TVIT817


·
            “Гуруизмот е карактеристика, пред сѐ, на тие што деспотски, односно апсолутистички, т.е. како сакаат, си владеат, користеjќи ги за тоа својата висока позиција и моќ. Гуруизмот е неминовна последица на отсуството на внатрешното духовно покритие за високиот чин што го носат.

Таквите се препознаваат по нивниот тирански однос кон подредените, како што се: чести казнувања, инсистирање и неотстапување од своите грешни одлуки и од својот грешен збор, постојано предизвикување на поделби, безмилосност, отстранување на оние што ја пореметуваат нивната замислена слава, барање на апсолутна и бесконечна послушност, чување на својата висока позиција до смрт, губење на контакт со реалноста – т.е. карактеристика е на оние што се препознатливи по својата социопатија, по големата штета што ја прават во заедницата.

           Гуруизмот не е карактеристика на оној што бара целосрдечно послушание од своите духовни чеда, но само до отворањето на срцето за умно-срдечната молитва или само до одредена возраст, а не и после тоа; не е на оној што ја почитува и им ја дава слободата на луѓето; не е на оној што одвај чека да се тргне од својата висока позиција.“ - дедо Наум

 

fb Monika Nikolova

 

Септември 2023 лето Господово