TViTer364 

ПРЕД ТЕБЕ ЌЕ ОСАМНАТ НОВИ ДЕНОВИ

Животот е убав. Потребно е да ја откриеме таа убавина. Да не се задржуваме на непријатностите што ни се случуваат во секојдневниот живот. Сигурно е тешко да се види убавината на животот кога сè не помрачува од грижи и таги, од предавства и искушенија. Имено, тогаш те напушта силата, кога веќе немаш храброст да продолжиш, кога немаш повеќе расположение да вложиш труд. Но, дури и во тие моменти кога разумот ти кажува да се повлечеш, да се предадеш на очајот и депресијата, потребно е внимание и претпазливост ( благоразумие ).
Сè поминува и одминува. Не, не се заборава, но некако стивнува во нас. Размисли дека и покрај сите неблагопријатни околности и таги, животот продолжува. Можеби сега ги живеете вашите „мрачни денови“, но дајте си малку време, опуштете се со позитивна мисла, придадете добра мисла и со сигурност нештата ќе станат подобри.
Велите дека сте го допреле дното. Да, но сеуште сте тука и сега можете да врвите само нагоре. Ги пребродивте тешките времиња. Сега ќе дојдат подобри денови.
Дајте си шанса да ја почувствувате среќата. Можеби се чувствувате уморни од сето тоа. И природно е да го чувствувате тоа. Но, не влегувајте во темнината на негодувањето и злочестието. Нема да се одморите на тој начин. Одморот ќе дојде кога ќе престанете да ги анализирате вашите  мисли и ќе се предадете на молитвата. Душата тогаш се одмара, умот се очистува, телото се успокојува и оживотворува.

TViTer362
Не се предавајте на страстите, на разочарувањето, на тагата. Дајте му на животот малку време да ви се насмее. Вашата слободна волја е исто така неопходна за да дојде оваа насмевка. Оставете ги зад себе сите оние настани или луѓе кои ве доведоа во темнината на болката и тагата. Пред вас ќе осамнат нови денови, полни со светлина и убавина, полни со радост и среќа.
Многупати ги преувеличуваме лошите работи што ни се случуваат а ги минимизираме добрите работи кои со сигурност постојат во нашите животи.
Не се фокусирајте на лошото што ви се случило. Фокусирајте се на тоа што ве научило и на сите оние добрини што постојат во вашиот живот.
Фокусирајте се на луѓето кои ве сакаат такви какви што сте, без да бараат да се промените.
Фокусирајте се на луѓето кои ве прифаќаат и ве поддржуваат во она што го правите. Не ги доживувајте како животен дар но покажувајте ја секојдневно вашата благодарност за нивната жртва кон вас.

TViTer363


Животот е убав. Иако денеска  има облаци, никогаш не заборавајте дека Сонцето е секогаш зад облаците. За да го видиме, мора или да го бараме, за да го видиме постепено зад облаците, или да го земеме авионот на добрите помисли и да летаме над црните облаци на искушенијата. Сите ние различно се соочуваме со  животните ситуации. Некои се почувствителни, други се посебични. Поентата е да не дозволиме некои „црни страници“ од нашиот живот да станат причина целата книга од нашиот живот да биде фрлена во ѓубре. Затоа што сечиј живот има потенцијал да стане бестселер. Животот е убав. И во одредени моменти, ако имаме смирено и чисто срце, тоа ни се открива на парадоксален начин, во невообичаено време и на неочекувани начини.

Автор: архим. Павел Пападопулос

Извор: bogonosci.bg


За Преминпортал – Симеон Стефковски

24ти август 2022 лето Господово