Што е тоа грев и кои се основни гревови (4)

Архимандрит Лазар Витаниски

crkva.sonce.jpgБОГОХУЛСТВО И ЗАКОЛНУВАЊЕ ВО БОГА

Овие гревови често се присутни и кај црковните и побожни луѓе. Ова, пред се, се однесува на богохулното негодување на Бога заради наводниот Негов немилосрден однос кон човекот, заради страдањата што на човекот му изгледаат претерани и незаслужени. Понекогаш тоа достигнува дури до хулење на Бога, на црковните светињи и светите тајни. Тоа често се гледа и во зборувањето на непристојни или отворено навредливи приказни (случки) од животот на свештенослужителите и монасите, во смешно-ироничното цитирање на поедини фрази од Светото писмо или од молитвеникот.
Посебно е раширено заколнувањето во Бога и залудното (непотребно) споменување на името Божјо или на името на Пресвета Богородица. На човекот му е многу тешко да се одвикне од навиката овие свети имиња да ги употребува во секојдневниот разговор ка-ко извици што се користат за да им се даде поголемо значење на зборовите: „Сполај му на Бога...", „О Боже" и други слични изрази. Уште полошо е да се изговара името Божјо во шега, додека страшен грев прави оној што ги употребува светите зборови во гнев и во расправија заедно со пцовки и навредување. (За намерното или ненамерното, „случајно" пцуење на Бога, Богородица и светиите воопшто да не зборуваме.) Богохули и оној што им се заканува на своите непријатели со гневот Господов или, ако во молитвата го моли Бога да казне друг човек. Голем грев прават родителите кои во гнев ги проколнуваат своите деца и кои им се закануваат со небесна казна. Призивањето на нечистите сили (пцуење на ѓаволот) во гнев или во обичен разговор, исто така, е грешно. Треба многу решително да се бориме против таа болест, инаку не може да стане збор за духовно оздравување...

 

(Продолжува)

Извадок од книгата:

ПОКАЈАНИЕТО- ПАТ КОН ВЕЧНОСТА

Издавач: Канео ,Охрид, Дебарско- кичевска епархиј

Што е тоа грев и кои се основни гревови (5) 

 Што е тоа грев и кои се основни гревови (3) 

СВЕТА ТАЈНА ПОКАЈАНИЕ И ИСПОВЕД (2) 

ПОВИК КОН ПОКАЈАНИЕ