Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат три  нови книги, и тоа:   „ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА“ од јеромонах Серафим Роуз и „ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ“ од Арх. Рафаил Карелин и „ЗА МОЛИТВАТА“ од арх. Софрониј.
Во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги: “НОВ ЗАВЕТ”,     “Свети Нифонт” , “Светињата на животот и детеубиството” ,  “Касијана” , “Свети Серафим Саровски”    ,    „ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ“ од Арх. Рафаил Карелин , „Тајната на спасението”  од арх. Рафаил Карелин ,      Јеромонах Серафим Роуз - Душата после смртта , “За јазикот на православната икона”  од арх. Рафаил Карелин , “Православен поглед на светот”  од  јер. Серафим Роуз ,ЗА МОЛИТВАТА  од арх. Софрониј.

 


Korica.Kasijana.jpg


(…)
86.Благоухание на љубовта! Кога палиме темјан ние мислиме на благоуханиот мирис од небесната љубов. Светиот Дух како небесен оган внесува топлина во човечките срца и како свеж ветер го растерува гревовниот мирис и шири Христов мирис низ светот. Тој мирис го носеле во себе сите светители. Луѓето го чувствувале и од живите светители и од нивните мошти. Апостолот за тоа зборува: Ние сме Христов мирис пред Бога,  мирис на сознанието на вистината и сладоста на љубовта.
 87.Во црковните песни се спомнува благоуханието на Рајот. Тој мирис го исполнувал Господа и преку Него и неговите следбеници кои го замениле мирисот на телесните желби со благоуханието на Светата Божја Љубов. Христовиот мирис не делува подеднакво на сите туку на едните сме смртоносен мирис за смрт, а на другите животворен мирис за живот.  Бидејќи едни го изгонуваат тој мирис со смрдеата на гревот, а останатите го чуваат до крај, бдеејќи над своето срце со љубов трудејќи се во се да бидат угодни на Христа и во себе да го примат благоуханието на Рајот.
 88.Ве ветив вас на единствениот маж, да изведам чиста девојка пред Христа, им пишува Павле на Коринтјаните, кои згрешиле во телесните желби и страсти. Тоа е задача на Црквата, имено да ги исчисти верните од секоја нечистотија на гревот и страстите и да ги направи чисти и свети девојки, невести на пречистиот и пресвет Цар - Христос.   Преподобниот Теогност пишува: Нема поголем подвиг од подвигот на целомудрие и девственост. Оние што чесно ќе ја одржат безбрачноста, предизвикуваат воодушевување кај ангелите и се здобиваат со маченички венец. Во српската народна поезија се зборува за мирисот на девствената душа. Тоа е мирис на чистотата и светоста, ќерко моја.
 89.На Исток луѓето умеат да го разликуваат мирисот на крстената душа и на некрстената. Пчелите по мирисот го чувствуваат лошиот човек и веднаш го напаѓаат. Дивите ѕверови им приоѓале на светите луѓе и се умилкувале околу нив. Го чувствувале мирисот на љубовта. А уште повеќе апостолите го чувствуваат тој неземен мирис на љубовта. Бог не можел да го поднесе мирисот на жртвата од страна на беззакониците и лицемерите. Жртвите не се виновни. Жртвите мирисаат на својот природен мирис. Како и секогаш, душите на оние што принесувале жртва мирисале на зло.
 90.Љубовта многу простува. И заради љубов с# се опростува. Гордото оправдување на себеси спротивно е на љубовта. Фарисејот Симон го исмеал Исуса, бидејќи & допуштил на жената, јавна грешница, да му ги мие нозете со своите покајнички солзи и да ги брише со својата коса (признавајќи дека има гревови колку коса на главата). Исус го укорил фарисејот зборувајќи: &  се простуваат многуте гревови, поради големата љубов нејзина. Кон кого е таа љубов? Кон Него, Кој бил на пат за Голгота, за и нејзините гревови и гревовите на целиот свет да ги измие, не со солзи, туку со крв.
 91.Христос по љубовта н# бара нас, а не нашето. А луѓето заради недоволна љубов повеќе го бараат Неговото, отколку Него. Посакуваат од Него леб и дожд, плодност, здравје и се што е земно. Он сето тоа со тага го дава затоа што не го посакуваат Него. Забораваат дека кога ќе го добијат Него, добиваат с# со Него. Апостолот зборува: се одрекувам од с#, и се сметам за отпад, само да го придобијам Христа. Од друга страна, пак, тој им пишува на верните: Не го барам вашето, туку вас.
 92.Љубов и мираз не се сложуваат. Ти тоа горко го искуси ќерко моја. Барањето мираз е отсуство на љубов. Во тропарот на светите деви маченици, православниот поет прекрасно ја опишал нивната љубов кон Христа: јагнето твое Исусе, вика со силен глас кон Тебе: Тебе Женику те љубам, и Тебе те посакувам и страдам и умирам заради Тебе, за да живеам со Тебе; но како жртва непорочна прими ме мене, која заради љубов се жртвувам за Тебе. Тоа е она што Христос го очекува од своите невести: нивната душа со огнена љубов, а не мираз. Оние твои три вереници, ќерко моја, не сакале себеси да се дадат на тебе, туку да се продадат.
 93.За Христос како Женик и за Неговиот мистичен (т.е. духовен) брак, поединечно со душите и како целина во Црквата, се пишувало многу во православната Теологија. Во приказната за бракот на Царевиот Син, Христос очигледно мислел на себеси како Царев Син и Женик. А тоа што вели за браковите, а не за бракот е затоа што Тој очекува венчавање со многу човечки души, кои Него во овој живот ќе го љубат како Тој што ги љуби нив. Нема сите повикани да дојдат, бидејќи многумина се сопрени од телесните желби и со тоа се венчани на земјата. Но и без нив масите се наполнија со гости. Така ќе се наполни и Небесното Царство, Христовиот Дворец, со души кои Му се верни Нему и кои Го сакаат. А кој ќе отсуствува, ќе отсуствува не затоа што не добил покана, туку заради тоа што по своја волја не сакал да ја прифати поканата.
 94.Какви и да се човечките судбини на земјата, какви и да се заплетите и препреките од Сатаната и безбожниците, колку и да биде голем отпадот од вистината и Христовата љубов во последните времиња, Царството Небесно сепак ќе се наполни! Или зарем Оној, Кој нас н# поучува дека кога сакаме да ѕидаме кула најнапред треба да пресметаме дали можеме да ја завршиме - зарем Он однапред не пресметал како ќе го наполни Своето Царство? Црквата е тело Негово. Какво би било телото без сите негови делови и делчиња до најситните келии? Затоа Господ ќе очисти и препороди многу покајани грешници и грешнички, така што достојно ќе се наречат Негови невести. Но, самото покајание е почеток на личен труд и средба со Божјата благодат.
 95.Како што родителите се радуваат кога некој ги сака и слави нивните деца, така и Господ се радува кога луѓето ги сакаат и слават Неговите светители. Исто како да го слават Него. Кој ве прима вас, Мене ме прима - рекол Он. И кој ги слави Христовите светители, Христа Го слави. Светителите го прославија својот Господ на земјата, со светата љубов и во многу искушенија ги одржаа Неговите заповеди. Така го победија праисконскиот ѕвер на омразата и пакоста, првиот човекоубиец. И не барајќи ништо за себеси на земјата, добија се на небото. Така е и ветено (не преку лажливата човека уста, туку вистинската Божја уста): Кој победува, ќе наследи с#, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син.
 96.Кој ќе победи? Оној што знае дека е дел од телото Христово и ја држи својата душа и тело во светост, не како нешто свое, туку како нешто што е Христово. Оној кој го гледа Христа распнат на крстот, си зборува на себеси: ова е Оној кој ме љуби повеќе од мојата мајка; неговите маки се поради моите гревови, Неговата крв е , заради моето спасение и очистување. Ќе победат сите оние кои за долго време ги украсуваат своите души со трепетна љубов кон вечниот Женик - Христос. Да, сите оние што ќе го сочуваат добиениот повик на небесната вечера на Божјото Јагне. Блажени се поканетите на свадбената вечера при Агнецот.  Повикани се и оние што одговориле на повикот. Стравот од Бога е почеток на мудроста, љубовта е полнота и врв на мудроста.
 97.Сите луѓе се повикани и Бог сака сите да одговорат на тој повик. И многумина веќе се одѕвале во текот на минатите векови и уште мнозина ќе одговорат. Тоа ќе биде толку голем собор како кога песокот би оживеал во луѓе. Тој собор вака го опишува тајновидецот Јован: Потоа видов, и ете големо мноштво народ, кое што никој не може да го преброи, - од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Агнецот, облечени во бела облека и со палмови гранчиња во рацете.  Тоа празнување, таа радост, не и е на земјата достапна ниту позната. Тоа е празнување на љубовта која навистина го надминува секој ум и секоја фантазија. Тоа е неизмерно, неизброено Царство Христово.
 98.Пази ќерко моја и не се прелажувај. Колку е голема љубовта на Јагнето кон оние што со страв и љубов го сочуваа повикот на Отецот на свадбата на неговиот Син, толку е страшен гневот на Јагнето кон оние што го примиле тој повик а не одговориле или го вратиле или го скинале, а повикувачите - апостолите, мисионерите, свештениците - ги мачеле. Бидејќи кога Јагнето Божјо ќе ги победи сите ѕверови во човечки и нечовечки облик и ќе му се јави на светот, тогаш тие стравотно ќе викаат на горите и карпите: паднете врз нас, и сокријте не од лицето на Оној, Кој седи на престолот и од гневот на Агнецот.  Праведна е но и страшна одмаздата на изневерената љубов.
 99.Кога еден од сопружниците ќе ја изневери брачната верност, колкав гнев, колкава омраза, колкава бука по судовите! Меѓутоа ниту еден од сопружниците не жртвувал однапред за својот брачен другар ниту едно око, ниедна рака, ниеден прст. Но сепак толку гнев. А Христос го даде да се уништи целото свое тело, даде да се излие целата Негова крв, за секоја човечка душа. Неговиот гнев против оние што ја изневеруваат љубовта која Тој со крв и смрт ја запечатил, неспоредливо е оправдана од гневот на секој сопруг на земјата. Св. Симеон Нов Богослов зборува: Ако душата јавно или тајно ја замени љубовта кон Женикот Христа, со љубов кон било кој друг предмет, му станува неискрена и одвратна на Женикот.
 - Потруди се ќерко моја да се научиш да го сакаш Христа над светот и над се во светот и над самата себеси.
 100.На љубовта не &  треба закон. Љубовта е Закон над Законите. Таа е Нов Закон, или Новиот Христов Завет. Знаеме дека на оние што го љубат Бога и се призвани по волјата, се им врви добро
- вели апостолот.  Патот на љубовта може да биде со препреки, но и по Божјите зборови и по човечкото искуство, тој пат непогрешливо води кон најголемото добро.
 101.Многу ти напишав ќерко Божја, а с# накратко може вака да се рече: Ако го љубиш Господа Исуса Христа си ги исполнила двете големи заповеди за Љубовта. Бидејќи Он е Бог и Он е нашиот најблизок. Да, нашиот најблизок, Ближен. За Него висат двете заповеди за љубовта и првенствено за Него лично се однесуваат. На луѓето во старо време не им било можно да го љубат невидливиот Бог. Исус Христос е јавениот Бог и вистинскиот Човек. Богочовек, Кој како Бог на љубовта се јавил и како Човек на љубовта пострадал за нашата љубов. Навистина ти велам, таков Бог и таков Ближен сосема е лесно да се љуби и преку Него с# што е Негово.
 102. О душо моја, наскоро с# ќе оставиш и сите ќе те остават. Пријателите ќе те заборават. Богатството нема да ти треба. Убавината ќе овене. Силата ќе ја снема. Телото ќе истурли и душата ќе се најде во темнина. Кој ќе ти даде рака во темнината и осаменоста? Единствено Христос Човекољубецот, ако за време на животот си се прилепила до Него. Тој ќе те изведе од темнината кон светлината и од осаменоста кон Небесниот Собор. Мисли на тоа дење и ноќе и така според тоа однесувај се. Нека Христос Господ, Царот на љубовта ти биде на помош. Амин.
Напомена: овој текст го посветувам на мојата духовна ќерка, монахиња Касијана, на читање и размислување за она што е најголемо на небото и на земјата.
 Смирен Божји слуга + Калистрат

Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 


Друго:

    Man.Zurce2.jpg

 

Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

sv.Serafim.Sarovski1d.jpgСв.Серафим Саровски - Сеќавањата на Богданович