Грешникот е повреден, а не лош човек

TViTer118

          Кога гледаме како еден човек се бори со страстите и гревовите, пред да го кренеме прстот кон него и да го посочиме како грешен или лош човек, треба подлабоко да видиме што се крие зад оваа негова битка и агонија. Тогаш, ако Благодатта ни дозволи да ја видиме неговата душа, ќе разбереме дека зад секој еден грев живее жедта за слобода.
          Зашто секоја страст во себе крие крик за слобода. Човекот не може да се вклопи во ѕидовите на просторот и времето, не ја поднесува сенката на смртта, копнее по слободата и бидејќи најчесто не знае како да ја пронајде, создава сурогати. Тоа се нашите страсти, сурогатите на едно големо отсуство. Бог отсуствува од нас и празнините ги пополнуваме со гревови.
Има уште нешто друго. Многуте грешки, гревови и страсти се случуваат само за да почувствуваме дека ги преминуваме границите, законите и правилата. Со целото битие, со телото, умот и душата сакаме да кажеме дека повеќе не можеме повеќе да ги издржиме формалностите. Што е ова? Жед за слобода.
          Оттука, кога Христос бара од нас да не го осудуваме ближниот, не го прави тоа од морални причини, односно како чин на правилно поведение и социјална хармонија, но од онтолошки причини. Не можеш да судиш затоа што не можеш да знаеш.

Manastir.Dechani29
          Мораме да разбереме дека другиот е една рана, големата рана според Отците на Црквата. Грешникот е повреден, а не лош човек. Тој е трагична личност која има минато, но во исто време и иднина. Не можете да му судите на неговото минато затоа што не ги знаете причините за неговите постапки. Не ја знаете неговата иднина затоа што не можете да го видите неговото покајание. Човекот, дури и во својата најголема темнина има еден блесок. Една Светлина живее во нашиот мрак ( ад ) и одекнува гласно дека сме создадени за Рајот.

Автор: о. Харалампиј Пападопулос


За Преминпортал: Симеон Стефковски
Извор: sveticarboris.net