
Во денешно време човекот често чувствува тага, очај, тромост, мрзливост, душевна здодевност и сите останати сатански состојби... Тагува, плаче, меланхоличен е, не се грижи за своето семејство, троши многу пари на психоаналитичари и лекови.
Сето ова луѓето го нарекуваат несигурност, православието верува дека станува збор за искушенија од нечестивиот.
Болката е душевна сила која Бог ја всадил во нас, со цел да донесе добро, љубов, радост, молитва.
Наместо тоа, лукавиот успева оваа духовна сила да ја одвои од нашата душа и да ја користи за зло, односно предизвикува депресија и душата ја доведува до состојба на тромост и душевна здодевност. Тој го мачи човекот, го поробува и душевно го разболува.
Тука постои една тајна. Треба сатанското дејство да го претворите во добро дејство. Тоа е тешка работа и за неа е потребна извесна подготовка. Таа подготовка е смирението. Смирението ја привлекува Божјата благодат. Предадете се на Божјата љубов, богослужбите, молитвата.
Но и кога го правите сето ова, ништо нема да постигнете ако немате смирение.
Сите лоши чувства: несигурноста, губењето надеж, разочарувањето – што тежнеат да ја освојат душата, исчезнуваат благодарејќи на смирението. Кој нема смирение е себичен, не дозволува да се спротиставиш на неговата волја, да го опоменеш или посоветуваш. Веднаш се натажува, нервира, бунтува, реагира бурно и се препушта на депресијата.
Ваквата состојба се лечи со Божјата благодат. Душата треба да се насочи кон Божјата благодат. До исцеление ќе дојде ако таа со копнеж го засака Бог.
Старец Порфириј Кавсокаливит
фб Правослвие.Мк
20.06.2026