Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:
“НОВ ЗАВЕТ”
“Тајната на спасението” од арх. Рафаил Карелин
“Светињата на животот и детеубиството”
“Касијана”
“Свети Серафим Саровски”

 “Свети Нифонт”

Korica.sv.Nifont.jpg


Првите доблести

 Благодарение на духовната ревност, Нифонт достигна длабоко смирение и кроткост. А имаше само дванаесет години! Покрај тоа, тој се одликуваше и со милосрдност. Кога и да видеше сиромав, се сожалуваше и му даваше леб или пари или нешто друго што му се наоѓаше при рака.
Еднаш, зимно време, виде на патот некој сиромав, гол и изгладнет. Немајќи што да му даде, се тргна настрана и заплака.
 - Тешко мене, грешниот! – си велеше. – Христос гол страда по овој мраз! А згора на тоа, гладен и жеден, дури ни покрив над главата нема.
 Тогаш тој си постави цел да се грижи, колку што може, за сиромашните.
 Другпат, во црквата слушна некој чесен свештеник како го поучува народот - дека оној што не е милостив и чист залудно се труди, бидејќи нема да влезе во Царството Небесно.
 Нифонт се потресе од тие зборови. Откако заврши службата, тој отиде кај свештеникот.
 - Старче, – го запраша - а што е тоа чистота за која што зборуваше?
 - Чистотата, дете мое, е избегнување на блудот и неговата гнасотија.
 - Значи, Бог го сака оној кој избегнува да го прави тоа?
 - Да, чедо мое. Бидејќи и апостолот Павле вели: Блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог4.  А на друго место вели: Телото не е за блуд, туку за Господа.
 Заминувајќи од црквата, Нифонт размислуваше: „Дали и јас ќе успеам да ја постигнам таа доблест? Зашто, потребна е сурова борба за да се избегне разгорувањето на страстите, а и демоните ги туркаат луѓето во бездната на телесниот грев многу полесно отколку во другите гревови. Што да правам јас, слабиот? Но, со Божја помош, никогаш нема жена да погледнам в лице! Се предавам во Божјите раце, нека биде волјата Негова…”
 Така размислувајќи, тој стигна до својот дом. Целиот тој ден беше молчалив и замислен, како вон себе и поместен од умот. Збор не му излегуваше од устата. Со никој не разговараше.
  Оттогаш почесто одеше в црква и буквално се посвети на проучување на свештените книги. Затоа постојано бараше самотија, тишина и мир. За земните работи остануваше рамнодушен. Размислуваше само за небесните. Сите што го гледаа се чудеа и велеа:
 - Што се случува со ова момче? Живее како ангел на земјата!

Пад

 Помина време. Нифонт напредуваше не само во науката туку и во доблеста. Гледајќи ги неговите подвизи, ѓаволот се оѕвери и се разјари.
  „Погледни! Толку млад, а ме презира! Само ти надевај се, момче мое … ќе се погрижам јас за тебе…”
 И навистина – оф леле! Нифонт немаше искуство во духовната борба и токму тоа лукавиот го искористи. Но исто така и непостојаноста на младоста, со која лесно се паѓа во грев…
 Така, најпрво посеа во неговиот ум бескорисни грижи. Потоа го втурна во пијанство и стомакоугодие. А на крајот му влеа копнеж за родителите и татковината. На Нифонт му се кинеше срцето при помислата за родителите. Помислите почнаа да го задушуваат. Но, од каде да знае дека се работи за демонска војна? На почетокот Нифонт храбро се спротивставуваше на помислите. Сепак, на крајот тагата и нерасположението сосем му го скаменија срцето и го претворија во урнатина.
 Жената на војводата, не знаејќи друг начин да го утеши, почна претерано да му угодува и да му подготвува разновидни богати јадења со одбрани вина.
 Тоа траеше некое време, Нифонт се навикна на јадења и пиења, кои подоцна се претворија во пијанчења. Од нивната злоупотреба му се помрачи умот. И така, едно зло донесе друго, бидејќи како што знаеме, гревот кога ќе почне, не знае да застане. Молчеливиот и тивок Нифонт стана дрзок и брборлив. Сите ги пцуеше и ги задеваше дури и за најмала причина. Правеше соблазни и сееше раздор.
 - Погледни! Каков бесрамник! Каков кавгаџија, на светот му нема рамен! – зборуваа луѓето и внимаваа да не му се најдат на патот. Со изговор дека сака да ги заборави родителите и маката на туѓинувањето, тој почна да не излегува од театрите, крчмите и ноќните собиралишта кои беа на лош глас. Утрото го дочекуваше во пијанство, игри, песни, срамни зборови…
 Сепак, најжално од сè беше тоа што западна во калта на телесните гревови. Се зафати со некоја развратна младина и стигна дотаму што со нив ја сквернавеше чистотата на душата, паѓајќи во блуд, прељуба, па дури и со-домија!
 Од ден на ден се помрачуваше сè повеќе, така што сè подлабоко паѓаше во грев. Сè полесно се фаќаше во замките на сатаната. Стануваше сè поагресивен. Никому не дозволуваше да разговара со него. Ако некој се осмелеше нешто да му каже, тој му враќаше со пцости и удари.
 - Навистина, ѓаволот и овој во ништо не се разликуваат! – зборуваа со негодување сите што ги гледаа него-вите зли дела.
 И навистина, тој толку се валкаше во грев што сите демонски војски трчаа по него со смеење и радост. И толку многу беше креативен кога требаше да смисли нов начин за грешење, што за младите претставуваше врата на гибелта.
 Малку по малку почна да го бие лош глас по целиот град. Старите негови познаници и сите побожни христијани жалеа што стигнал дотаму. Еден од нив, по име Василевс, често му зборуваше:
 - Тешко тебе, беден Нифонте! До каде стигна, си станал жив мртовец! Доста веќе…
 Понекогаш, кога ќе ги слушнеше тие зборови, Нифонт стануваше свесен за своите гревови. Размислуваше, воздивнуваше и почнуваше да плаче. Но, не можеше да ги остави своите зли дела, бидејќи многу брзо навиката го влечеше кон старото, како врзано магаре. И тогаш очајанието, најголемо од сите зла, доаѓаше да го доврши делото на душевната пропаст на момчето: „Сега за тебе веќе нема покајание - му шепотеше. – Гледај барем да не останеш без земната радост…”
 Ѓаволот толку цврсто го врза за себе, што Нифонт не само што не можеше да ја изговори молитвата, туку и со часови чувствуваше неподнослива тежина, како некој да му спуштил огромна плоча на градите.
 Добрата жена на стратилатот, гледајќи го таков жалосен, плачеше и тагуваше.
 ,,Ах, што ми се случи, мене грешната! Какво е ова искушение што ме снајде?” постојано повторуваше.
 Често се обидуваше да го освести со добро, давајќи му совети. Некогаш, пак, се разгневуваше, па дури и го тепаше! Но сите напори беа залудни. Нифонт не сакаше да се промени.
 Еден ден, тој отиде да види еден свој стар познаник, Никодим, човек побожен и исполнет со доблести.
 Никодим го прими и му покажа многу љубов.
 - О, нека ми е добредојден мојот брат во Господа! – извика тој.
 - Благодатта Божја нека биде со тебе – му одговори Нифонт и веднаш се сети дека одамна не го изговорил тој поздрав.
 Но кога му се приближи, Никодим се скамени. Го впери погледот во него и остана запрепастено да го гледа некое време. Нифонт се збуни.
 - Што се случува? – го праша тој збунето. – Зошто ме гледаш така без зборови? Зарем првпат ме гледаш? 
Неговиот пријател како да си дојде на себе.
 - Верувај ми брате, не знам што да ти кажам… Твоето лице ми се пристори црно, како кај Арап! Како да ти го објаснам тоа?
 Никодим повторно замолкна, но Нифонт многу добро разбра дека мноштвото негови гревови му го поцрнеле лицето! Тој се потресе, засрамен и скрушен, го скри лицето со дланките и замина, повторувајќи: „Тешко мене грешниот! И во овој живот станав за потсмев на луѓето, а и во другиот ќе горам во геената огнена. Ах, несреќник! Што да правам? Дали ќе можам да се покаам и да се спасам? Кој ќе ме увери дека навистина ќе најдам милост ако се покаам? И како да му кажам на Бога - смилувај се на мене по толку смрдливи гревови направени пред Неговите очи?”

Покајание

 Такви мисли му се вртеа во главата с# додека не стигна до куќата. Влезе внатре со скаменето срце од тага и падна на постелата. Но, сега како сон да му дојде на очи…
 „Да се помолам, можеби Бог ќе ми помогне” помисли тој и проба да стане.
 Но ѓаволот, знаејќи му ја намерата, се обиде да го спречи. И што направи? Почна во душата да му влева силен страв, полнејќи му ја главата со оваа неразумна помисла:
 „Ако сега, среде ноќ, станеш да се помолиш ќе паднеш во рацете на ѓаволот. И наместо добро, ќе те снајде големо зло. Ќе полудиш, ќе се демонизираш и сите ќе ти се смеат!”
 Таа лукава помисла најпрво го вознемири и многу го уплаши Нифонта, но тој брзо успеа да ја совлада, велејќи му на својот ум:
 „Па добро, тогаш кога цела ноќ ја минував во разврат, никакво зло ми се немаше случено. Зар да ми се случи сега кога сакам да му се помолам на Бога? Проклет да си, лукав и нечист духу!”
 И таму, склопчен во својата постела, во темница, си дојде на себе… Очите му се претворија во поток од горки солзи.
 „О Боже мој – плачеше со душевна болка. – Што бев и до каде стигнав! Камо среќа да умрев тогаш кога живеев во побожност и доблест. Ете, сега ја исполнив својата жалосна душа со бодежи и рани. Господи, Боже мој, на Тебе се надевам; спаси ме од сите што ме гонат и избави ме, да не би некогаш непријателот да посака да ми ја истргне душата, ќе трга а ќе нема кој да спасува5.”  И со тој повик стана од постелата исполнет со силна желба за молитва. Но само што се сврти кон исток, го обви црн облак! Тој се ужасна и се сепна. Повторно страв и трепет му ја обзедоа душата. Рипна на постелата и остана таму, лежејќи ничкум, од една страна, воздивнувајќи за гревовите, а од друга размислувајќи за тешкотиите што му ги приреди ѓаволот…
 Кога зазори, тој отрча в црква. Застана во еден полумрачен агол и се предаде на огнена молитва. Во еден момент, погледна нагоре и над својата глава ја виде иконата на нашата Пресвета Богомајка. Длабоко воздивна и промрмори:

Смилувај се на мене,
Ти која си мирис христијански,
Благодатна,
Пренепорочна,
помогни ми,
Прославена,
Пресветла,
надеж на оние што се каат,
поради големата милост Твоја.

 На тие зборови, Богородица  – о чудо! – го погледна и му се насмевна! Нифонт беше вон себе. Срцето му се исполни со радост, па почна да потскокнува.
 „Колку е Бог човекољубив! - помисли. Колку е голема милоста Негова! Колкави се љубовта и милосрдието Негово! И колкаво е чедољубието и грижењето на Пресвета Богородица за грешниците што се каат!”
 Тој посака да ја целива светата икона, да ја стегне во прегратките и да не се одвојува од неа. Толку голем беше свештениот копнеж што се распали за Неа во неговото срце!
 Многу време тој се молеше и плачеше додека уживаше во чувството на Богородичното присуство. Потоа излезе од храмот и си замина дома.
 Седна на постелата и почна да си зборува во себе:
 ,,Гледаш ли, бедна душо моја, колку н#  љуби Бог? А ние го оставивме! Особено Богородица! Како веднаш ни помогна, заштитничката на сите христијани и утеха на оние што се каат!”
 Како што беше изморен, веднаш го фати сон. И тогаш пред него се појави ѓаволот, преобразен во некое момче со кое Нифонт имаше обичај да греши! Седна спроти него, ги стави рацете на колковите, се загледа во него со жалосен, мрачен, но истовремено и гневен поглед.
 - Кажи ми зошто си толку нажален, што си се намуртил? – го запраша Нифонт.
 - Затоа што пред три дена појде кај својот драг пријател Никодим – му одговори, тресејќи се од гнев. – Три дена… И црквата повторно те освои… Тоа го гледам и не можам да го поднесам. Ете зошто сум толку несреќен.
  - Затоа ли толку се нажали? Па...тоа не е ништо лошо.
 Тој ја заврти главата на другата страна и не рече ништо.
 Тогаш Нифонт се разбуди. Веднаш сфати дека тој што му се јави на сон беше ѓаволот, кого го печеше неговото покајание.
 Во истиот момент тој стана и замина повторно во црквата. Сега тргна право кон иконата на Пресвета Богородица. Штом погледот му падна на Неа, Таа му одговори со познатата и преслатка насмевка! Каква сладост му се разлеа во утробата од таа насмевка! Тој побрза да се поклони до земјата на нејзината радост. А кога и да ја погледнеше, гледаше како му се насмевнува, како да е жива…
 Еден друг ден, кога повторно тргна кон црквата, забележа на патот еден човек кајшто греши и веднаш во себе го осуди. А кога стигна во храмот, се приближи кон иконата на Пресветата Богомајка, и ја виде Пречистата како најпрво го гледа мрачно, а потоа погледот го свртува далеку од него.
 Нифонт се потресе. Нозете му се отсекоа. Падна на колена и рече во себе:
 „Тешко мене! Што направив лошо? Изгледа дека гревот со мене толку многу завладеал, та не сум свесен за него. Каде погрешив што Мајката на мојот Бог се одвраќа од мене?”
 Тој го напрегаше умот за да се сети во што погрешил. И тогаш се досети дека со помисла го осуди оној патник.
 Длабоко воздивна.
 - Боже мој – замоли тој во солзи, признавајќи го својот грев. – Прости ми, по молитвите на Сесветата Мајка Твоја. Ти ја одзедов, Господи, славата и достоинството Твое, кога го осудив ближниот поради неговиот мал грев. Смилуј се, Боже, на мене. Смилуј се, зашто на Тебе се надева душата моја! 6
 По многу молитви, солзи и скрушеност, тој повторно погледна кон иконата и виде дека му се насмевнува како и порано. Така утешен и смирен, топло &  се заблагодари на Пресвета Богородица и излезе од храмот.
 Оттогаш, кога и да паднеше во некој свесен грев, Пресвета Богородица на ист начин го разобличуваше. А тој се каеше, примаше прошка и се трудеше да се поправи.

Друго:

Man.Zurce2.jpg

Ви препорачуваме: Од издавштвото на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче