Afion.peperutka

Кога ќе бидеме среќни?
Бог со среќа ќе ги награди своите верни ( т.е. сличните на Себе – подобните) и тоа не со среќата на животните, туку со среќата на Бога. Бог нема да задоцни со наградата, но нема ниту да брза. Дали работникот очекува плод од пченицата откако ќе ја посее? И дали тркачот очекува награда од трката? И дали моревпловецот очекува да го види пристаништето на крајот од океанот? И дали домаќинот ги исплатува работниците за нивната работа на неговата нива? Зошто тогаш ти очекуваш награда за време на трката, сред океанот и за време на работата? Во овој живот си пратен не за да имаш среќа, туку да ја заслужиш среќата.

Направи, па заборави
Не ги забележувај своите добри дела, бидејќи ако ги забележуваш ќе избледат; ако пак ги забправиш. Ќе ги впишеш во вечноста. Не бележи ги злите дела на твојот сосед, бидејќи ако ги бележиш, пола тежина од тие зли дека ќе падне врз тебе. Ака пак ги предадеш на заборавот, и Бог ќе ги заборави твоите зли дела.

Магија
Да се одрекува црната и белата магија значи да се одрекнува долгогодишното искуство на духовните луѓе. Во морална смисла оваа магија се пројавува во вид на добра или зла волја, а во ментална смисла се пројавува низ злонамерноста или добронамерноста. Лошата волја на еден човек го малаксува другиот човек, го парализира и буквално го убива. Добрата волја го подигнува, осилува и буквално го оживува.
Кога ќе се сретнат двајца луѓе со добра волја, во нив се зголемува магијата на доброто.
Кога ќе се сретнат двајца со зла волја, во нив се зголемува магијата на злото.
Кога ќе се сретнат двајца, едниот со добра, а другиот со зла волја, меѓу нивните души се одигрува невидлив двобој, иако тие не се ракувале ниту прозборувале ниту еден збор. И ретко се случува, двајцата да си заминат без рани во душите.
Затоа, кога и да појдеш муѓу луѓето, собери ја сета добра волја и повикај го Бога на помош. Он ќе заповеда на Своите ангели да не се одалечуваат од тебе. Бидејќи навистина е неискажливо милостив кон оние кои го повикуваат. Кога на детето му се приближува змија, не брза ли мајката на помош? А милоста мајчина е бледа како сонот во однос на милоста Божја.

Казна
Кој ќе се огреши кон физичкиот свет, бива казнет физички.
Кој ќе се огреши  кон моралниот свет, бива казнет и физчки и морално.
Кој ќе се огреши кон духовниот свет, бива казнет физички, морално и духовно. Така: кој фрла прашина спроти ветрот, прашината му се враќа во очите.
Кој погрешно се заколне, ќе претрпи темнина и ќе доживее презир од своите синови.
А кој се исмева со Бога и Неговите свети ангели, бива тепан со најострите телесни и морални камшици и својот живот ќе го заврши со злосторство или помрачување на умот. (најголемите и најопседнатите атеисти како Лукрециј, Мопасан и Ниче, завршиле со лудило)
Единствено што човекот може да го спаси од казната за гревот е покајанието и самоказнувањето.

Микробите на душата
Гревот е микроб на душата. Од сите микроби во светот гревот е најпостојан и најплоден. Еден единствен грев е доволен да го сруши и најмоќниот човек. Како кога еден единствен црв се вовлече во кората на најмоќниот даб! Кој кого полесно ќе уништи: црвот дабот или дабот црвот? Јасно е, дека црвот попрво ќе го уништи дабот, отколку дабот црвот.
Размисли и самиот, дали во твојата душа има нешто така презистентно и така присутно како гревот.
И милоста мајчина ќе ја паметиш и заборавиш. И умрените пријатели ќе ги спомнуваш и ќе замолкнеш. И на своите добри дела ќе се сеќаваш и ќе се откажеш. Но гревот кои си го направил пред 40 години, секое утро ти вика: добро утро, и секоја вечер ти вика: до гледање! Вика и ќе вика и нема да замолкне за сиот век.
Гревот се намножува побрзо отколку било што во светот. Гревот како да ја чувствува својата моќ во мноштвото и коко да сознава дека неговото име  на честа е легион. Првиот плод на гревот е поголемиот грев. Непослушноста може да доведе до убиство. Првородниот плод на непослушноста на Ева било братоубиството на Каин.

Оган во џебот
Колку и да грижливо го сокриваш својот грев, тој самиот ќе се објави. Душата на душата и ја соопштува својата содржина низ сите кривини. Луѓето ќе го насетат твојот најскриен грев и ќе одмавнат со главата, дури и да немаат никаков јавен повод и доказ за тоа. Како тоа? Душата на душата и ја соопштува таа содржина низ сите кривини на материјата. Колку сакаш грижливо сокривај го огнот во џебот, џебот ќе се потпали и огнот мора да се покаже. Ништо нема сокриено, што веќе не е откриено.

Страв од гревот
Колку човекот духовно е побуден, се повеќе се страв од гревот. Како што разбудениот месечар го фаќа страв од неговото висење над пропаста во сонот!
Навистина, грешниците се морални месечари. Тешко на месечарот кој доцна се буди, кога веќе неговите нозе се на лизгавата ивица, над најдлабоката провалија! Бидејќи тогаш ќе се разбуди не за да тргне назад, туку само за да биде сведок на својот пад во провалијата.

Жена и мајка
Жената старее, мајката не старее.
Жената како жена се менува и старее, мајката како мајка не се менува и не старее.
Жената претставува пад на човекот во природата, мајката претставува воздигнување на човекот на небото.
Мајката, која не била жена, добила слава и чест над ангелите, додека жената како жена била и оставала врска на човекот со природата.
Со својата улога на мајка, жената ја искупува својата улога на жена.

Подготви: А.И.