Светоотечка смеа


Некој додевач дошол да го мачи старецот:

-          Зарем ти, паметен човек, можеш да веруваш дека Јона преживеал три дена во утробата на китот?

-          Не знам, ако се видам со него во рајот, ќе го прашам.

-          А што ако тој е во адот? – продолжил додевачот.

-          Тогаш ти ќе го прашаш.

***

Многу пустиножители живееле долго. Дошол млад монах кај сегашниот авва, и му рекол:

-          Дојдов, оче, да ти го честитам стотиот роденден. Се надевам дека следната година заедно ќе го славиме и твојот сто и први роденден.

-          И јас се надевам, рече аввата. – Ми изгледаш како да имаш мошне добро здравје.

***

Старецот рекол:

-          Бог нам ни дал пар уши и само една уста, за двојно повеќе да слушаме отколку што зборуваме.

***

Старците-пустиножители живееле опкружени со номадски племиња. Еден од поглаварите на тие номади, дошол кај старецот и му рекол:

-          Оче, сакам да станам христијанин.

-          Се радувам заради тебе, сине. Но, ти имаш две жени. Мораш да се одрекнеш од една од нив.

-          Веднаш ќе го направам тоа, оче, ако ми укажеш барем на едно место во Светото Писмо каде што двоженството се осудува.

-          „Никој не може да им служи на двајца господари“, одговорил старецот.

***

Аввата рече:

-          Да им дадеше Бог на богословите да состават десет заповеди, не би ги имале десет, туку илјада.

***

Старецот рече: „Ако некој те навреди, тешко дека ќе ти прости.“

И уште: „Ало ја отфрлаш пофалбата, тоа е можеби затоа што сакаш двојна“.

***

Го прашал еден монах аввата:

-     Отците говорат дека може да се греши со сите чула. Јас ги разбирам гревовите со очите, устата, јазикот и рацете. Но, како се греши со носот?

-     Ако го пикаш во туѓи работи, рече старецот.

***

Еден плиткоум му рекол на авата:

-     Ти си најголем од сите монаси на Истокот.

-     Ѓаволот веќе ми го кажа тоа, рече аввата.

***

Млад монах на послушание цепи дрва. Приоѓа аввата и вели:

-    Е, брате, твојата секира ме потсетува на молња.

Радосно, момчето го прашува:

-    Затоа што брзо ги цепам дрвата ли, оче?

-    Не, брате, туку затоа што со неа никогаш не удираш два пати на исто место.

Извор:

Maran Ata