Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат три  нови книги, и тоа:   „ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА“ од јеромонах Серафим Роуз и „ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ“ од Арх. Рафаил Карелин и „ЗА МОЛИТВАТА“ од арх. Софрониј.
Во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги: “НОВ ЗАВЕТ”,     “Свети Нифонт” , “Светињата на животот и детеубиството” ,  “Касијана” , “Свети Серафим Саровски”    ,    „ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ“ од Арх. Рафаил Карелин , „Тајната на спасението”  од арх. Рафаил Карелин ,      Јеромонах Серафим Роуз - Душата после смртта , “За јазикот на православната икона”  од арх. Рафаил Карелин , “Православен поглед на светот”  од  јер. Серафим Роуз ,ЗА МОЛИТВАТА  од арх. Софрониј.

 


Korica.Kasijana.jpg
Стослов

Христијанска наука за љубовта

 По твоја желба го пишувам ова, ќерко моја, јас смирениот Калистрат.
 1.Како што сите делови од вселената, со нивните квалитети и дејства, се само симбол на дух-овна реалност, таква е и земната љубов. Она што на земјата луѓето го нарекуваат љубов навистина е само блед симбол на вистинската небесна љубов.
 2.Сите битија може да се поделат на несоздадени и создадени. Бог е несоздаден, с# останато е создадено. И љубовта е несоздадена, несоздадена и вечна. Бидејќи љубовта не е Божји атрибут, туку име на Бога (едно од имињата на Бога) и суштина на Божјото битие. Оттука доаѓа и реченето: Бог е љубов.
 3.Уште е речено дека Бог е Вистина и Слово. Чудесен е тој словенски збор Вистина кој совршено го означува Оној Кој е секогаш ист. Јас сум Оној, Кој што сум; или пократко: Јас сум истиот, непроменлив, “Сиј” на старословенски. А Слово или Збор е израз на скриениот Бог. И како што Вистината и Словото вечно се Бог и во Бога, така е и Љубовта. И како што Словото вели за себе: Јас сум алфа и омега, почеток и крај, исто така љубовта може за себе да рече: Јас сум алфа и омега.
 4.Како љубов, Бог му се откри на човечкиот род преку откривањето на Светата Троица во единство на Отецот и Синот и Светиот Дух - Единиот Бог, и преку воплотувањето на Бога Словото. Во Стариот Завет, а тоа е Заветот на Законите, Бог е само најавен како Пресвета Троица, па така и љубовта незабележливо, навидум случајно, ставена е меѓу многуте останати заповеди на законот. Светот не бил созреан за да ја прими науката за Пресвета Троица4, исто така и за Љубовта. А овие две се неразделни. Заповедта за љубовта, последна меѓу заповедите на Стариот Завет, стана прва во Новиот Завет.
 5.Во паганскиот свет постоело верување во Троица, но не света и единствена. Индијците верувале а и денес веруваат во Тримурти, т.е. три врховни богови од кој еден е Шива, ѓавол и рушител на с# што првите двајца (Вишна и Брама) ќе створат. Во Египет исто така се верувало во тробожество, но како семејство со телесна љубов.   Озирис и Изида и нивниот синот Хорус, кој го убил Озирис поради што се раскинал ѕверскиот брак. Пред Христа луѓето можеле со својот ум и напор да создадат цивилизации во сите континенти на светот, но не можеле да дојдат до вистинското сознание за Бога, како Пресвета Троица - Единосушна, ниту за Бога како Љубов.
 6.Исламот, како една од повисоките религии, никако не ја трпи науката за Бога како Света Троица. Во Коранот таа наука се исмева. А на Омаровата џамија во Ерусалим е врежана во ѕид оваа заповед: Правоверни, знајте дека Алах нема Син. Па баш затоа што по таа вера Бог нема син, во Коранот никаде не се зборува за Божја љубов туку само за Божја правда и милосрдие. Иако својата наука Мухамед ја црпел од Стариот Завет, тој не ги прочитал зборовите на Севишниот: Зар Јас кога ќе ја отворам утробата на мајката - таа нема да роди? Или Јас Кој давам да се роди, ќе бидам без пород? И не само Мухамед, туку и старите Ариевци и современите унијати.
 7.Знај и запомни ќерко моја: тајната на Светото Троединство е внатрешна тајна на Божјото битие. Таа своја интимна тајна Бог не можел да им ја открие на народите без закон, ниту преку закон. Ниту преку луѓе, ниту преку големите пророци. Туку го најавувал само преку одбрани пророци, доволно јасно и доверливо, слегувањето на земјата и Воплотувањето на Својот Син, преку кој земјата ќе биде полна со познавање на Господа, како што морето е полно со вода.  А главното познавање што ќе го објави Синот ќе биде славното спознавање на Бога како Пресвета Троица, на која едно од имињата &  е Љубов.
 8.Вечниот Отец го љуби Синот и Светиот Дух. Вечниот Син го љуби Отецот и Светиот Дух. Вечниот Дух го љуби Отецот и Синот. Сето тоа во недвосмислено единство, неразделно и неслиено, бестелесно и духовно. И така од вечност во вечност. Без почеток и крај, без промени, без смалување или зголемување, без влијание на времето или просторот или било какви надворешни случувања.
 9.Замисли, Бог без Син е исто како да се замисли Бог без љубов. Бидејќи секоја љубов бара предмет на љубовта. Ти знаеш ќерко дека кога некој од луѓето ќе рече: јас љубам, ние веднаш логично прашуваме: кого го љубиш?
 Значи кого би љубел Бог Отец во вечноста, пред создавањето на светот, ако не би го имал Синот како предмет на својата вечна љубов? Тоа би значело дека Тој не знаел да љуби, ниту бил љубов во својата суштина, пред да го создаде светот, како предмет на својата Љубов. А тоа пак би значело дека Бог со создавањето на светот добил нешто што порано не го имал и преку тоа се изменил. Ова е несмислено и нелогично, спротивно на Божјото Свето Писмо во кое од небото е посведочено дека во Бога нема промени.
 10.Кој не верува во раѓањето на Бога Синот, од Бога Отецот, тој не може воопшто Бога да го нарече Отец. Или ако така го нарекува, не ја зборува вистината. Бидејќи по што е тој Отец ако нема Син? Можеби само Отец почесен или титуларен, како што децата понекаде го нарекуваат секој постар човек: оче! Ако рече некој: па Бог е Отец на сите луѓе, ние веднаш одговараме: Бог е Творец а не Отец на сите луѓе. Тој не ги родил туку ги создал сите луѓе. Ако ковачот има родени синови и исковани плугови нема ли тој да прави разлика помеѓу своите родени деца и својата творба? Не може никој без лага да го нарече Бога Отец, а да не го признае Неговиот вечно роден Син, кој единствен има моќ создаденото да го претвори во родено. Христовиот Апостол одлучно зборува: Секој, што се откажува од Синот, нема и Отец; а кој Го исповедува Синот, има и Отец.
 11.Во вториот член на нашиот Символ на верата ние го исповедаме нашето верување во единствениот Господ Исус Христос, Син Божји, единороден од Отецот пред сите векови, роден, а не создаден. О, колку мораме да им бидеме благодарни на светите Отци на Црквата кои оваа вистина ја истакнале и потврдиле! Инаку ние би биле лажговци кога би зборувале за Отецот без Синот. Бидејќи ако Отецот нема Син чиј би бил Отец? Зошто би се нарекувал Отец? И цел наш договор за Љубовта би бил само една песна на копнежи без реално оправдување.
 12.Бог, како љубов, се објаснува само со Бог, како Пресвета Троица. Во ова ќерко моја е клучот на тајната за љубовта. Чувај го ова секогаш во умот и верувај на зборовите на големиот Исак Сирин: Љубовта е послатка од животот. А јас додавам:
и посилна од смртта.
 13.Кога зборуваме за љубовта во Пресвета Троица, ние секогаш имаме на ум  дека Бог е дух и дека љубовта во Бога во целост е духовна. Отецот Го љуби Синот толку силно, што целиот е во Синот; Синот Го љуби Отецот толку силно, што целиот е во Отецот, и Светиот Дух во љубовта, целиот е во Отецот и Синот. Тоа Божјиот Син го посведочи со зборовите: Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене.  И Синот е во Светиот Дух и Светиот Дух е во Синот. Во Писмото пишува како воскреснатиот Христос на апостолите им дувна и им рече: Примете Дух Свети! Она што некој го носи во себе може да го даде од себе.
 14.Особината на љубовта, ќерко моја, е личноста која љуби да посака да потоне во љубената личност. Така е пламена љубовта на Отецот кон Синот, да, Тој би сакал да потоне и да се изгуби во Синот. И обратно. Таква е љубовта и на Светиот Дух кон Отецот и Синот. Но по недостижната неопходност секој останува она што е. Затоа и се вели за Пресвета Троица неразделна - неслиена.   Неразделна е бидејќи е единствена по суштина и љубов. Неслиена бидејќи по ипостасите е личносна. Еден троен пламен на битие, живот и љубов. На тој величествен пламен на божествената љубов ги палиме и ние нашите мали и влажни свеќи од земната љубов, кои се нишаат, чадаат и лесно се гаснат. А тоа што трите лица не се сливаат и не се разделуваат, тоа е делување на љубовта на секое лице кон останатите две. Бидејќи секој од нив, од љубов посакува да ги зголеми и прослави останатите две лица на Светото Тројство. Тоа го објаснува реченицата на Божјиот Син: Отецот мој е поголем од мене.
 15.Љубовта во една личност не е љубов, туку самољубие и себичност. Заради тоа Мухамед не ја спомнува љубовта во врска со едноименуваниот Алах, туку само праведноста и милостивоста. Љубовта помеѓу двајца брзо оладува и преминува во тага. Заради тоа бездетноста во Стариот Завет се сметала за проклетство. А исто така се смета и денес на Балканот во Русија и на целиот Исток. Полна љубов е љубов помеѓу тројца. На земјата тоа е така затоа што е така и на небото. Не е чудо што бројот 3 игра таква голема улога во сите творби на Троединиот Творец.
 16.Љубовта не изникнала од земјата туку е дадена од небесата. Преподобниот Касијан вели: Љубовта исклучително припаѓа на Бога и на оние луѓе што воспоставиле во себеси образ и подобие Божјо. Свесната љубов се однесува на свесната личност. Не на принцип или идеја или било каква творевина, туку на личност. Каде нема реципроцитет во љубовта, таму нема љубов. А принципот, идејата или несвесната творевина, било Божја или човечка, не може да н# љуби, колку и да ја сакаме. За таа љубов ние не зборуваме. Ние зборуваме за онаа што е од личност кон личност и која е неразделна и неслиена.
 17.Само Совршена личност, со совршена свест, совршен ум и совршена моќ, може да има совршена љубов. Таа личност е нашиот Бог. Затоа секој човек се залага за својата личност, бидејќи неговиот Творец е личност. Сите луѓе ја ценат љубовта над с#, бидејќи нивниот Творец е Љубов. И така од памтивек па до денес и во вековите на вековите.
 18.Секогаш ниското се докажува со повисокото, а не спротивното. И човечкото постоење се докажува со постоењето на повисоките битија со повисока моќ и интелигенција од човечката. Некој од европските филозофи рекол: Мислам, значи постојам. И таа негова реченица е раширена низ светот како нешто големо. Мисли си во себеси колку што сакаш, ти не постоиш ако не постои некој поголем од тебе, Кој те смислил тебе и целиот свет. Ако Бог не постои како интелигенција повисока од мојата, извесно е дека и јас не постојам туку сум само еден минлив призрак кој ветровите од прашината го подигнале и ме вообличиле за еден момент, за повторно да ме растурат во таа иста прашина без цел и припадност. Исто така и љубовта. Ако љубовта не е во Бога и од Бога, тогаш таа е само едно сентиментално копнеење кое луѓето го користат како наркотик, за со мала бесмисленост да ја ублажат големата бесмисленост на животот.
 19.Бог е љубов, и кој стои во Бога и Бог стои во него.  Генерации со векови копнееле и чекале да ги слушнат овие светлоносни и животоносни зборови како водечка ѕвезда, слична на Витлеемската ѕвезда. А тие зборови самиот апостол ги слушнал ги почувствувал и ги повторил исто така како што од својот Господар ги примил. Богот на вистината и љубовта е единствен вечен Бог кој нема допир ниту заедница со “боговите” на лагата и омразата. Со ова откритие Христос ги сруши сите политеистички пантеони во кои човечката фантазија ги ставала добрите и лошите богови на исто ниво.
 20.Не е лесно да се разбере зошто Бог ги создал световите. Најнапред бестелесниот, ангелски свет, а потоа и физичкиот, телесен, со човекот на врвот. Ако триединиот Бог е совршен и самодоволен во полнотата на животот, љубовта и славата, зошто тогаш создал светови пониски од себеси? (Велиме, пониски од себе бидејќи никој не може да создаде нешто рамно на себеси. Да роди, да. Бог Отецот го роди Синот рамен на Себеси; и човекот раѓа деца рамни на себеси по битие и суштина). Црквата - и само Црквата - дава одговор: Од преголемата количина на љубов во Себеси Бог ги создаде сите светови, невидливи и видливи, преку Својот единороден Син, за да му угоди на Својот Син. Дали заради забава на Синот или од некоја потреба? Ние тоа не го велиме. На Бога не му треба забава. Неговата тројна љубов ја надминува секоја радост на забавата и секоја сладост на веселбата. Ниту Совршениот, Самодоволниот има потреба од било што, бидејќи има с# во себеси.
 21.Во бескрајната љубов кон својот Отец, Синот сакал да му угоди на Отецот, со тоа што ќе му создаде повеќе синови, а за себе повеќе браќа, пониски од себеси, но по љубов еднакви на себе, со посиновувањето. И во Вечниот Совет, Отецот и Светиот Дух согласно му дозволиле на Синот создавање на световите за негова љубов. И така преку Синот постана с# што постана, имже всја биша. А Божјиот Син е наречен и Логос Божји, или Слово Божјо т.е. Израз Божји; Да, Песна Божја со која се јавува величеството, славата, мудроста и љубовта Божја. На кој му се јавува? На новосоздадените светови.
 22.Земајќи иницијатива за создавање, Синот ја прими одговорноста за создадените светови пред Вечниот Совет. Покрај тоа доброволно се согласи да се принесе себеси за жртва, ако е потребно, и кога е потребно, како невино и пречисто јагне одредено за жртва и уште пред постанокот на светот. И така започнала една неспоредлива епопеја над епопеите: епопеја за создавање на светот, неговиот пад, искупување, воскресение и обновување. С# како што е речено и проречено. И с# со еден мотив - Љубов. Бидејќи Бог е Љубов и во Него нема други мотиви надвор од Љубовта, ќерко моја богољубена и богољубива.
 23.И Синот Божји создаде безброј небесни интелигенции од Архангели и Ангели, бестелесни и на Бога блиски духови. Ги создаде Боголики, силни и прекрасни. И им даде слобода. Единствено Бог не ја злоупотребува слободата. Еден од големите ангели, Сатанаил ја злоупотреби дадената слобода и беше бескрајно оддалечен од Божјото присуство, заедно со легиони свои приврзаници и беше фрлен во Адот, во најдалечната темнина. Потоа Словото Божјо, по Вечниот Совет, ги создаде Адам - човекот, и Ева - човеколиката, во тело, и ги постави во Рајот. Но, Сатаната ги излажа преку шарената змија и тие згрешија пред Бога. На Сатаната Бог не сакаше да му го прости гревот, бидејќи згреши во самата Божја близина. А на човека сакаше да му прости, бидејќи човекот беше излажан од Сатаната. Сакаше Бог да му прости на Адам, но не без покајание и доволна жртва. И Синот Божји, Јагнето Божјо, замина на колење заради искупување на Адам и на неговиот род. С# заради љубов. И правда, велите? Да, и правда, но правдата е вклучена во љубовта.
 24. Така се покажа Божјата љубов кон нас што Бог, Синот единороден, го прати во светот да живееме преку Него… не дека ние (први) покажавме љубов кон Бога, туку Тој покажа љубов кон нас, и го прати својот Син за да ги очисти нашите гревови. Прво значи Тој ја покажа Својата љубов кон нас, па затоа очекува од нас да ја покажеме и ние својата љубов кон Него. Сакаме или не сакаме - од тоа зависи вечната награда на верната љубов или пак вечната мака на изневерената љубов. Бидејќи во вонвременската вечност нема ништо времено, с# е вечно, и радоста и маката.
 25.Во Исуса Христа, Синот свој, Бог ја покажа љубовта која го надминува разумот. Оној преку кого Света Троица го создаде светот и им се јави како човек во тело, за да му ја соопшти на човештвото љубовта на Пресвета Троица, дотогаш непозната на светот. Како се јави? Онака како што може само големата љубов, без срам, да се јави, заради спасение на саканиот: во понижување, во слугување, во страдање, најпосле во врховно жртвување.
(…)

(продолжува)

Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 


Друго:

    Man.Zurce2.jpg

 

Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

sv.Serafim.Sarovski1d.jpgСв.Серафим Саровски - Сеќавањата на Богданович