Za.Voznesenie


ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН


          По 40 дена од Своето Воскресение, Христос  се вознесе на небото, и со тој настан се запечатува целото Негово спасително дело.
 За овој настан, од евангелистите накратко споменува Марко (16,19-20), а најмногу Лука (Лк 24,50-53 и Дела 1,1-11).
Исто како и страдањето и воскресението, Христос претходно го најавил и Своето вознесение: Ова ли ве соблазнува?
А, ако Го видите Синот Човечки да се искачува таму каде што беше претходно? (Јн 6,62).
           Христос како Бог секогаш е со Отецот и Светиот Дух: под слегување, се подразбира Неговото Воплотување (кенозис), а под искачување, вознесувањето на Неговата човечка природа (обожението).
Во периодот на 40-те дена, меѓу Воскресението и Вознесението, Христос им се јавувал на учениците и им ги откривал тајните на Царството Божјо.
            Господ им заповедал да не излегуваат од Ерусалим, додека не им го исполни ветувањето, дека ќе им испрати друг Утешител, односно додека не слегне Светиот Дух врз нив и ги облече со сила одозгора, по што би можеле да го проповедаат Евангелието по целиот свет. Тоа и ќе се случи по 10 дена, за време на старозаветниот празник Педесетница.
           Зошто токму 40 дена требало да поминат до Вознесението? Бројот 40 имал големо значење воопшто на древниот Блиски Исток, а особено тој број има големо значење во Библијата: претставува символ на завршено дело, генерација и исполнување.
Св. Никодим Светогорец вели дека Христос, според Својата човечка природа, примил три раѓања :


          1.Воплотувањето од Дева, 2.Крштението од Јован и 3.Воскресението, и во трите раѓања е наречен – првороден (1.од многуте браќа по тело, 2.во новото создание, 3.од мртвите).
40 дена по секое од овие раѓања, се случува нешто многу важно:
1.Сретението,
           2.победата над искушенијата од ѓаволот,
           3.Вознесението.
Во овие 40 дена по Воскресението, тој ги поучувал учениците на тајната на Царството Божјо, коешто веќе е тука, а тоа е Црквата.

 

Јуни 2022 лето Господово

Избор од фб на -Православие.Мк †