3.angeli.so.truba

 

 

ТАА Е И НАША МАЈКА

Богородичниот пост е пројава на нашата љубов кон личноста на Пресвета Богородица, нашата потреба за лично исцеление и нашиот копнеж кон Бога. Останатото се отстапувања и оддалечувања што дури не е нужно ни да ги анализираме. Спасението го опфаќа целиот живот на човекот. Кога говориме за црковниот пост, зборуваме за смирување на сетилата, за телесениот пост, бдението, молитвата, лишувањето од некои материјални добра и насладување со небесните задоволства. Аскезата е вакцина со која ја победуваме болеста на страстите. Воздржувањето од сетилните наслади го претвора човекот во праобраз на Младоженецот и тој станува подобен на ангелите и светителите.
Постиме за да им кажаме „Не“ на земните наслади и „Да“ на небесните работи. Постиме од љубовен копнеж кон Небесното.Постиме за да станеме небесни жители.

Многу пати луѓето си мислат: „Не ги осудувам другите, затоа и не мора да постам“. Духовната борба не е одреден вид на шема. Едно е да се трудиме во аскетизмот во зависност од нашите сили, а сосема друго е да го правиме тоа што нам ни е угодно и да си го претвараме постот во религиозно задолжение за да си го оправдаме сопствениот егоизам.

Зборовите од типот „Постам како што сакам, верувам како што сакам,не ни е потребно ова и тоа“ зборуваат за несовршена љубов. Љубовта кон Бога не спаѓа во обрасци,проценки и шеми.Или сакаме или не сакаме. Или сакаме да се спасиме или не сакаме.

Петнаесетте дена на постот се како чекори што ги искачуваме за да стигнеме до Богородица и да и се помолиме на Неа, затоа што таа е и наша мајка. Се молиме на Пресвета Богородица затоа што таа ни е потребна. Без Неа, ние сме сирачиња и беспомошни. Таа е Онаа која може да го побара и измоли нашето спасение од нејзиниот Син. Таа е Онаа која како нежна мајка ја прифаќа и лекува секоја човечка болка.

Се молиме на Светата Богородица за покајание. Не за здравје и долг живот, ниту за материјални добра и друго. Ние сакаме спасение, а како тоа ќе се случи,Господ ќе пресуди - со здравје, искушенија, болка, крст, благослов..Начинот на кој Бог не спасува е Негов начин.

Потребна ни е Богородица за нашата немоќ да стане сила,нашите солзи да станат насмевка,а нашето паѓање да стане воскресение.

Одиме во храмот во деновите на постот за да ја сретнеме и да потонеме во Нејзината прегратка. Да заплачеме, да извикаме, да и кажеме сè. Да и го дадеме нашето рането срце, да и побараме прошка, затоа што ја повредивме со нашите гревови. И таа, како наша мајка, ќе ни помогне.

Одиме во храмот за да извикаме: „Мајко, јас сум во болка. Твоето дете страда. Те молам помогни ми. Ми требаш…".

Пресветата Богородица е прекрасен цвет во светот и на Небесата. Преку нашите односи со Неа повторно стануваме деца и ова ни помага многу во духовниот живот. Тој прекрасен налет од детството повторно избувнува кај нас, кога ако падневме, нашиот прв збор беше најдобриот повик: „Мамо!“.

Колку убава песна, како сончев зрак во темните одаи на нашето срце! "Те имаме како наш посредник пред милостивиот Бог, не изобличувај ги моите дела пред ангелите,но Те молам, Богородице,брзо помогни ми."

Автор: отец Спиридон Скутис

Извор
undefined

 

Избор од фб профил на

Simeon Stefkovski