Архимандрит Лазар Витаниски

ЧОВЕКОУГОДУВАЊЕ

kalista.park.jpgТоа е, исто така, страст што незабележливо не оддалечува од вистинското служење на Бога. Господ ни заповедал да го сакаме ближниот како самите себе, меѓутоа, можно е да сакаме друг, да му служиме што повеќе, но не заради Бога. Се работи за тоа какво расположение лежи во основата на таа љубов. Како една љубов можеме да ја разликуваме од другите? Христијанската љубов, обично, не се разгорува веднаш во срцето, туку во почетокот, кога, човекот ќе почне да живее христијански, сите негови чувства бараат напор, борба, долготрајно лекува додека не почнат барем малку да се потчинуваат на христијанските закони. На почетокот е тешко да жртвуваш дел од себе, да жртвуваш делче од своето „јас" заради ближниот. Човекот, прво, мора често да се потсетува на евангелските заповеди, да си се заканува со немилосрдна казна, со страв од одговор за своите гревови итн. Човекот мора да се поттикнува и да се принудува, барем на надворешно исполнување на заповедта за љубов кон ближните, додека, после долго искуство во таа борба, срцето не омекне и не почне самото да љуби (секако, по благодатта Божја, стекната со труд и самопринуда). И овде на прво место секогаш е Господ, Неговиот пример на пожртвувана љубов кон човечкиот род и изразувањата на таквата љубов секогаш биле многу воздржани, корисни за душата и плодотворни.
Од друга страна, човекоугодната љубов во својата основа секогаш има некоја страст: или тоа е телесна привлечност, или сродство (љубов кон роднините), или симпатија или почитување на човекот заради неговата висока положба во општеството, односно во почето-кот постои желба да му се угоди на човекот заради тоа што ние во дадениот момент го издвојуваме, на некој начин, во споредба со другите и сакаме тој за нас да има добро мислење. Таквите помисли се, речиси, не-сфатливи, но токму тие прават внатрешен поттик за во човекот да се појави желба некому да му послужи, да го смири, со нешто да го израдува. Доколку во таквите случаи се сретне некоја препрека од страна на христи-јанскиот закон, таа лесно се нарушува „заради љубо-вта", често сериозно се престапува црковниот поредок и се навредува Самиот Господ. Во човекоугодувањето, ближниот го ставаме пред Бога и му служиме заради своја лична корист, потпирајќи се на сопствената нечи-ста човечка доброта, често во тоа време потполно за-боравајќи на Бога. Но, она што е најлошо од се е тоа што ние самите во тоа време мислиме, а и другите ги убедуваме дека тоа го правиме по заповедта заради своето христијанско милосрдие.

 

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Друго: Pokajanie.korica.jpg

ДУХОВНА ПРЕЛЕСТ (ИЗМАМА)

БОГОХУЛСТВО И ЗАКОЛНУВАЊЕ ВО БОГА

 Што е тоа грев и кои се основни гревови (3) 

СВЕТА ТАЈНА ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД (2) 

ПОВИК КОН ПОКАЈАНИЕ