HRISTOS.kp.prekrasen

Светоотечки поуки за смирението

Св. Григориј Богослов
† На смирените им се дава опростување на гревовите.

Св. Григориј Синаит
† Кога ѓаволот гледа дека некој живее плачејќи, тој таму не пребива, затоа што се плаши од смирението што доаѓа од плачот.

Св. Димитриј Ростовски
† Биди така смирен, како што си создаден смирено од Бога.

Авва Исаија
† Смирение е да мислиш за себе дека си грешник и дека ништо добро не правиш пред Бога.

Св. Исаак Сирин
† Има смирение поради страв Божји, а има и смирение од љубов кон Бога.

Св. Јован Златоуст
† Кој се правда пред Бога, нечист е, макар и да е посвет од сите луѓе; напротив, оној кој себеси се смета за последен меѓу сите, станува праведен. † Покајанието го обновува паднатиот; плачот заради гревовите чука на небесните врати, а смирението ги отвора.

Св. Нектариј Егински † За да Го пронајдете Господа, смирете се себеси до прав, зашто Господ се гнаси од гордите, додека ги љуби и посетува смирените по срце. Затоа и вели: „Но, на кого ќе погледнам? На оној кој е со смирен дух и кој трепери од моите зборови“ (Ис. 66,2). Чувај ја својата душа брате, тоа е единсвениот имот кој е твој, сето останато не е твое, се мораш да оставиш кога повик од небото ќе ти дојде, само својата душа ќе ја земеш и на судот Божји ќе ја изнесеш, да се види каква е, дали е црна или бела, и какви и се делата.

Измивај ја душата со молитва и пост и милостиња како што ја переш кошулата твоја. Со валкани алишта не се оди на веселба. Така и ангелите Божји нема да ни дадат да влеземе валкани во Царството на светлината и мирот.

Отиди на гробиштата и погледни каде се фрла нашата слава и богатство и убавите јадења и облека, и сите останати задоволства заради кои Бог и душата сме ја изгубиле! (св. Николај Велимировиќ)

 Извор фб профил на

Александар Свирски

 

 

Друго: