Архимандрит Лазар Витаниски

ДУШЕВНА ЗДОДЕВНОСТ (УНИНИЕ)

svod.sv.sofija1.jpgДушевната здодевност се раѓа од прекумерното занимавање со себе, со своите чувства и незгоди и за резултат го има згаснувањето на љубовта кон ближните, рамнодушност кон туѓите страдања, неспособност да се радуваш на туѓите радости и завист. Основа и корен на нашиот духовен живот и сили е љубовта кон Христа, и неа човекот во себе треба да ја негува и да ја воспитува, да се загледува во Неговиот лик, да го расветлува и да го продлабочува во себе, да се соживее со мислата за Него, а не за своите ситни, празни успеси и неуспеси, Нему да му го даде своето срце, зашто тоа е и животот на христијанинот. И тогаш во нашето срце ќе завладее тишина и мир, за кои преподобен Исак Сирин вели: „Помири се со себе и со тебе ќе се помират и Небото и земјата."
Луѓето кои тешко згрешиле или се слаби, а не се способни храбро да стапат во борба против своите страсти, често се сомневаат во можноста да добијат опростување, да им се прости, што е проследено со знаци на душевна здодевност и очајание (исто така тежок грев на маловерие). Но, здравите немаат нужда од лекар, а болните; одете и научете се што значи: Милост сакам, а не жртва. Зашто не сум дошол да Ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание (Мт. 9, 12-13). Безизлезната положба на некои луѓе што се исповедуваат, привидната безнадежност на нивната положба е во тоа што тие луѓе се надвор од Црквата, а влегувањето во Црквата, во заедницата на љубовта со браќата по вера е почеток на нивното спасение.

ПРАЗНОСЛОВИЕ

Гревот на празнословието е многу раширен. Тоа е грев на празно бездуховно злоупотребување на Божјиот дар на зборување. Во ова спаѓаат сплетки и прераскажување на гласини. Често луѓето времето го поминуваат во празни, бескорисни разговори, чија содржина веднаш се заборава. Господ рекол: И ви велам, дека за секој лош збор, што ќе Го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден; оти по зборовите свои ќе бидеш оправдан, и по зборовите свои ќе бидеш суден (Мт. 12,36-37).
Гревот на празнословието никогаш не завршува со просто губење на време, туку човечката душа ја остава осквернета, зашто секое празнословие носи во себе или осуда, или потсмевнување, или ја задоволува суетата, или оживува во сеќавањето страсни слики итн. Треба само накратко невнимателно да ја отвориме устата заради празен разговор и веќе излегува некој штетен збор, а по него втор, трет... Заради тоа, секогаш е неопходна внимателност, содржајност во разговорите, молчаливост. Затоа што понекогаш и еден непромислен збор може да го лиши човекот од благодатта Божја, стекната со долготраен труд (види во поглавјето за осудувањето).

ЛАГА И ЛАЖЕЊЕ

Во лага можат да се вбројат: неизвршување на дадените ветувања, сплетки, измислувања и преувеличувања во празни разговори, клевета, пренесување на своите претпоставки како сигурни факти, смело расудување за работи што човекот малку ги познава, наметнување на совети на ближниот со недостаток на доволно искуство и духовност. Овој грев толку длабоко влегол во свеста на современиот човек, толку длабоко се вкоренил во душите, што луѓето дури не се ни замислуваат над тоа дека секој вид на невистина, неискреност, лицемерие, преувеличување, фалење претставува тежок грев, служење на сатаната - таткото на лагата. Според зборовите на апостол Јован, во Небесниот Ерусалим нема да влезе ништо нечисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже (Отк. 21, 27).
Лагата може да се исполнува без нималку срам, отворено, во сета своја сатанска одвратност, во тој случај станувајќи втора човечка природа, постојана маска прилепена за неговото лице. Тој толку се навикнува да лаже што не може да ги изразува своите мисли поинаку освен да ги искажува со зборови што очигледно не им одговараат и со самото тоа не ја осветлуваат, туку ја затемнуваат вистината. Лагата незабележливо се вгнездува во човечката душа од детство: често, не сакајќи некого да видиме, ги молиме ближните да му кажат на посетителот дека не сме дома, наместо директно да одбиеме да учествуваме во некоја, за нас, непријатна работа, се преправаме дека сме болни или зафатени со други работи. Таквата „секојдневна" лага, наизглед невино преувеличување, шеги засновани на измама, постепено го развратуваат човекот, дозволувајќи му подоцна, заради сопствена корист, да прави компромис со совеста. Лагата треба да се искорени на најрешителен начин: запамети, како што од ѓаволот не може да биде ништо освен зло и погибел за душата, така и од лагата - неговиот пород - не може да произлезе ништо, освен изопачен, сатански, антихристија-нски дух на злото. Не постои „спасоносна" или „оправдана" лага, самите овие изрази се богохулни, зашто нас не спасува и не оправдува единствено Вистината, нашиот Господ Исус Христос!

КРАДЕЊЕ И ОГРАБУВАЊЕ

Заповедта „не кради" некои ја сфаќаат премногу конкретно, како забрана за очигледно крадење, ограбување и сл. Меѓутоа, крадење е секое незаконско присвојување на туѓ имот, како личен, така и општествен. Под крадење треба да подразбираме невраќање на парични долгови или позајмени работи. Во овој грев спаѓаат: неработливост, просење без крајна нужда (потреба), доколку постои можност човекот сам да заработи. Ако човекот, користејќи ја несреќата на другите луѓе од нив го зема нивното добро, барајќи камата на заемот, тогаш тој го прави гревот лихварство (зеленаштво). Тоа се однесува и на препродажба на работи и намирници по повисоки цени. Шверцувањето во превозот, и на тоа слични гревови, исто така, претставуваат нарушување на заповедта „не кради".
Ако покајникот има грев што има врска со нанесување на материјална штета на некого, пожелно е, според можностите да го надомести својот долг, да ја врати украдената работа или нејзината вредност, без разлика на времето што поминало од времето кога таа постапка е направена! Тоа ќе биде најдобар вид на епитимија.

СРЕБРОЉУБИЕ

Под овој назив се подразбира секоја пристрасност кон работите, парите, материјалното богатство од секој вид што се изразува во вид на расипништво исто како и во нему спротивната скржавост. Иако, наизглед, е второстепен, овој грев е многу тежок зашто истовремено претставува одрекување од верата во Бога, од љубовта кон луѓето и страсна приврзаност за ниски чувства. Таа страст раѓа злоба, бесчувствителност на срцето, грижа за многу работи, завист. Преовладувањето на среброљубието, исто така, е делумно преовладување на овие гревови. Од зборовите на Самиот Спасител знаеме дека на богатиот му е тешко да влезе во Царството Небесно. Христос учи: Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и 'рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту 'рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше (Мт. 6, 19-21).
На овој грев му се блиски многу страсти: страст кон убаво облекување, поседување на ретки работи, одбирање на сите работи за себе посебно и „со вкус", страст кон убаво и модерно уредување на куќата, оттаму и загриженост за распоредот на работите, за нивното чување, страв нешто да не се изгуби, страв од крадци, кражба, озлобеност кон оние луѓе што допираат или бараат работи, натпреварување со други во стекнување на работи, завист, осудување, немилосрдност, презир кон сиромашните. Човекот почнува да обраќа многу внимание на надворешниот изглед, и на својот и на оние што го окружуваат, па оттаму однесувањето кон другите често почнува да зависи од тоа „кој како се облекува", почитувањето расте или опаѓа во зависност од материјалната благосостојба на ближниот, оттаму и неправедност, човекоугодување, гаде-ње или непочитување на другите. Апостолот страста на среброљубието ја нарекува идолопоклонство. Оној што почнува да и служи на минливата материја станува нејзин роб и обожавател, му се поклонува на минливо-то - на созданијата, а го остава Создателот.

 

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

 ОСУДУВАЊЕ

ЧОВЕКОУГОДУВАЊЕ

ДУХОВНА ПРЕЛЕСТ (ИЗМАМА)

БОГОХУЛСТВО И ЗАКОЛНУВАЊЕ ВО БОГА

 Што е тоа грев и кои се основни гревови (3) 

СВЕТА ТАЈНА ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД (2) 

ПОВИК КОН ПОКАЈАНИЕ