За трезвеноумието и како да се бориме со горделивите помисли, доколку дојде Божјата помош

stargrad12.jpg

Веќе виде чедо мое, како треба да се размислуваш, а сега ќе дознаеш како треба да војуваш. Доколку не посети благодата Божја и не ослободи од страстите и ни ја покаже Својата безгранична љубов, немој да мислиш дека трезвеноумието(вниманието), не ти е потребно. Бидејќи сме сиромашни се молиме за богатство. Кога ќе се збогатиме, тогаш повеќе се плашиме да не станеме поспани и немарни, за да не дојдат разбојниците да ни ја разрушат ризницата.
Слушни еден пример за разбојниците.

Докдека си се молел, дошла Божествената благодат, си почувствувал радост и неискажлива сладост. Истиот момент ти приоѓа разбојникот – а тоа е превознесувањето(гордоста), и тајно ти говори: „Ти си веќе светител!“ Одговри му вака: „ Престани злобен демону“, „Ако и до третото небо се воздигнам, ништо од тоа не е мое“. Еве што вели апостолот Павле: „ Беше грабнат и однесен во рајот, и дека чул неискажливи зборови“(2.Кор.12,4). Да не беше воздигнат по своја воља? Не. Ако таму го воздигнал некој друг, дали има тогаш нешто негово? Нема. Еве што велеше кога целиот свет го спасуваше  со своите проповеди: „Не го правам тоа по моја воља, туку Христос кој во мене дејствува“.

Гледаш ли чедо мое? Што беше во негова сопственост ако некој друг го воздигна до таму? Така и ти зборувај и на злобната гордост „Ако се воздигнам на небесата, и анѓели да видам, и со Бога да беседам, нема тука ништо мое“. Царот посакал да земе глина, за да ја постави до својот престол. Зар нема да е веќе Цар? Можеби глината има право да се гордее, бидејќи е до Царот? Не. Подобро може да се каже, дека се вооудушевува на Царевата добрина, и на Неговото смирение, бидејќи не ја презре глината, туку ја постави до Себе. Како што те издигна од земјата, кога сака може повторно да те отфрли, во земјата, во твојата природа. Према тоа, ако од овде те воздигне, во тој напредок нема никаква твоја заслуга. Исто така, нама потреба од така ако повторно те отфрли, од каде што те зел. Напротив, треба да кажеш, „Јас сум, Господи, достоен да бидам само син на ѓаволот, бидејќи ги творев и ги творам неговите дела. Ти сакаше и ме воздигна на небесата, Ти сакаше и ме отфрли. Нека биде Твојата света воља.

Треба да жалиш само кога паѓаш во грев. И нема да жалиш, заради што си паднал во грев, туку што си го разжалостил Бога, и што си се после пројавувањето на Неговата љубов, покажал како неблагодарен. Повторно обнови ја својата надеж и стани. Не очајувај што си згрешил. Ако се промениш без грешење, немој да жалиш, туку радувај се бидејќи си ја видол Божјата добрина, ќе се здобиеш со посилна вера и силна надеж, дека со Божјата милост и човекољубие ќе бидеш наследник на тоа што си го видел.

И подвизувај се да го стекнеш поголемо смирение. Кога злобниот демон повторно ќе ти говори дека си поголем од останатите монаси, ти  одговори му: „Ако Господ посака да ја излие Својата благодат врз сите луѓе, сите ќе бидат вакви“. Зашто би бил крив оној што нема благодат, или има малку? Господ на еден дал пет, а на друг два таланти. Зар е крив оној што добил два таланти? Не. Господ знае што е најдобро за нас. Иако добил два таланти, и тој слушна: „Влези во радоста на својот Господ“(Мт.25,23). Не го прашал: „Зошто од нив не направи десет таланти? Како што гледаш чедо мое, ако си добил многу од Бога, и многу ќе ти бара. Према тоа, оној кој добил голема благодат, нема право да го презира или осудува оној кој ја нема, или оној што нема да се жали зошто Бог не му дал голема благодат. Но, оној кој има голема благодат, мора да биде трпелив во однос на оној што нема, мора да ги носи сите негови телесни и душевни слабости, и со расудување да го управува во духовниот живот.

Размислувајќи на тој начин чедо мое, мораме да заклучиме дека: „ без Бога неможеме ништо да направиме“ (Јн.15,5), „ И ако Господ изѕида куќата, залудно ќе се трудат нејзините градители(Пс.126,1). Треба да бараме, да ја добиеме дар на духовно знаење, со расудување. Бидејќи, се што гледаме со нашите очи како добро, ќе ни се покаже како лошо. Ќе видиме дека тоа што ни изгледа како мед е отров. Расудувањето гледа, вагата мери, додека пак знаењето ѓи уништува гордите помисли и секоја злоба. Смирението сето тоа го собира во едно, додека пак благодата и љубовта го чува, бидејќи љубовта е круна на сите добра.

Заради неа Исус дојде на земјата и беше распнат, за да ни ја открие Својата голема љубов спрема нас, неговите созданја.
Нека Му е слава и чест во сите векови. Амин.  

 Подготви: Звонко Алексов

 Посети:{moshits}