпение го очекува нашето покајание.
А како да се познае ѓаволското наговарање? Ѓаволот обично ни се спротивставува и не одвраќа од  доброто. Исто така, доколку нашиот ум се заматува и се колеба  во било што што е наизглед добро, ако Божјата страв се оддалечува, доколку сме вознемирени така што без никаква причина не боли срцето, а разумот се колеба, тогаш знај дека е во прашање ѓаволско наговарање и итфрли го.
Ѓаволското е гнасно, немирно, сомнително за умот-па било што и да е во прашање.
Не треба секогаш да му се верува на расположението на нашето срце-прво треба да се размисли, дали таквото расположение е корисно. Кога умот е стеснет со помисли и тага од страна на демонот, тогаш треба да се остави секоја мисла и расудување; затоа што не можеме да ја знаеме вистината додека умот не се исчисти со молитва, затоа што се дотогаш мислите се ројат и се вртат како матна вода, или се блудни како облак, а пак душевните сетила стануваат сосема неосетливи.
Затоа оној кој што сака да ја спознае вистината, нека се поттикне себеси на долготрајана огнена молитва и на саканото дело; за време на молитвата ѓаволот не може да ја сокрие вистината, затоа што тогаш е лишен од власт; вистинитоста на ваквото убедување и на дело може да се провери.
Слава во вековите на нашиот Бог. Амин

Преподобни Пајсие Величковски
Од книгата „Полски кринови“

 

Подготви : Светлана Димовска