Архимандрит Лазар Витаниски
4vek3.jpg

СТОМАКОУГОДУВАЊЕ

На разни луѓе им е потребна различна количина храна за одржување на физичката сила - тоа зависи од возраста, од телесната конституција, од здравствената состојба, од тежината на работата што ја извршува човекот. Во самата храна нема никаков грев зашто таа е Божји дар. Гревот се состои во односот кон неа како кон сакана цел, се поклонуваат пред неа и сладострасно го доживуваат чувството на вкус, разговорот на оваа тема, во тежнеењето што повеќе пари да се потрошат на нови и раскошни јадења.
Христијанинот секогаш мора да се воздржува од се излишно (непотребно), да се труди се да прави по мера, онолку колку што е неопходно и колку што ко-ристи, а да отсече се она што е прекумерно и што на душата и нанесува штета. Кога се почитува мерата во храната, таа служи човекот да се поткрепи и му дава сила за труд во Божја слава, за духовна и телесна работа, му дава сила да се моли, да прави метании итн. Лишувањето себеси од неопходната количина храна, т.е. неразумниот пост, исто како и прекумерноста во храната, ја одзема силата, го спречува човекот да го одржува одредениот ритам на својот живот што е корисен за душата. Насладувањето со вкусна храна е многу штетно за духовна работа, тоа го отапува вкусот за се духовно, го развива сладострастието, желбата за постојано барање на некои нови телесни чувства, а во душата се вселува чувство на некое незадоволство од „сивиот" живот, човекот почнува да очекува и да бара нешто „посилно" и „посензибилно", и тоа повеќе не са-мо во храната, туку и во други изразувања на своите чувства. Од прејадувањето до распалувањето на блу-дните страсти треба само малку. Затоа цревоугодувањето предизвикува и нарушување на постот, а тоа веќе го оддалечува човекот од Црквата, од Бога. Цревоугодникот не е способен да се бори со многу други страсти, додека постот, напротив, е оружје против многу страсти.
Исто така, грешно е ако човекот заборави да се моли пред јадење, особено заради нестрпливата желба што побрзо да почне со јадењето. Многу е штетно да се јаде од досада, очајание и нервоза.

ПИЈАНСТВОТО

Тешка страст што е тесно поврзана со прејадувањето е пијанството. Секој знае колку несреќа донесува оваа страст насекаде. За тоа колку пијанството е погубно за здравјето, за психата, за односите со блиските луѓе - за тоа многу зборуваа и оние што веруваат и оние што не веруваат во Бога. Несреќата е во тоа што човекот што пие тешко може да избегне повод за пиење и да се оттргне од алкохолот зашто без пиење во друштвото не минува ниту еден настан - ни мал, ни голем, ни радосен, ни тажен. Притоа сите сметаат дека им е должност да внимаваат на тоа ближниот да пие, зашто се плашат дека без тоа нема да биде „расположен". Така е и сега, и меѓу верниците, дотолку повеќе што за секој христијанин виното е посебна суистанција, како лебот и маслото што се осветени зашто често се користат во богослуженијата; чистото црвено вино и посебно подготвениот леб - просфората служат за извршување на светата тајна Евхаристија. Заради тоа, на христијанските празници секогаш има вино и не е грев ако човек малку се напие за да се подигне празничното расположение, но во наше време луѓето станаа толку слаби, толку не се воздржуваат, така што на празничната трпеза скоро секогаш некој се опива. Порано дури и по манастирскиот устав на монасите им било дозволено да се напијат до две чаши на трпезата, но треба да го имаме на ум тоа дека луѓето тогаш биле многу посилни и повоздржливи и дека виното на нив немало такво дејство. Во наше време треба да се биде крајно внимателен, и кога човекот знае Дека има слабост кон пиењето треба однапред многу строго да се иодготви иа тоа, или воопшто да не се допре до пијалак, или да почитува точна мера. Сега често се пие вино и за време на постот, што претставува очигледно нарушување на постот зашто во црковните типици јасно е напишано кога во постот може да се употребува вино, а тоа е само во случај на некој празник.
Запамети го, брате, следново: иако виното на почетокот изгледа како фина, пријатна и безопасна работа, демоните многу сакаат да ги фаќаат слабите луѓе на оваа јадица - често и една чаша го лишува човекот од будност и внимателност, и ѓаволот веќе ја подготвува мрежата на гревот, во која лесно паѓа оној што дури и малку се заборавил и се опуштил. Какви безумни постапки прават луѓето во пијана состојба, често имаат очигледни напади на бес, потпаѓаат во потполна зависност од злите духови, „играат како што ќе му свират тие", често злите духови ги доведуваат до самоубиства. Господ во Светото писмо директно зборува дека пијаниците нема да се спасат. Пијаницата во виното бара радост и веселие, сака да заборави, да се избави од страдањата на овој свет, но силата во виното што го весели и грее срцето е слабо потсетување и слаба слика во споредба со онаа радост и духовно веселие со која веќе се радува и се весели секој што вистински верува и ги извршува Христовите заповеди. Благодатта Божја што ја шири евангелското учење го исполнува секого што го почитува словото Божјо и живее заради него - тоа е виното што весели и опива и кое води во Царството Небесно!

 

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

 ДУШЕВНА ЗДОДЕВНОСТ (УНИНИЕ)

ОСУДУВАЊЕ

ЧОВЕКОУГОДУВАЊЕ

ДУХОВНА ПРЕЛЕСТ (ИЗМАМА)

БОГОХУЛСТВО И ЗАКОЛНУВАЊЕ ВО БОГА

 Што е тоа грев и кои се основни гревови (3) 

СВЕТА ТАЈНА ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД (2) 

ПОВИК КОН ПОКАЈАНИЕ

 

 

 

Посети: {moshits}