Diveevo.jpg

Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.

КРАТКОТО МОЛИТВЕНО ПРАВИЛО НА ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ ЗА СВЕТОВНИТЕЛУЃЕ

Станувајќи од сон, секој христијанин нека застане пред светите икони и да ги прочита следните молитви.

1. Молитвата Господова („Оче наш") - трипати.
Оче наш, Кој си на Небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на Небесата, така и на земјата. Лебот наш насуштен дај ни го денес и прости ни ги долговите иаши како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не воведувај не во искушение, но избави ие од лукавиот.

2. Молитвата на Богородица („Богородице Дево") - трипати.
Богородице Дево, радувај се благодатна Марие, Господ е со Тебе! Благословена си Ти меѓу жените и благословен е плодот на Твојата утроба зашто си Го родила Спасителот на нашите души.

3. Символ на Верата - еднаш.
Верувам во "единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на се видливо и невидливо;
И во единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, Бог вистински од Бога вистински, роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого се станало;
Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
Распнат беше за нас при Понтиј Пилат и страдаше и беше погребан;
И воскресна во третиот ден, според Писмото;
И се вознесе на Небесата и седи оддесно на Отецот;
И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и на мртвите и Неговото царство не ќе
има крај;
И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од Отецот, Кому се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот и Кој говорел преку пророците;
Во Една, света, соборна и апостолска Црква;
Исповедувам едно крштение за простување на гревовите;
Го чекам воскресението на мртвите;
И животот во идниот век. Амин.
Откако ќе го изврши ова правило, нека се занимава со работата на која е поставен или повикан. А додека работи во куќата или патува, каде и да се наоѓа, тивко нека ја изговара Исусовата молитва:
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!" или „Господи Исусе Христе, Сиие и Логосу (Слово) Божји, заради Богородица, помилуј ме!"
Ако, пак, е опколен со луѓе, нека ја извршува својата работа, а само со умот нека говори: „Господи, помилуј!"
Пред ручек нека го изврши горе наведеното утринско правило.
По ручекот, извршувајќи го своето редовно задолжение, тивко нека изговара:
„Пресвета Богородице, спаси ме грешниот!" или „Богородице Дево...“
И така нека продолжи се до времето за починка.
Одејќи на спиење, повторно нека го прочита посоченото молитвено правило, оградувајќи се со знакот на крстот (прекрстувајќи се), тивко или само умно изговарајќи ја „Исусовата молитва" додека не заспие.
Пазејќи го оваа правило, можно е да се достигне до мерката на христијанското совршенство, бидејќи иаведениве три молитви се темел на христијанството: првата ни ја даде самиот Господ и таа е образец иа сите молитви; втората ја донесе од небото архангел Гавриил како поздрав на Пресветата Дева Марија, Ма-јката Божја; Символот на верата ги содржи во себе сите спасоносни догми на православната христијанска вера.
Покрај ова молитвено правило, свети Серафим Саровски на секому му ја советувал и чудотворната молитва „Богородице Дево", секој ден внимателно да ја прочита одеднаш сто и педесет пати. Секој што го почитувал ова правило по совет на свети Серафим Саровски, му останал благодарен за целиот живот.
По смртта на Свети Серафим, е пронајдена во неговата ќелија тетратка со опис на чуда што се случувале на оние што го држеле оваа правило.

 Korica.MolitvapatkonBoga.jpg

(Продолжува)

Извор:

Свети Игнатиј Брјанчанинов

МОЛИТВА ПАТ КОН БОГА

Издавач: Канео, Охрид

Превод: Митрополит Тимотеј

Друго: