Bdenie.Josif.isihast

 

Трудете се да бидете спомнувани на светите Литургии, затоа што таа честичка со вашето име се става во Светата Крв.

И свештеникот вака вели: „Измиј ги, Господи, со Твојата Света Крв гревовите на Твоите слуги што се спомнати овде, по молитвите на Богородица и на сите Твои светии.“ Потоа сите честички од дискосот се ставаат во путирот со Светата Крв. Разбирате ли? Каде и да си – дали жив, дали упокоен – имаш корист од тоа; се спомнува и за живите и за упокоените. А што ве чини тоа? Трудете се да бидете спомнувани на Литургијата. Без разлика дали ве познава некој свештеник или духовник, или вие самите давате за помен, важно е да бидете спомнувани. Тоа е најважното.

Литургијата не е човечко дело, мили мои. Ниту ангелско. Таа е непосредно божествена! Зашто не може човек сам да го изврши тоа претворање. Тој е Оној Кој е! И кога би било можно да се отворат небесата, па дури и покривот на Олтарот, на небото не би виделе повеќе светлина и поголем поредок отколку што има во светиот Олтар, со ангелите, бидејќи Христос е со нас. Имаме и една молитва што ја читаме при Входот: „И направи, Господи, со нашиот вход да биде и входот на светите ангели, кои заедно со нас служат!“ Значи, свештеникот има благодатна власт, зашто тие се таму – мноштво ангели! Тоа е Христос; зар со тоа ќе се играш?!

Затоа, трудете се да бидете спомнувани на Литургијата

.— Архимандрит Арсение Папачок